Курт Вонегат

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Курт Вонегат
Kurt Vonnegut
200px
Курт Вонегат Џуниор
Роден(а) 11 ноември 1922
Индијанаполис, Индијана, САД
Починал(а) 11 април 2007
Њујорк, Њујорк, САД
Занимање Писател
Националност Американец
Период 1950-2005
Жанрови Сатира
Црн хумор
Научна фантастика

vonnegut.com

Курт Вонегат (англиски: Kurt Vonnegut) (11 ноември 192211 април 2007) бил американски писател, сатиричар и уметник.

Биографија[уреди]

Курт Вонегат е роден во Индијанаполис, а неговите родители имаат германско-американско потекло. Од 1941 до 1943 година е студент на Универзитетот Корнел и таму започнува како уредник на редакцијата за јавно мислење во студентскиот весник „Корнел Дневно Сонце“ (Cornell Daily Sun). Пред да ѝ се придружи на американската војска и да учествува во Втората светска војна, тој работи и како хемичар. Станува воен ветеран и поседува „Пурпурно срце“ (воен медал кој го доделува Претседателот на САД за воени заслуги). Токму искуствата од војната, неговиот престој во воен затвор, бомбардирањето на Дрезден итн, ќе бидат инспирација за неговото дело „Кланица пет“ (англиски: Slaughterhouse-Five).

По војната се запишува на универзитетот во Чикаго и дипломира на катедрата по антропологија. По завршувањето на факултетот заминува во Њујорк каде што работи односи со јавноста за Џенерал Електрик.

Од 1970 до 2000 година Вонегат живее во источен Менхетн со својата жена, познатиот фотограф Џил Кременц. На 31 јануари во неговиот дом избива пожар и голем дел од неговата лична архива е уништен. Самиот Вонегат е затекнат од огнот, но е хоспитализиран и преживува. Во 2000 година често се појавувал како гостин-професор на катедрата за литература во Смит Колеџот.

Курт Вонегат е хуманист и е почесен претседател на Американската Хуманистичка Асоцијација. Неодамна неговите колумни се објавуваа во магазинот „Во овие времиња“ (англ. In These Times), а во 2005 е објавена збирка на сите негови есеи наречена „Човек без држава“ (англ. A Man Without A Country).

Писателска кариера[уреди]

Неговиот прв расказ „Извештај за ефектот на шталата“ (англ. Report On the Barnhouse Effect) се појавува во 1950 година. Првиот роман „Свирачко пијано“ (Player Piano) (1952) се смета дека е напишан под влијание на неговата кариера во Џенерал Електрик бидејќи обработува дисутописка фантастична тема каде работниците се заменети од машини. Продолжува да пишува SF кратки раскази се до неговиот втор роман „Сирените на Титан“ (The Sirens of Titan) (1959). Во 1960 година неговиот стил се менува: од ортодоксен Сци-фи во прилагоден, полу-автобиографски стил кој го употребува во „Кланица пет“ каде експериментира со структурата користејќи патување низ времето како основа.

Овие структурни експерименти ги продолжува и во „Доручек на шампионите“ (Breakfast of Champions) (1973) каде се вклучени и многу сурови илустрации како и појавување на самиот автор.

„Ова е навистина лоша книга што ја пишуваш“- си реков самиот на себе
„Знам“-реков
„Се плашиш дека ќе извршиш самоубиство, исто како мајка ти“-реков
„Знам“-реков


Мајката на Курт Вонегат навистина извршила самоубиство кога тој бил во раните дваесетти. Тој имал обид за самоубиство во 1985 година, и потоа напишал неколку есеи на таа тема. Многу непријателски расположени критичари велат дека приказната е безоблична, но како и да е оваа книга е првиот бестселер на Вонегат. Се појавуваат многу воскреснати ликови како оној на Килгор Троут кој се провлекува во многу понатамошни романи на Вонегат, овој лик е во интеракција со ликот на авторот.

Иако и во иднина многу негови дела ќе имаат Сци-фи теми, сепак тие ќе бидат широко прифатени од публиката.

Уметничка кариера[уреди]

Курт Вонегат како графичар започнува со делото „Кланица пет“, а уште поподробно во „Доручек на шампионите“ каде има илустрации направени со маркер-фломастер и помалку груби слики. Во 90-сетите тој губи интерес за пишувањето и пофокусирано и се посветува на ликовната уметност. Користи сито-печат во соработка со Џое Петро Трети во 1990 година.

Семејство[уреди]

Курт Вонегат има шест деца (три негови и три посвоени). Две од неговите деца исто така издаваат книги: синот Марк Вонегат кој го издаде романот „Рајски експрес: Мемоар за лудоста“ (The Eden Express: A Memoir of Insanity) и ќерката Едит Вонегат која е уметник ја издаде книгата Домашни божици (Domestic Goddesses). Најмалата ќерка се вика Нанет. Имињата на посвоените деца се: Џејмс, Стивен и Курт Адамс и тие се всушнот негови внуци кои ги посвоил откако сестра му Алис умрела од рак.

Друго[уреди]

Вонегат основал свој продажен салон за коли наречен Сааб Кејп Код, но поради неговото лошо чувство за бизнис се нашол пред банкрот. Заради оваа своја авантура тој се шегува велејќи дека поради тој факт нема никогаш да добие Нобелова награда.

Еден астероид е наречен Вонегат, во негова чест.

Библиографија[уреди]

Романи

  • Свирачко пијано (Player Piano) (1952)
  • Сирените на Титан (The Sirens of Titan) (1959)
  • Мајката ноќ (Mother Night) (1961)
  • Мачешка лулка (Cat's Cradle) (1963)
  • Господ да те благослови г-дин Роузвотер (God Bless You, Mr. Rosewater, or Pearls Before Swine) (1965)
  • Кланица пет (Slaughterhouse-Five, or The Children's Crusade) (1969)
  • Доручек на шампионите (Breakfast of Champions, or Goodbye, Blue Monday) (1973)
  • Бурлеска (Slapstick, or Lonesome No More) (1976)
  • Затворска птичка (Jailbird) (1979)
  • Стрелецот Дик (Deadeye Dick) (1982)
  • Галапагос (Galápagos) (1985)
  • Синобрадиот (Bluebeard) (1987)
  • Хокус-покус (Hocus Pocus) (1990)
  • Времетрес (Timequake) (1997)

Раскази

  • Canary in a Cathouse (1961)
  • Welcome to the Monkey House (1968)
  • Bagombo Snuff Box (1999)

Есеи

  • Wampeters, Foma and Granfalloons (1974)
  • Palm Sunday, An Autobiographical Collage (1981)
  • Fates Worse than Death (1991)
  • God Bless You, Dr. Kevorkian (1999)
  • A Man Without a Country (2005)

Драми

  • Happy Birthday, Wanda June (1970)
  • Between Time and Timbuktu, or Prometheus Five (1972)
  • Make Up Your Mind (1993)
  • Miss Temptation (1993)
  • L'Histoire du Soldat (1993)

Филмски адаптации

  • Happy Birthday, Wanda June (1971)
  • Slaughterhouse-Five (1972)
  • Slapstick (1982)
  • Who Am I This Time? (1982)
  • Harrison Bergeron (1995) (TV)
  • Mother Night (1996)
  • Breakfast of Champions (1999)