Нобелова награда за литература

Од Википедија, слободна енциклопедија

Скокни на: навигација, барај
Рене-Франсоа-Арман Придом (1839–1907), француски поет и есеист е првиот добитник на Нобеловата награда за литература во 1901 година.
Рене-Франсоа-Арман Придом (1839–1907), француски поет и есеист е првиот добитник на Нобеловата награда за литература во 1901 година.

Нобеловата награда за литература (шведски: Nobelpriset i litteratur) е награда која се доделува секоја година, почнувајќи од 1901 на автор од некоја земја кој, според зборовите на Алфред Нобел од неговиот тестамент, го има напишано "најзначајното дело со идеалистички тенденции" (во оригинал на шведски: den som inom litteraturen har producerat det utmärktaste i idealisk riktning).[1] [2] "Делото" во овој случај се однесува на авторовиот опус, иако понекогаш се цитираат и поединечни дела. Шведската Академија одлучува кој, доколку и воопшто има некој, ќе ја прими наградата во соодветната година, а неговото име го објавува во почетокот на октомври.[3]

Изборот на Нобел да го вметне зборот "идеалистичко" или "идеално" (во македонски превод) како основен критериум при одбирањето на лауреатите е причина за многу контроверзии и несогласувања. (шведскиот збор idealisk може да се преведе и како "идеалистички" и како "идеален".[2]) Во почетокот на дваесеттиот век, Одборот за доделување на наградата се осврнува кон првото значење на зборот, и ова е единствената причина што автори од типот на Лав Толстој и Хенрик Ибзен не ја добиле Нобеловата награда. Сепак, во последно време, зборот е сфатен во многу послободното значење, па Нобеловата награда за литература се доделува и на писатели чии дела се од големо значење, но и на такви кои се залагаат за почитување на човековите права; вторава причина, за некои луѓе, е причина да се додаде и политичка конотација на наградите.[2] [4]

"Крунскиот момент во текот на церемонијата по повод доделувањето на наградата во Стокхолм е кога лауреатот истапува за да ја прими наградата од Неговото Височество - Кралот на Шведска. ... Пред очите на целиот свет, Нобеловиот лауреат прима три нешта: диплома, медал и документ кој го потврдува износот на наградата".[1]

Во последниве години, Шведската Академија е на удар на многу критичари. Некои сметаат дека многу светски познати автори не само што не ја добиле, туку и не биле номинирани за наградата, а според други, дел од лауреатите воопшто и не ја заслужуваат. Многу контроверзности се испреплетени и околу политичката димензија на процесот за номинирање и изборот на последните лауреати. [4]

Содржина

[уреди] Процедура на номинирање

Секоја година, Шведската Академија испраќа барања за номинации за Нобеловата награда за литература. Членовите на Академијата, членови на литературни академии и друштва, професори по јазик и литература, поранешни Нобелови лауреати, како и претседатели на друштва на писатели - сите тие имаат право да номинираат свој кандидат. Сепак, не е дозволено некој да се номинира себеси.[5]

Илјадници барања се пуштаат секоја година, но одвај пееесетина номинации се вратени. Овие предлози, Академијата ги прима до 1 февруари, по што Одборот почнува да ги разгледува. До април, Академијата го стеснува кругот на дваесетина кандидати, а до почетокот на летото, остануваат петмина. Останатите месеци се разгледуваат делата на можните добитници. Во октомври, членовите на Академијата гласаат; оној кандидат што ќе добие повеќе од половина од гласовите, е идниот лауреат. Во основа, процесот е ист како и при доделувањето на останатите награди.[6] Номинациите и предлозите, во принцип, се чуваат во тајност пеесет години, но некои од нив, ги откриваат (или тврдат дека ги знаат) медиумите.[7]

Вредноста на наградата варира, но денес изнесува точно 10 милиони шведски круни.[8] Добитникот на наградата добива и златен медал и диплома и е поканет да оддржи говор во текот на "Неделата на Нобел" во Стокхолм; церемнијата на доделувањето и банкетот се оддржуваат на 10 декември.[9]

[уреди] Заборавени автори и контроверзии

Нобеловата награда за литература има долга историја на контроверзии. Така, од 1901 до 1912 година, комитетот го дефинира барањето на Нобел во неговиот тестамент како желба да се награди делото што зрачи со "длабок и цврст идеализам", поради што Лав Толстој, Хенрик Ибзен, Емил Зола и Марк Твен никогаш нема да се закитат со признанието.[10] Во текот на Првата светска војна и непосредно по нејзиниот завршеток, комитетот негува политика на неутралност, доделувајќи им награди на писатели од земји што не учествувале во војната.[10]

Се смета дека лошо изработениот (иако добро продаван) превод на В. Х. Одн на книгата Vägmärken ("Обележја") на лауреатот за мир од 1961 година Даг Хамарскјелд, придружен од неколку реченици на Одн за време на едно негово предавање во Скандинавија, според кои Хамарскјелд бил хомосексуалец (исто како и поетот), му ги одземале шансите на Одн за добивање на наградата.[11]

Добитник на наградата за 1970 година, Александар Солжењицин, не присуствува на нејзиното доделување од страв дека СССР би го спречила неговото враќање (неговите дела таму циркулираат илегално, во облик на самиздати). Откако шведската влада одбива да го почести Солжењицин со јавна церемонија во московската амбасада, рускиот писател ја одбива наградата, коментирајќи дека условите поставени од Швеѓаните (кои преферирале посуптилна атмосфрера) се "навреда за самата Нобелова награда." Солжењицин не ја прифаќа ниту наградата, ниту паричниот фонд, се до 10 декември 1974 година, односно дури откако е протеран од Советскиот Сојуз.[12]

Во 1974 година, Греам Грин, Владимир Набоков и Сол Белоу се номинирани, но не и наградени, на сметка на заедничките лауреати Ејвинд Џонсон и Хари Мартинсон, и двајцата и самите членови на одборот. Белоу ќе ја добие Нобеловата награда во 1976; ниту Грин, ниту Набоков нема да бидат наградени до крајот на нивните животи.[13]

Хорхе Луис Борхес е исто така неколку пати номиниран за Нобелова награда, но, според Борхесовиот биограф Едвин Вилијамсон, Академијата не му ја доделила нему само поради неговата политичка дејност која, како што пишува во предговорот на Борхес: Живот, е комплексна од повеќе аспекти.[14] Шведскиот автор за деца Астрид Линдгрен е исто така заборавена, според некои критичари поради тоа што Академијата не покажува доволно почит кон литературата за деца.[15]

Наградата за Дарио Фо во 1997 година на почетокот се смета за "доста несериозна" од некои критичари, зашто на Фо, пред сѐ, се гледа како на актер и изведувач, и поради тоа што самиот тој е претходно цензуриран од Римокатоличката Црква.[16] Салман Ружди и Артур Милер често се меѓу фаворитите за добивање на наградата, но Нобелобиот одбор, нивните дела ги дефинира како "премногу предвидливи, премногу популарни."[17]

Академијата е исто така критикувана поради тоа што одбива да го поддржи Салман Ружди во 1989 година, кога ајатолахот Хомеини издава фатва во која наредува убиство на писателот; двајца членови на Академијата, се откажуваат од членството, по нејзиното одбивање да го поддржи Ружди.[18][19]

Изборот на добитникот за 2004, Елфриде Јелинек, наидува на протест од страна на еден виден член на Академијата, Кнут Алунд, кој активно не учествува во нејзината работа од 1996; Алунд се откажува од членството, велејќи дека избирањето на Јелинек предизвикува "непоправлива штета" за репутацијата на наградата.[18][19]

Конечниот избор на блискиот пријател на Ружди, Харолд Пинтер, за наградата во 2005 година, е одолговлечено за неколку дена, веројатно токму поради отказот на Алунд, но ова предизвикува нови контроверзии околу "политичката димензија" на наградата на Шведската Академија.[4] Проблемот со "политичка коректност" продолжува и во наредните две години, поради доделувањето на наградата на Орхан Памук и Дорис Лесинг.[20]

Уште неколку големи писатели кои биле номинирани но (за многумина незаслужено) не ја добиле Нобеловата награда се кријат во имињата на Бертолт Брехт, Антон Чехов, Олдус Хаксли, Џејмс Џојс, Роберт Фрост, Марсел Пруст, Ана Ахматова, Марина Цветаева и Вирџинија Вулф.

[уреди] Листа на досегашни лауреати

Табелата ги прикажува имињата на добитниците, како и јазикот на кои истите пишувале (што значи истиот се однесува на јазикот на кој се напишани нивните дела). (Извор: Нобеловата фондација.)

Година Име Националност Јазик/Јазици
1901 Сали Придом Франција Франција Француски
1902 Теодор Момзен Германија Германија Германски
1903 Бјернстерне Бјернсон Норвешка Норвешка Норвешки
1904* Фредерик Мистрал Франција Франција Окситански
1904* Хосе Ечегерај Шпанија Шпанија Шпански
1905 Хенрик Сјенкјевич Полска Полска Полски
1906 Ѓозуе Кардучи Италија Италија Италијански
1907 Радјард Киплинг Индија Индија
Обединето Кралство Обединето Кралство
Англиски
1908 Рудолф Криштоф Ојкен Германија Германија Германски
1909 Селма Лагерлеф Шведска Шведска Шведски
1910 Паул Хајзе Германија Германија Германски
1911 Морис Метерлинк Белгија Белгија Француски
1912 Герхарт Хауптман Германија Германија Германски
1913 Рабиндранат Тагоре Индија Индија Бенгалски
1914 Не е доделена. / /
1915 Ромен Ролан Франција Франција Француски
1916 Вернер фон Хајденштам Шведска Шведска Шведски
1917* Карл Адолф Гјелеруп Данска Данска Дански
1917* Хенрик Понтопидан Данска Данска Дански
1918 Не е доделена / /
1919 Карл Шпителер Швајцарија Швајцарија Германски
1920 Кнут Хамсун Норвешка Норвешка Норвешки
1921 Анатол Франс Франција Франција Француски
1922 Хакинто Бенавенте Шпанија Шпанија Шпански
1923 Вилијам Батлер Јејтс Република Ирска Република Ирска Англиски
1924 Владислав Рејмонт Полска Полска Полски
1925 Џорџ Бернард Шо Република Ирска Република Ирска Англиски
1926 Грација Деледа Италија Италија Италијански
1927 Анри Бергсон Франција Франција Француски
1928 Зигрид Ундсет Норвешка Норвешка Норвешки
1929 Томас Ман Германија Германија Германски
1930 Синклер Луис Знамето на САД САД Англиски
1931 Ерик Аксел Карлфелт Шведска Шведска Шведски
1932 Џон Голсворди Обединето Кралство Обединето Кралство Англиски
1933 Иван Бунин СССР СССР (во егзил) Руски
1934 Луиџи Пирандело Италија Италија Италијански
1935 Не е доделена. / /
1936 Јуџин O'Нил Знамето на САД САД Англиски
1937 Роже Мартен ди Гар Франција Франција Француски
1938 Перл Бак Знамето на САД САД Англиски
1939 Франс Емил Силанпе Финска Финска Фински
1940 Не е доделена. / /
1941 Не е доделена. / /
1942 Не е доделена. / /
1943 Не е доделена. / /
1944 Јоханес Вилхелм Јенсен Данска Данска Дански
1945 Габриела Мистрал Чиле Чиле Шпански
1946 Херман Хесе Германија Германија[21]
Швајцарија Швајцарија (од 1923 година)[21]
Германски
1947 Андре Жид Франција Франција Француски
1948 Т. С. Елиот Знамето на САД САД[22]
Обединето Кралство Обединето Кралство (од 1927 година)[22]
Англиски
1949 Вилијам Фокнер Знамето на САД САД Англиски
1950 Бертранд Расел Обединето Кралство Обединето Кралство Англиски
1951 Пер Лагерквист Шведска Шведска Шведски
1952 Франсоа Моријак Франција Франција Француски
1953 Винстон Черчил Обединето Кралство Обединето Кралство Англиски
1954 Ернест Хемингвеј Знамето на САД САД Англиски
1955 Халдор Лакснес Исланд Исланд Исландски
1956 Хуан Рамон Хименез Шпанија Шпанија Шпански
1957 Албер Ками Франција Франција Француски
1958 Борис Пастернак (ја одбива наградата)[1] СССР СССР Руски
1959 Салваторе Квазимодо Италија Италија Италијански
1960 Сен-Џон Перс Франција Франција Француски
1961 Иво Андриќ СФРЈ СФРЈ Српски/Хрватски
1962 Џон Стајнбек Знамето на САД САД Англиски
1963 Јоргос Сеферис Грција Грција Грчки
1964 Жан-Пол Сартр (ја одбива наградата)[2] Франција Франција Француски
1965 Михаил Шолохов СССР СССР Руски
1966* Шмуел Јосиф Агнон Израел Израел Хебрејски
1966* Нели Закс Германија Германија[23][24]
Шведска Шведска (од 1952 година) [23]
Германски
1967 Мигел Анхел Астуријас Гватемала Гватемала Шпански
1968 Јасунари Кавабата Јапонија Јапонија Јапонски
1969 Семјуел Бекет Република Ирска Република Ирска Англиски/Француски
1970 Александар Солжењицин СССР СССР Руски
1971 Пабло Неруда Чиле Чиле Шпански
1972 Хајнрих Бел Германија Германија Германски
1973 Патрик Вајт Австралија Австралија Англиски
1974* Ејвинд Јонсон Шведска Шведска Шведски
1974* Хари Мартинсон Шведска Шведска Шведски
1975 Еуџенио Монтале Италија Италија Италијански
1976 Сол Белоу Канада Канада[25]
Знамето на САД САД (од 1941 година)[26]
Англиски
1977 Висенте Алехандре Шпанија Шпанија Шпански
1978 Исак Башевис Сингер Полска Полска[27]
Знамето на САД САД (од 1943 година)[27]
Еврејски
1979 Одисејас Елитис Грција Грција Грчки
1980 Чеслав Милош Полска Полска
Знамето на САД САД (од 1970 година) [28]
Литванија Литванија (од 1992 година; почесно)[29]
Полски
1981 Елијас Канети Бугарија Бугарија [30]
Обединето Кралство Обединето Кралство (од 1952 година) [30]
Германски
1982 Габриел Гарсија Маркез Колумбија Колумбија Шпански
1983 Вилијам Голдинг Обединето Кралство Обединето Кралство Англиски
1984 Јарослав Зајферт Чешка Чехословачка Чешки
1985 Клод Симон Франција Франција Француски јазик
1986 Воле Сојинка Нигерија Нигерија Англиски
1987 Јосиф Бродски СССР СССР [31]
Знамето на САД САД (од 1977 година) [31]
Руски/Англиски
1988 Нагиб Махфуз Египет Египет Арапски
1989 Камило Хосе Села Шпанија Шпанија Шпански
1990 Октавио Паз Мексико Мексико Шпански
1991 Надин Гордимер Јужна Африка ЈАР Англиски
1992 Дерек Волкот Света Луција Света Луција Англиски
1993 Тони Морисон Знамето на САД САД Англиски
1994 Кензабуро Ое Јапонија Јапонија Јапонски
1995 Шејмус Хини Република Ирска Република Ирска[32] [33] Англиски
1996 Вислава Шимборска