Јасунари Кавабата

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Јасунари Кавабата

Биографија[уреди]

Јасуанари Кавабата (11 јуни 1899, Осака - 26 април 1972, Зуши, остров Хоншу, Јапонија) бил јапонски белетрист, добитник на Нобеловa награда за литература во 1968 година за раскажувачкото мајсторство, кои со фин усет ја изразувал суштината на јапонскиот дух.Кавабата бил член на Јапонската академија на уметностите (1954) и претседател на ПЕН-клубот (1948-1965).[1]

Раниот живот[уреди]

Кога наполнил две години, Кавабата останал сирак, одгледан од баба си и дедо си, кои наскоро умираат - „Дневник на шеснаесетогдишник“ (1925). Како студент дебатира во весникот „Шиншичо“(Нова мисла) во 1921 година, по што е поканет во списанието „Бунгеи Шунџу“(Литературни анализи) во 1923 година. Во 1924 година го завршува Токискиот универзитет каде што го изучил англиската и јапонската литература. Основач е на списанието „Бунгеи Џидаи“ (Литературна епоха), кое се издига во трибина на јапонската авангардна модерна литература.[1]

Дела и творештво[уреди]

Кавабата е автор на романи минијатурни, во кои реалното се меша со загодочното. Тие се израз на неговото страдање. Ја изучувал естетиката на класиците на будизмот. Расказите и романите на Кавабата постигнале успех како стегнатост на формата, така и по длабочината на сугестијата - „Танчерката на полуостровот Изу“ (1925). Во романите раскажувал за смртта и фаталноста на трагичната љубов - „Земјата на снегот“ (1935), „Илјада жерави“ (1949), „Гласот на планината“ (1954). Поврзувајќи ги истенчениот импресионизам и способноста да создава исклучително живи ликови, Кавабата е определен од литературната критика како сензуалист. Неговото творештво наоѓало рамнотежа меѓу јапонската и западната традиција. Животот го завршува со самоубиство.[1]

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 1,2 Преводи на литературни дела од автори кои добиле Нобелова награда, НИД„Микена“, Битола,2010