Андреј Вознесенски
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (октомври 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Роден(а) | 12 мај 1933 |
|---|---|
| Починал(а) | 1 јуни 2010 |
| Занимање | поет, писател |
|
Влијанија од
|
|
Андреј Андреевич Вознесенски (руски: Андре́й Андре́евич Вознесе́нский) (роден на (12 мај 1933 година во Москва - починал на 1 јуни 2010 во Моска) бил руски поет и писател кој според Роберт Лауел беше „еден од најголемите живи поети на било кој јазик во светот“. Целиот свој живот го помина работејќи во Москва.
Содржина |
[уреди] Биографија
Во раниот период од својот живот, Андреј е фасциниран од сликарството и архитектурата и во 1957 година дипломира на Московскиот Архитектонски Универзитет. Неговиот ентузијазам за поезија, сепак се покажува како посилен. Додека е уште тинејџер, тој ги испраќа своите песни до Борис Пастернак; пријателството меѓу двајцата има силно влијание врз Вознесенски.
Неговите први песни се објавени во 1958 година и веднаш го прикажуваат неговиот оригинален стил, окарактеризиран со живата тендеција да "се вреднува" современиот човек преку модерни категории и слики, преку ексцентрични метафори, преку сложен ритмички систем и богати звучни ефекти. Владимир Мајаковски и Пабло Неруда најчесто се цитираат како поетите кои најдлабоко влијаат врз неговото творештво.
Во текот на 1960тите, за време на строгиот режим на Никита Хрушчов, Вознесенски редовно патува во странство: САД, Франција, Германија, Италија и неколку други земји се неговите најчести дестинации. Популарноста на Вознесенски, Јевгениј Јевтушенко и Бела Акмадулина ќе биде обележана со голем број нивни рецитации пред илјадници воодушевени слушатели на стадиони, во концертни сали и на факултети. Една негова збирка песни, "Antimiry" ("Анти-светови") ќе биде основа за една многу позната претстава изведена во театарот Таганка во 1965 година.
Пријателството на Вознесенски со голем број од тогашните видни писатели и уметници има свој одраз во неговата поезија и есеи. На пошироката публика и е познат најмогу по супер-хитот Милион скарлетни ружи напишан за Ала Пугачева во 1984 година и по особено успешната рок-опера Juno and Avos (1979), базирана врз животот и смртта на рускиот благородник Николај Резанов.
Во 1978 година Вознесенски ја добива Државната награда на Советскиот Сојуз, а шест години подоцна се закитува со Златниот венец на Струшките вечери на поезијата. Денес е почесен член на десет академии, меѓу кои Руската академија на учењето (1993), Американската Академија на Уметности и писма и париската Académie Goncourt.
[уреди] Издадени книги
[уреди] Збирки поезија
- Мозаика („Мозаик“, 1960)
- Парабола („Парабола“, 1960)
- Треугольная груша („Триаголна круша“, 1962)
- Антимиры („Анти-светови“, 1964)
- Ахиллесово сердце („Ахилово срце“, 1966)
- Тень звука („Тенот на звукот“, 1970)
- Взгляд („Поглед“, 1972)
- Соблазн („Искушение“, 1978)
- Избранная лирика („Избрана лирика“, 1979)
- Безотчётное („Инстинктивно“, 1981)
- Ров („Ров“, 1986)
- Casino „Россия“ („Казино Русија“, 1975)
- На виртуальном ветру“ („На виртуелен ветер““, 1975)
[уреди] Проза
[уреди] Надворешни врски
- Препеви на поезијата на Вознесенски. (англиски)
- Вознесенски на страницата на Московската библиотека. (руски)
- Песни на Вознесенски. (англиски) (руски)
|
||||||||||
