11 април

Од Википедија, слободна енциклопедија

Скокни на: навигација, барај
Мар - Април - Мај
п в с ч п с н
  1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30        
календар за 2008 г.
Сите дати

11 април е 101-иот ден во годината според григоријанскиот календар (102-и во престапна година). Остануваат 264 денови до крајот на годината.

Настани:

1713  Потпишан е Утрехтскиот мировен договор како дел од тринаесетгодишната Војна за шпанското наследство помеѓу речиси сите поголеми Европски сили од 18.век.
1919  На Мировната конференција во Париз е формирана Меѓународната организација на трудот.
1921  Првиот спортски радио-пренос. Се пренесувал боксерски меч помеѓу Џони Реј и Џони Данди во САД.
1945  Втора Светска војна: Американските војници го ослободија нацистичкиот концентрационен логор Бухенвалд.
1964  Фриц Фрелинг и Дејвид Депати ја лансирале серијата цртани филмови со Пинк Пантер и истата година освоиле Оскар за кус анимиран филм.
1991  Советот за безбедност на ОН го објави формалниот крај на Заливската војна, прифаќајќи го ветувањето од страна на властите во Ирак дека ќе платат за штетите од војната и ќе го уништат оружјето за масовно уништување.
1992  Регистриран е Македонскиот олимписки комитет (МОК), формиран на 20. март истата година. За прв претседател е избран д-р Васил Тупурковски.
1995  Во Скопје е формирано Здружението за примена на македонскиот литературен јазик во службената и јавната комуникација.

Родени:

1755  Џејмс Паркинсон, англиски лекар, ја открил болеста на нервниот систем наречена по него († 1824).
1981  Алесандра Амброзио, бразилски модел.
1987  Џос Стоун, англиска пејачка.

Починале:

1514  Донато Браманте, италијанскиот архитект.
1854  Карл Фон Базедов, познат германски лекар и научник.
1985  Енвер Хоџа, албански политичар и државник.
2007  Курт Вонегат, американски писател (р. 1922).


Јануари | Февруари | Март | Април | Мај | Јуни | Јули | Август | Септември | Октомври | Ноември | Декември
Лични алатки