Орхан Памук

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Орхан Памук
Orhan Pamuk
Orhan Pamuk 2009 Shankbone.jpg
Орхан Памук, 2009 година
Занимање Новелист, Професор и писател
Период 1974 – денес
Правец Постмодерна литература
Награди Нобелова награда за литература
2006

orhanpamuk.net

Орхан Памук (турски: Orhan Pamuk) (роден на 7 јуни 1952 година во Истанбул, Турција) е еден од најпознатите турски писатели.[1]. Добитник е на Нобелова награда за литература во 2006 година.[2].


Биографија[уреди]

Орхан завршил на Роберт колеџ, во тоа време средно училиште, како и на Техничкиот универзитет во Истанбул. ?Во тој период започнал да се занимава со писателска дејност. Завршил новинарство на Истанбулскиот универзитет во 1977 година, а од 1985 до 1988 година учел на Универзитетот Колумбија во Њујорк, САД.

Во текот на 2005 година, од страна на две турски асоцијации бил обвинет за неговите тврдења во врска со Ерменскиот геноцид и убивањето на околу 30 000 Курди од страна на турските власти. За истото дело бил ослободен во 2006 година.

Творештво[уреди]

Денес, Орхан Памук е еден од најпопуларните турски писатели во светот,[3] кој има родадено над седум милиони копии од неговите книги, на педесет јазици.[4], кое дополнително го прави најпродаваниот писател во неговата земја.[5].


Награди и признанија[уреди]

На 25 декември 2013 година, во новата зграда на МНТ, на Орхан Памук му била врачена меѓународната книжевна награда која ја доделува скопската издавачка куќа "Табернакул".[6]

Наводи[уреди]

  1. Nobel in literature goes to Pamuk“, „MSNBC“, 13 октомври 2006 (конс. 29 јули 2008).
  2. „The Nobel Prize in Literature 2006“. http://nobelprize.org/nobel_prizes/literature/laureates/2006/. конс. 12 октомври 2006. 
  3. Kinzer, Stephen. „A Novelist Sees Dishonor in an Honor From the State“, „New York Times“, 15 декември 1998 (конс. 30 август 2008).
  4. Masumiyet Müzesi açıldı“, „Radikal“, 30 август 2008 (конс. 30 август 2008). „Romanları dünyada 58 dile çevrilen ve 7 milyondan fazla satan Orhan Pamuk...“
  5. En çok kazanan yazar kim?“, „Sabah“, 1 септември 2008 (конс. 2 септември 2008). (на Turkish)
  6. "Стотици чекаа за посвета до Памук и Ерофеев", Дневник, година XVII, број 5351, петок, 27 декември 2013, стр. 24.