Рузмарин
Од Википедија
| Rosmarinus | ||||||||||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Обичен рузмарин Rosemarinus officinalis
|
||||||||||||
| Научна класификација | ||||||||||||
|
||||||||||||
| Видови | ||||||||||||
Рузмарин, односно Rosmarinus, е мал род во кој припаѓаат дрвенести многугодишни растенија со зимзелени игловидни листови кои имаат многу пријатен мирис и арома. Овој род е дел од фамилијата на усноцветни растенија и потекнува од медитеранскиот регион.
Постојат само два вида во овој род - R. officinalis (или обичен рузмарин), распространет во медитеранскиот регион и R. eriocalyx, кој потекнува од северозападна Африка и јужна Шпанија. Последниот се разликува од добро познатиот обичен рузмарин по неговите помали листови кои се долги само 5-15 mm и широки помалку од 2 mm, како и по погустите влакнести цветни дршки. Тој е и понизок по раст, често под 25 cm, и никогаш не достигнува височина од 1 m (R. officinalis достигнува и до 1,5 m, понекогаш и до 2 m).