Вистан Хју Оден

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Златен венец Вистан Хју Оден
AudenVanVechten1939.jpg
Оден во 1939 г.
Роден 21 февруари 1907
Англија Јорк, Англија
Починал 29 септември 1973
Австрија Виена, Австрија
Занимање поет, есеист

Вистан Хју Оден (анг. Wystan Hugh Auden, W.H. Auden; 21 февруари 1907 - 29 септември 1973)) — англо-американски поет, за многумина еден од најголемите во текот на XX век.[1] Неговото творештво е значајно по стилистичките и технички достигнувања, по обработката на моралните и политички прашања, како и по разноликоста на тонот, формата и содржината.[2] [3] Централни теми во неговата поезија се искрената љубов, политиката и државјанството, религијата и моралот, како и односот меѓу човечките суштества и анонимниот, далечен свет на природата. Кон крајот на животот ја добил престижната поетска награда „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата.

Оден израснува во Бирмингем во добростоечко семејство од средната класа и чита англиска литература на Оксфорд. Неговите први песни, од крајот на 1920-тите и 1930-тите, наизменично се под влијание на мрачните модерни стилови и јасните традиционални и се пишувани со жесток и драматичен тон; со нив, Оден веднаш ја воспоставува својата репутација на левоориентиран социјален поет и пророк. Во доцниот период од 1930тите му станува непријатно да ја игра оваа улога поради што и сосема ја напушта во 1939 година, кога заминува за САД. Неговата поезија од 1940тите истражува религиозни и етички теми на понеемотивен начин во однос на првите дела, но сѐ уште комбинира нови форми измислени од самиот Оден со традиционалните форми и стилови. Во 1950тите и 1960тите многу од неговите поеми се фокусираат на начинот на кој зборовите ги откриваат и кријат чувствата и развива особен интерес во пишувањето на оперски либрета, форма која идеално му одговара за да искаже моќни чувства. [4]

Оден е исто така и плоден писател на прозни есеи и рецензии на литературни, политички, психолошки и религиозни теми, поради што неколку пати работи на документарни филмови, поетски драми и многу други уметнички облици. Во текот на неговиот живот Оден се здобива со приматите контроверзен и влијателен. По неговата смрт, неколку негови песни, особено "Погребен Блуз" ("Запрете ги сите часовници") и "1 септември 1939", стануваат особено популарни преку нивното често користење во филмови, преноси и низа популарни медиуми.[1]

Белешки[уреди]

  1. 1,0 1,1 Смит, Стен (2004). „Придружник од Кембриџ за В.Х. Оден“. Cambridge: Cambridge University Press. 
  2. Академија на Американски поети. „В. Х. Оден“. http://www.poets.org/poet.php/prmPID/120. 
  3. Бродски, Јосиф (1986). „Помалку од еден: избрани есеи“. Њујорк: Farrar, Straus and Giroux. стр. с. 357. 
  4. Фулер, Џон (1998). „В. Х. Оден: коментар“. Лондон: Faber and Faber. 

Надворешни врски[уреди]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со:

Погледнете ја листата на надворешни врски на веб-страницата на W. H. Auden Society.