Томас Шапкот

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Златен венец.svg Томас Шапкот
180px
Роден(а) 21 март 1935
Австралија Ипсвич, Австралија
Занимање поет, прозаист, драматург

Томас Шапкот (англиски: Thomas Shapcott; р. (21 март 1935) е австралиски поет, романописец, драматург, уредувач, либретист, раскажувач и учител.

Биографија[уреди]

Роден е во Ипсвич, Квинсленд каде и учи заедно со својот брат-близнак, роден еден ден пред него. Интересно е тоа што иако Томас е леворак, неговиот брат е деснак.

Првиот уметнички импулс во него е музичкиот - сака да стане композитор. Уште пред да наполни 19 години, веќе има искомпонирано неколку дела, но се откажува од музиката кога ќе открие дека еден негов жичан квартет, потсвесно плагијаризирал едно дело на Ернест Блох [1]. Потоа работи како даночен службеник, позиција на која ќе остане во следните 27 години.

Директор е на Одборот за Литература седум години, а извршен директор на Националниот Совет за книги во периодот од 1992-97. Професор е по креативно пишување на универзитетот во Аделаида.[2]

Има напишано 15 збирки поезија и 6 романи.

Во 1989 година го добива Златниот венец на Струшките вечери на поезијата, а во 2000 се закитува со највисокото литературно признание во Австралија - Наградата на Патрик Вајт.

Избрани дела[уреди]

Збирки поезија[уреди]

  • Time on Fire („Време на Огнот“)
  • The Mankind Thing („Човечкото нешто“)
  • Shabbytown („Напуштен град“)
  • Calendar („Календар“)
  • In the Beginning („На почетокот“)
  • Chekhov's Mongoose („Мунгосот на Чехов“; преведена и како „Гуската на Чехов“)
  • Spirit Wrestlers („Борачи на духот“)

Романи[уреди]

  • White Stag of Exile („Белиот мажјак на егзилот“)
  • Mona's Gift („Подарокот на Мона“)

Белешки[уреди]

  1. Џејсон Стегер, Убави желби од Патрик Вајт: $20,000 награда за човекот од писма, Sydney Morning Herald, 11 ноември 2000, стр.5.
  2. Епохата, источно издание, 25-26 март 2005, Рецензија, стр. 16.

Надворешни врски[уреди]