Салваторе Квазимодо

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Салваторе Квазимодо
Salvatore Quasimodo 1959.jpg
Квазимодо во 1959 год.
Занимање Автор
Правец херметизам
Награди Нобелова награда за литература
1959

Салваторе Квазимодо ( Рагуза, 20 август 1901 - Неапол, 14 јуни 1968) е италијански поет чија поетика поаѓа од херметизмот. Добитник е на Нобеловата награда за литература во 1959 година. Во Фиренца стапува со контакт со групата што го подготвува весникот „Соларија“ и така ја објавува својата прва збирка песни „Води и земји“(1930). Во меѓувреме конечно се сели во Милано, каде што на конзерваториумот добива катедра за италијанска книжевност. [1]


Творештво[уреди]

Објавил и повеќе есеи меѓу кои „Поет и политичар“ и преводи на Хомер, Катул, Шекспир, Неруда. Подготвил и повеќе антологии.Во неговиот поетски опус се вбројуваат следниве дела:

  • „Потонатата обоа“(1932),
  • „Ерато и Аполон“(1936),
  • „Нови песни“(1942),
  • „Ден по ден“(1942),
  • „Животот не е сон“(1948),
  • „Лажно вистинско зелено“(1955),
  • „Неспоредлива земја“(1958).

Надворешни врски[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Преводи на литературни дела од автори кои добиле Нобелова награда, НИД„Микена“, Битола,2010