Хусто Хорхе Падрон
Од Википедија, слободна енциклопедија
| Роден(а): | 1 октомври 1943 |
|---|---|
| Занимање: | поет |
| Влијанија од: | Хуан Рамон Хименес |
Хусто Хорхе Падрон (шпан. Justo Jorge Padrón) (роден на 1 октомври 1943 година) e шпански поет, еден од најпреведуваните шпански поети од втората половина на дваесеттиот век [1].
Содржина |
[уреди] Живот
Роден е во Лас Палмас на Канарските острови, на 1 октомври 1943 година. Студира право, философија и литература во Барселона, по што седум години работи како адвокат. Сепак желбата да стане поет надвладува во него и Падрон се посветува на литературата. Дел од својот живот го минува на Скандинавскиот полуостров, каде се запознава со тамошната литература и станува голем толкувач на истата во тамошните земји. Денес живее и твори во Мадрид.
[уреди] Творештво
Има напишано дваесетина збирки поезија, главно во духот на лириката на Хуан Рамон Хименес и поетите од Генерацијата '27. Неговите дела се преведени на триесетина јазици и се читаат во повеќе од 57 земји. Во најголем дел од нив популарноста на Падрон е толку голема што тој се здобива со дваестина награди; меѓу нив се и почесната награда Fastenrath доделена од Шпанската академија и меѓународната награда на Шведската академија. Во 1990 година, Хусто Хорхе Падрон го добива и Златниот венец на Струшките вечери на поезијата.
Поезијата на Падрон се карактеризира со употреба на изненадувачки метафори и оригинална фантазија. Во неа шпанскиот јазик добива една нова перспектива, а силината на поетската визија се поистоветува со имагинацијата и самата философија на песната. Најчести мотиви кои се забележуваат во неговото творештво се носталгијата по детството, севременоста на љубовта и убавината, радоста на животот и светот, како и возвишеноста на создавањето.[1]
[уреди] Значајни дела
- Los oscuros fuegos („Темни огнови“, 1971)
- Mar de la noche („Морето попладне“, 1973)
- Los círculos del infierno („Круговите на пеколот“, 1976)
- El abedul en Hamas („Бреза во пламен“, 1978)
- La visita del mar („Посетата на морето“, 1984)
- Sólo muere la mano que te escribe („Умира само раката што ти пишува“, 1989)
[уреди] Белешки
- ↑ 1,0 1,1 Матеја Матевски, Десет века на шпанската поезија, МАНУ, Скопје, 2004, стр. 514-515.
[уреди] Надворешни врски
- Песни и биографија на Падрон. (шпански)
- Биографија на Падрон. (германски)
|
|||||||||||


