Т. С. Елиот

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Т. С. Елиот
T.S. Eliot, 1923.JPG
T. С. Елиот во 1923 од Лејди Отолин Морел
Занимање поет, драматург, литературен критичар
Високо образование Универзитет Харвард
Период 1915-1965
Правец модернизам
Значајни награди Нобелова награда за литература 1948

Потпис

Томас Стернс Елиот (англиски: T.S. Eliot; 26 септември 18884 јануари 1965) роден во САД, е англиски поет, драмски писател и книжевен критичар. Според некои, Елиот е најважниот поет кој пишувa на англиски јазик во XX век.[1] Пeсната која му ја донесува славата, Љубовната песна на Џ. Алфред Пруфрок (The Love Song of J. Alfred Prufrock), започната во 1910 година, а објавена во Чикаго во 1915 година, се смета за ремек-дело на модернистичкото движење. По ова следуваат Геронтион (Gerontion) (1920), Пуста земја (The Waste Land) (1922), Шупливи луѓе(The Hollow Men) (1925), Чиста среда (Ash-Wednesday) (1930), и Четири квартети (Four Quartets) (1945),[2] кои станаа едни од најпознатите песни напишани на англиски јазик. Познат е и по неговите седум драми, особено по Убиство во катедралата (Murder in the Cathedral) (1935). Добитник е на Нобеловата награда за литература во 1948 година.

Роден е во Сент Луис во Мисури. Подоцна оди на исток за да студира на Харвард. По дипломирањето, студира филозофија на Сорбона една година, по што добива стипендија за Оксфорд во 1914 година. Станува британски државјанин на возраст од 39 години. „Мојата поезија очигледно има повеќе заедничко со моите ценети современици во Америка, отколку со што било напишано во мое време во Англија“, ќе рече за неговата националност и нејзината улога во неговата работа. „Не би била тоа што е, и претпоставувам дека не би била толку добра ... ако бев роден во Англија, но не би била тоа што е и ако останев во Америка. Се работи за комбинација на нештата. Но по нејзините извори, по нејзините емотивни извори, доаѓа од Америка“. Откажувајќи се од неговото американско државјанство Елиот вели: „Мојот ум можеби е американски, но моето срце е британско“.[3]

Живот[уреди]

Млади години и образование[уреди]

Елиот потекнува од семејството Елиот, буржоаско семејство[4] по потекло од Нова Англија, кое се има преселено во Сент Луис, Мисури.[2] Неговиот татко Хенри Вер Елиот ( Henry Ware Eliot) (1843-1919), е успешен бизнисмен, претседател и благајник на Хидраулик-прес брик компани (Hydraulic-Press Brick Company) во Сент Луис. Елиот го смета својот град за заслужен за всадување на неговата литературна визија. „ Очигледно е, само по себе, дека Сент Луис влијаеше на мене подлабоко од која било друга средина кога и да било. Мислам дека има нешто во тоа да го поминеш детството покрај Големата река,нешто што не може да им се пренесе на оние за кои ова не е случај. Се сметам за среќен што сум роден тука, а не во Бостон, Њујорк или Лондон“.[5] Неговата мајка Шарлот Шамп Стернс (Charlotte Champe Stearns) (1843-1929), пишува поезија и работи како социјален работник, нова професија во раниот XX век. Елиот е последното од шесте преживеани деца. Кога се родил тој, неговите родители биле на 44-годишна возраст. Неговите четири сестри биле од 11 до 19 години постари, а неговиот брат осум години постар. За семејството и пријателите познат како Том, тој го носел името на неговиот дедо по мајка Томас Стернс.

Од 1898 до 1905 година, Елиот учел на Академијата Смит (Smith Academy), каде во рамките на неговите студии ги изучувал латинскиот, старогрчкиот, францускиот и германскиот јазик. Започнал да пишува поезија кога имал 14 години под влијание на Рабајат на Омар Кајам (Rubayat of Omar Khayyam) на Едвард Фицгералд (Edward Fitzgerald), превод на поезијата на Омар Кајам (Omar Khayyam). Тој има речено дека резултатите биле депримирачки и очајни, и дека ги уништил. Неговата најстара песна што преживеала, ненасловена лирика, датира од јануари 1905 година. Првата песна што ја има покажано некому е „Басна за оние што се гостат“ (A Fable for Feasters), напишана како училишна задача кога имал 15 години а објавена во Смит Академи Рекорд (Smith Academy Record), и подоцна во Харвард Адвокат (The Harvard Advocate), училишниот весник на Универзитетот во Харвард.[6]

По дипломирањето, Елиот престојува една подготвителна година на Академијата Милтон (Milton Academy) во Масачусетс, каде што се запознава со Скофилд Тејер (Scofield Thayer), кој подоцна ја објавува Пуста земја (The Waste Land). Студира филозофија на Харвард од 1906 до 1909 година, и дипломира за три наместо вообичаените четири години.[2] Френк Кермоуд (Frank Kermode) пишува дека најважниот момент во кариерата на Елиот пред дипломирањето бил во 1908 година, кога го открил „Симболистичкото движење во литературата“ (The Symbolist Movement in Literature) (1899) на Артур Симонс (Arthur Symons). Преку ова дело се запознава со Жил Лафорк (Jules Laforque), Артур Рембо (Arthur Rimbaud) и Пол Верлен (Paul Verlaine), а без Верлен, ќе напише Елиот, можеби никогаш немаше да слушнам за Тристан Корбиер (Tristan Corbiere). Тој има напишано дека книгата имала влијание врз текот на неговиот живот.[7] Харвард Адвокат (The Harvard Advocate) објавува некои од неговите песни, и тој станува доживотен пријател со Конрад Ејкен (Conrad Aiken), американски романсиер.

Откако работи како асистент по филозофија на Харвард од 1909 до 1910 година, Елиот се сели во Париз, каде од 1910 до 1911 година, учи филозофија на Сорбона. Посетува предавања на Анри Бергсон (Henri Bergson) и чита поезија со Ален Фурније (Alain-Fournier).[2][7] Од 1911 до 1914 година, тој е повторно на Харвард каде изучува индиска филозофија и Санскрит.[2][8] Во 1914 година доделена му е стипендија за Мертон Колеџ, Оксфорд (Merton College, Oxford). Прво го посетува Марбург, Германија, каде планирал да се вклучи во летната програма, но кога избувнува Првата светска војна наместо тоа оди во Оксфорд. Во тоа време толку многу американски студенти студираат на Мертон што Џуниор комон рум (the Junior Common Room) (Друштво на студентите што се на додипломски студии) поднесува предлог кој гласи „ова друштво трпи американизација на Оксфорд“, предлог кој е одбиен за два гласа откако Елиот ги потсетил студентите колку ѝ должат на американската култура.[9]

Елиот не останува во Мертон и по една година заминува. На пречекот на Новата 1914 година, тој му пишува на Конрад Ејкен: „Ги мразам универзитетските градови и универзитетските луѓе, кои се насекаде исти, со трудни жени, деца на сите страни, многу книги, и одбивни слики на ѕидовите... Оксфорд е многу убав, но не ми се допаѓа да бидам „мртов“.[9] До 1916 година тој ја завршува докторската дисертација на Харвард за Искуството и предметите на познавањето во филозофијата на Ф. Х. Бредли (Knowledge and Experience in the Philosophy of F.H. Bradley), за Ф. Х. Бредли,[10] но не успева да се врати за да ја одбрани.[2]

Брак[уреди]

Во писмо до Ејкен во доцен декември 1914 година, Елиот на возраст од 26 години пишува: „Многу сум зависен од жени (мислам од женско друштво)“.[11] За помалку од четири месеци, Тајер го запознава Елиот со Вивиен Хеј Вуд (,Vivienne Haigh-Wood) гуветнанта во Кембриџ. Се венчаваат во матично во Хемпстед (Hampsted) на 26 јуни 1915 година.[12]

По кратка посета на семејството во САД, Елиот се враќа во Лондон и предава на одредени места како Биркбек колеџ (Birkbeck College) на универзитетот во Лондон. Филозофот Бертранд Расел (Bertrand Russell) се заинтересирал за Вивиен во времето додека младенците престојувале на неговиот кат. Некои научници сметаат дека таа и Расел биле во врска, но наводите не биле никогаш докажани.[13] Во приватна белешка напишана во шеесетите години од неговиот живот, Елиот признава: „Дојдов до тоа да се убедувам себеси дека сум вљубен во Вивиен само затоа што сакав да ги запалам бродовите и да се осудам себеси да останам во Англија. И таа се убедуваше себеси (истот ака под влијание на [Езра] Паунд) дека ќе го спаси поетот ако го задржи во Англија. За неа бракот не донесе среќа. Мене пак, ме доведе до состојбата на умот од која произлезе „Пуста земја“.[14] (Нивната врска е тема на Том и Вив претстава од 1984 година, која во 1994 година е адаптирана за филм).

Предавања, Лојдс, Фабер и Фабер[уреди]

По заминувањето од Мертон, Елиот работи како учител, најмногу во Хајгејт Скул (Highgate School), приватно училиште во Лондон, каде предава француски и латински.[2] Помеѓу неговите ученици е и младиот Џон Бетџеман (John Betjemаn). Подоцна предава во Кралското граматичко училиште, Хај Вајкомб (Royal Grammar School, High Wycombe), и во државното училиште во Бакингемшир (Buckinghamshire). За да заработи повеќе, пишува критики на книги, а навечер дава дополнителни часови. Во 1917 година, зазема позиција во банката Лојд (Loyds Bank) во Лондон, каде што работи на странски сметки. На пат до Париз во август 1920 година, се запознава со писателот Џејмс Џојс и со уметникот Виндам Луис (Wyndham Lewis). Елиот вели дека Џојс му изгледал арогантен (Џојс во тоа време се сомневал во поетските способности на Елиот), но набргу потоа стануваат пријатели, Елиот го посетувал Џојс секогаш кога доаѓал во Париз.[15]

Во 1925 година, Елиот ја напушта работата во Лојдс за да ѝ се придружи на издавачката куќа Фабер и Гвајер (Faber and Gwyer) подоцна Фабер и Фабер (Faber and Faber), каде што останува до крајот на својата кариера и евентуално станува директор. Виндам Луис (Wyndham Lewis) и Елиот стануваат блиски пријатели, што резултира со Луисовата добро позната слика од Елиот изработена во 1938 година.

Преминување во англиканизам и британско државјанство[уреди]

На 29 јуни 1927 година, Елиот преминува од унитарианизам во англиканизам, а во ноември истата година се здобива со британско државјанство. Станува управник на неговата парохиска црква Св. Стефан, Глучестер Роуд, Лондон[16] (Saint Stephen's, Gloucester Road, London) и доживотен член на Друштвото на крал Чарлс Маченикот[17] (the Society of King Charles the Martyr). Посебно се идентификувал како англо-католик, прогласувајќи се за „класичар во литературата, ројалист во политиката и англо-католик во религијата“.[18][19]

Развод и преженување[уреди]

До 1932 година, Елиот веќе размислува да се раздели од жена си на одредено време. Кога му нудат од Харвард место на професор во Чарлс Елиот Нортон (Charlеs Eliot Norton) за академската година 1932-1933 тој прифаќа и ја остава Вивиен во Англија. По неговото враќање подготвува и формален развод избегнувајќи ги сите средби со неа, освен една, во периодот од неговото заминување за Америка во 1932 година до нејзината смрт во 1947 година. Вивиен е сместена во душевната болница Нортамберленд хаус (Northumberland House), Стоук Њуингтон (Stoke Newington) во 1938 година и останува таму сѐ до нејзината смрт. Иако сѐ уште биле во брак, Елиот никогаш не ја посетил.[20]

Од 1946 до 1957 година, Елиот живее на ист спрат со неговиот пријател Џон Дејви Хејворд (John Davy Hayward). Тој ги собира и архивира делата на Елиот, назначувајќи се себеси за „чувар на архивата на Елиот“.[21] Хејворд исто така ги собира стиховите на Елиот напишани пред Пруфрок, објавени по смртта на Елиот под името „Песни напишани во рана младост“. Кога веќе Елиот и Хејворд не живеат заедно во 1957 година, Хејворд ја задржува својата збирка од делата на Елиот и истата ја остава на Кралскиот колеџ во Кембриџ (King's College, Cambridg) во 1965 година.

На 10 јануари 1957 година, Елиот на возраст од 69 години се жени со Есме Валерија Флечер (Esmé Valerie Fletcher), која има 32 години. За разлика од првиот брак, Елиот ја познавал Флечер добро, бидејќи му била секретарка во Фабер и Фабер од август 1949 година. Тие ја држат нивната венчавка во тајност. Церемонијата е одржана во црква во 6 часот и 15 минути изутрина, само со родителите на неговата жена. По смртта на Елиот, Валерија го посветува своето време на зачувување на неговото наследство. Таа ги редактира и анотира „Писмата на Т.С. Елиот“ (The Letters of T. S. Eliot) и препис од првата верзија на „Пуста земја“. Во раните 60ти години, со дотогаш нарушено здравје, Елиот работи како уредник за Веслиан јуниврзити прес (Wesleyan University Press), во потрага по нови поети од Европа за издавање на нивните дела.[22]

Смрт и почести[уреди]

Елиот умира од емфизем во Лондон на 4 јануари 1965 година. Долги години пред тоа има здравствени проблеми предизвикани од прекумерно пушење, а често страдал и од бронхитис и тахикардија. Кремиран е во Голдерс грин крематориум (Golders Green Crematorium). Во согласност со неговите желби, неговата пепел е однесена во црквата на Св. Мајкл во Ист Коукер (St Michael's Church, East Coker), селото од кое неговите предци емигрирале во Америка.

  • Спомен плоча го комеморира со цитат од неговата песна „Ист Коукер“: „Во мојот почеток е мојот крај. Во мојот крај е мојот почеток“ (In my beginning is my end. In my end is my beginning).
  • Во 1967 година, на втората годишнина од неговата смрт, Елиот е комемориран со ставање на голем камен на подот на Поетс корнер во лондонската Вестминстерска катедрала. Во каменот обликуван од дизајнерот Рејнолдс Стоун (Reynolds Stone), се впишани датумите на неговото раѓање и смрт, неговиот Орден за заслуги, и цитат од неговата песна "Литл Гидинг": "Тhe communication / Of the dead is tongued with fire beyond / the language of the living“.[23]

Поезија[уреди]

За поет со такво реноме, Елиот создаде релативно мал опус на поезија. Тој е свесен за ова во раните години од неговата кариера. Му пишува на Џ. Х. Вудс (J. H. Woods), еден од неговите поранешни професори на Харвард: „Мојата репутација во Лондон е изградена врз мал број на стихови, а одржувана со печатење на две или три песни на година. Она што е единствено важно, е дека тие песни треба да претставуваат совршенство од нивен вид, за секоја од нив да претставува важен настан“.[24]

Обично Елиот првин ги објавувал неговите песни секоја посебно во списанија, во мали книги или памфлети, а потоа ги собирал во книги. Неговата прва збирка е „Пруфрок и други опсервации“ (Prufrock and Other Observations) (1917). Во 1920 година, тој објавува уште песни во „А сега ве молам“ (Ara Vos Prec) (Лондон) и „Песни“ (Poems): 1920 година (Њујорк), кои ги содржат истите песни (со различен редослед) освен што „Ода“ (Ode) во британското издание е заменета со „Хистерија“(Hysteria) во американското. Во 1925 година ги собира „Пуста земја“, песните во „Пруфрок“ и „Песни во еден том“ и ја додава „Шупливи луѓе“ (The Hollow Men) за да ја создаде збирката „Песни: 1909-1925“ (Poems: 1909–1925). Од тогаш па наваму тој го има надградено ова дело како „Собрани песни“ (Collected Poems). Исклучок се „Книгата на стариот Посум за практични мачки“ (Old Possum's Book of Practical Cats) (1939), збирка на хумористична поезија „Песни напишани во рана младост“, посмртно објавена во 1967 година и составена главно од песни објавени помеѓу 1907 и 1910 година во Харвард едвокат[25] (The Harvard Advocate) и „Пронајдоците на Марч Харе: Песни 1909-1917“ (Inventions of the March Hare: Poems 1909–1917), материјал кој Елиот немал намера никогаш да го објави, а се појавува по неговата смрт во 1997 година.

Љубовната песна на Џ. Алфред Пруфрок[уреди]

Во 1915 година Езра Паунд, надворешен уредник на списанието „Поетри“ (Poetry, Поезија), ѝ препорачува на Хариет Монро (Harriet Monroe) основачот на списанието да ја објави „Љубовната песна на Џ. Алфред Пруфрок“. Иако изгледа како ликот Пруфрок да е средовечен човек, Елиот ги пишува најголемиот број од песните кога има само 22 години. Нејзините сега славни воведни стихови, кои го споредуваат вечерното небо со „пациент опиен на болничка маса“ беа сметани за шокантни и навредливи, особено во време кога георгијанската поезија беше поздравена заради нејзините извори од романтичарските поети на XIX век. Песната го следи свесното искуство на Пруфрок (предадено преку „тек на свеста“ форма карактеристична за Модернистите), оплакувајќи ја неговата физичка и интелектуална инертност, изгубените можности во неговиот живот и недостатокот на духовен напредок, заедно со постојаната тема за неостварената телесна љубов. Критичките мислења се поделени на тоа дали нараторот го напушта своето престојувалиште за време на текот на нарацијата. Опишаните локации може да бидат интерпретирани како актуелни физички искуства, ментални преселувања или како симболички слики од потсвеста како на пример во рефренот „во собата жените идат и одат“ (In the room the women come and go). Врз структурата на песната особено влијае екстензивното читање на Данте Алигиери на италијански од страна на Елиот, и се повикува на бројни литературни дела, вклучувајќи го Хамлет и делата на француските симболисти.

Нејзиниот прием во Лондон може да се процени од една непотпишана критика во „Литературниот додаток на Тајмс“ (The Times Literary Supplement) од 21 јуни 1917 година: „Фактот што овие работи се случиле во умот на господинот Елиот сигурно дека е од најмала важност за кого било, дури и за него самиот. Сигурно е дека немаат никаква врска со поезија...“[26]

Пуста земја[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Пуста земја.

Во октомври 1922 година Елиот ја објавува Пуста земја во „Крајтирион“ (The Criterion, Критериум). Посветата на Елиот на il miglior fabbro („подобриот мајстор“) се однесува на значителната помош на Езра Паунд во редактирање и преобликување на песната од подолгиот ракопис на Елиот во скратената верзија што се објавува.[27] Напишана е во тежок период од личниот живот на Елиот, неговиот брак пропаѓа, и тој и Вивиен страдаат од нервни пореметувања. Песната често се чита како отсликување на разочарувањето на повоената генерација. Во годината на нејзино објавување, Елиот живее во Лозана, Швајцарија каде е на терапија и закрепнува од нервен слом. Таму го пишува последниот дел „Што кажа громот“ (What the Thunder Said), каде што често се споменуваат планини.[28] Пред да биде објавена песната како книга во декември 1922 година, Елиот се дистанцира себеси од нејзината визија на очај. На 15 ноември 1922 година тој во писмо до Ричард Алдингтон (Richard Aldington), вели: „што се однесува до „Пуста земја“ тоа е дело од минатото, далечно ако се прашувам јас, и сега се надевам на нова форма и стил“. Песната е позната по нејзината мрачна природа, нејзиното премин од сатира до пророштво, нејзините ненадејни промени на наратор, место, и време. И покрај ова стана мерило за модерната литература, поетски пандан на роман објавен истата година Улис на Џејмс Џојс. Помеѓу нејзините најпознати фрази се „Април е најсуровиот месец“ (April is the cruellest month), „Ќе ти покажам страв во грска прав“ (I will show you fear in a handful of dust) и „Шантих, шантих, шантих“ (Shantih shantih shantih), Санскритската мантра со која завшува песната.

Шупливи луѓе[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Шупливи луѓе.

Шупливи луѓе се појавува во 1925 година. За критичарот Едмунд Вилсон (Edmund Wilson) го означува „дното на фазата на очај и самотија дадени со толку ефективна експресија во Пуста земја“.[29] Станува збор за најголемата песна на Елиот од доцните 1920-ти. Слично како и во другите дела неговите теми се преклопувачки и фрагментарни: повоена Европа под Версајскиот договор (кој Елиот го презира), проблематиката на надежта и промена на верата, и неговиот пропаднат брак.[30]

Ален Тејт (Allen Tate) забележувајќи промена на методот на Елиот ќе напише „сите митологии исчезнуваат во Шупливи луѓе“. Ова е фрапантно тврдење за песна задолжена од Данте како ниедна друга песна од раните дела на Елиот, да се каже малку за модерната англиска митологија, „Стариот Гај Фокс“ (the ‘Old Guy [Fawkes]’) од Заверата со барут (the Gunpowder Plot) или конолијалните и аграрни митови за Џозеф Конрад (Joseph Conrad) и Џејмс Џорџ Фрејзер (James George Frazer), кои барем заради текстуална историја одекнуваат во Пуста земја.[31] Постојаната паралела помеѓу современоста и антиката која е толку карактеристична за неговиот митолошки метод се задржа во суптилна форма.[32] Шупливи луѓе содржи некои од најпознатите стихови[се бара извор] на Елиот,особено нејзиниот заклучок:

Вака на светот му доаѓа крај

Вака на светот му доаѓа крај
Вака на светот му доаѓа крај

Не со татнеж, ами со цвилеж.[33]

Чиста среда[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Чиста среда (песна).

Чистасреда e првата долга песна напишана од Елиот по неговото преминување во англиканизам во 1927 година. Објавена во 1930 година, се занимава со борбата што произлегува кога на оној кому му недостасувала верба ја добива. Понекогаш нарекувана „преобразителната песна“ на Елиот, таа е богато но двосмислено алузивна и се занимава со аспирацијата да премине од духовен пустош во надеж за спас на луѓето. Стилот се разликува во однос на поезијата која датира од пред неговото менување на религијата. Чиста среда и песните што следуваат се во пообичен, мелодичен и контемплативен метод.[се бара извор]

Многу критичари се особено ентузијасти кога станува збор за ова дело. Едвин Мјур (Edwin Muir) остана на мислењето дека станува збор за една од најтрогателните песни на Елиот, а можеби и најсовршената негова песна,[34] и покрај тоа што не беше добро прифатена од сите. Темелите на песната кои ги наоѓаме во православното христијанство вознемирија многу од посекуларните literati.[2]

Книгата на стариот Посум за практични мачки[уреди]

Во 1930 година Елиот објавува книга стихови за деца, Книгата на стариот Посум за практични мачки ("Стар Посум" [Old Possum] е неговиот прекар од Езра). Ова прво издание содржи илустрација на авторот на корицата. Во 1954 година, композиторот Ален Ровсторн (Alan Rawsthorne) смести шест од песните за симфонија и оркестар во дело насловено Практични мачки (Practical Cats). По смртта на Елиот книгата беше адаптирана како подлога за мјузиклот Мачки од Ендру Лојд Вебер (Andrew Lloyd Webber), прво поставена на сцената на лондонскиот Вест енд театар во 1981 година, а премиерно изведена на Бродвеј наредната година.

Четири квартети[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Четири квартети.

Елиот го сметал делото Четири квартети за негово ремек-дело, и токму тоа е делото кое му ја донесе Нобеловата награда за литература.[2] Се состои од четири долги песни, секоја првин посебно објавена: Бернт Нортон (Burnt Norton) (1936), Ист Коукер (East Coker) (1940), Драј Селвејџис (The Dry Salvages) (1941) и Литл Гидинг (Little Gidding) (1942). Секоја од нив има по пет дела. Иако не се лесни за карактеризирање, секоја од нив почнува со размислувања за географската локација во нејзиниот наслов, и секоја длабоко навлегува во природата на времето од некој важен аспект, теолошки, историски, физички, и неговата поврзаност со состојбата на луѓето. Секоја песна е поврзана со еден од четирите основни елементи: воздух, земја, вода и оган.

Бернт Нортон се запрашува за тоа што значи да се размислува за работите што можеле да бидат. Го гледаме скелетот на напуштена куќа, а Елиот си поигрува со идејата дека сите овие речиси неможни стварности се присутни заедно, невидливи за нас. Сите можни начини на кои луѓето би можеле да се шетаат низ еден двор, сведени на огромен танц што не се гледа, децата што не се таму се кријат во грмушките.

Чекорите оддекнуваат во сеќавањето

Врз преминот по којшто не појдовме
Кон вратата што никогаш не ја отворивме

Во градината со ружи.[35]

Ист Коукер (East Coker) го продолжува испитувањето на времето и значењето, фокусирајќи се во еден познат пасус на природата на јазикот и поезијата. Од темнина (од никаде) Елиот нуди решение: „И реков на својата душа, мирувај и чекај без надеж“ (I said to my soul, be still, and wait without hope).

Драј Селвејџис (The Dry Salvages) го разгледува елементот на водата преку слики на река и море. Се стреми кон тоа да ги скроти спротивностите: …„минатото и иднината / се освоени и помирени“.

Литл Гидинг (Little Gidding) (елементот на оганот) е најантологизиран дел од Квартетите. Искуството на Елиот како управник за време на ненадејното бомбардирање од воздух на Британија (The Blitz) ја засилува песната, и тој замислува дека го среќава Данте за време на германското бомбардирање. Почетокот на Квартетите ("Куќите .../Се однесени, уништени") стана насилно секојдневно искуство; од ова произлегува возбуда, во која за прв пат тој зборува за љубовта како движечка сила зад сето искуство. Од оваа позадина, Квартети завршуваат со тврдењето на Џулиан од Норвич (Julian of Norwich): "сѐ ќе биде во ред и / Најрзличните нешта ќе бидат во ред“ (all shall be well and / All manner of thing shall be well)".

Делото Четири квартети не може се разбере без да се свртиме кон христијанската мисла, традиција и историја.. Елиот зема од теологијата, уметноста, симболизмот и јазикот на личностите како Данте, и мистиците Св. Јован од Крстот (St. John of the Cross) и Џулиан од Норвич. „Подлабоката комуникација“ кон која се тежнее во Ист Коукер, „алузиите и шепотите на децата, болеста што мора да се влоши за да се најде лек“, и истражувањето кое неизбежно нѐ води дома, сѐ упатува на патеката на аџијата долж патот на посветувањето.

Драми[уреди]

Со важниот исклучок на неговото magnum opus, Четири квартети , „голем дел од неговата креативна енергија по Чиста среда Елиот ја насочува на пишување на драми во стихови, главно комедии или драми со избавителен крај. Долг период тој е критичар и обожавател на елизабетанската и јакобинската драма во стихови, за што сведочат неговите алузии на Вебстер (Webster), Томас Мидлтон (Thomas Middleton), Вилијам Шекспир (William Shakespeare) и Томас Кид (Thomas Kyd) во Пуста земја. Во едно предавање во 1933 година тој вели: „претпоставувам дека секој поет би сакал да мисли дека имал некаква директна општествена полза... Би сакал да биде нешто како популарен забавувач и да биде во можност да ги осмисли сопствените мисли зад трагична или комична маска. Тој би сакал да ги пренесе задоволствата од поезијата, не само на пошироката публика, но и на поголеми групи на луѓе колективно, а театарот е најдоброто место за да се направи тоа“.[36]

По Пуста земја (1922), тој пишува дека сега се стреми кон нова форма и нов стил. Еден од проектите што ги имал замислено е да напише драма во стихови со џез темпо, заедно со Свини (Sweeneу), лик кој се појавува во голем дел од неговите песни. Елиот не ја завршува драмата, но објавува одделно два дела од она што го напишал. Двете, Фрагмент од пролог (Fragment of a Prologue) (1926) и Фрагмент од агон (Fragment of an Agon) (1927) се објавени заедно во 1932 година како Атлетскиот Свини (Sweeney Agonistes). Иако Елиот нагласил дека ова не било замислено да биде едночинка, понекогаш се изведува како таква.[37]

Цереморијална претстава од Елиот наречена Карпа (The Rock) е изведена во 1934 година за бенефит на црквите во лондонската епархија. Поголемиот дел од претставата е направен со здружен труд, а на Елиот му се препишува само авторството на една сцена и хорот.[37] Џорџ Бел (George Bell), бискупот од Чичестер, имал важна улога поврзувањето на Елиот со продуцентот Е. Мартин Брауни (E. Martin Browne) за продукцијата на Карпа. Тој подоцна го замолува Елиот да напише уште една драма за Кантербершкиот фестивал во 1935 година. Оваа претстава, Убиство во катедралата, во која се зборува за смртта на маченикот Томас Бекет (Thomas Becket), е во поголема мера под контрола на Елиот. По ова тој работи на покомерцијални драми наменети за пошироката публика : Повторна средба на фамилијата (The Family Reunion) (1939), Коктел партија (The Cocktail Party) (1949), Поверливиот службеник (The Confidential Clerk), (1953) и Висок државник (The Elder Statesman) (1958). Бродвејската изведба во Њујорк на Коктел партија“ во1950 година ја доби Тони наградата (Tony Award) за најдобра претстава.

Книжевна критика[уреди]

Елиот даде значаен придонес и во областа на книжевната критика, силно влијаејќи врз школата на Нова критика. Иако донекаде самопотценувајќи се и потценувајќи ја својата работа (еднаш има речено дека неговиот критика е само „нус-производ“ на неговата „приватна поетска работилница“)[38], некои сметаат дека Елиот е еден од најголемите книжевни критичари на XX век. Критичарот Вилијам Емпсон (William Empson) еднаш има кажано: „не знам за сигурно колку од моите сопствени размислувања се всадени од Елиот, а не пак колку од нив се реакција против него или се вистински последица на погрешно читање на неговите дела. Тој претставува могу продорно влијание, можеби како она на источниот ветар.“[39]

Во неговиот критички есеј „Традицијата и индивидуалниот талент“ (Tradition and the Individual Talent), Елиот расправа за тоа дека уметноста мора да биде разбрана не во вакуум, туку во контекст на претходните уметнички дела: „Во чудна смисла (уметникот или поетот)...мора неизбежно да биде проценет преку стандадите од минатото“.[38] Овој есеј претставуваше едно од најважните дела на школата на Новата критика. Конкретно, есејот ја воведе идејата дека вредноста на едно уметничко дело мора да се гледа во контекст на сите претходни дела, „симултан ред“ на делата. Исто така важна за Новата критика беше идејата, изразена во есејот на Елиот „Хамлет и неговите проблеми“ (Hamlet and His Problems) [40] на „објективен корелатив“, која ја постулира врската помеѓу зборовите на текстот и настаните, состојбите на умот и искуствата. Оваа мисла признава дека песната значи она што го вели, но сугерира дека може да постои не-субјективна проценка базирана врз различни, но можеби резултатски логични, интерпретации на едно дело од страна на различни читатели.

Поопшто, Новите критичари се поведуваат по Елиот кога станува збор за неговите „класични“ идеали и неговата религиска мисла. Неговото внимание врз поезијата и драмата од раниот седумнаесети век, неговото омаловажување на Романтичарите, особено на Шели (Shelley), неговиото тврдење дека добрите песни не претставуваат „пресвртливо ослободување на емоција, туку бегство од емоција“, и неговото настојување на тоа дека „поетите...во денешно време мора да бидат проблематични“.[41]

Есеите на Елиот беа важен фактор во оживувањето на интересот за метафизичките поети. Елиот особено ја ценел способноста на метафизичките поети да го прикажат искуството како психолошко и сензуално, во исто време вдахнувајќи му на ова прикажување, од гледна точка на Елиот, духовитост и уникатност. Есејот на Елиот „Метафизичките поети“ (The Metaphysical Poets) освен тоа што ѝ дава ново значење и внимание на метафизичката поезија, ја воведува неговата, сега добро позната, дефиниција за „унифицирана сезибилност“,"[42] за која некои сметаат дека има исто значење со терминот „метафизичко“.[43]

Неговата песна од 1922 година, Пуста земја[44], за која во времето на нејзино објавување многу критичари веруваа дека е шега или лага,[45] исто така може да се разбере подобро ако се земе предвид неговата работа како критичар. Тој тврди дека еден поет мора да пишува „програмска критика“, т.е. дека еден поет би требало да пишува во полза на сопствените интереси, а не за да ја подобри „историската образованост“. Гледано преку критичкиот поглед на Елиот, Пуста земја повеќе го изразува неговиот личен очај во врска со Првата светска војна, отколку објективното историско поимање на истата.[46]

Во 1946 година, Елиот станува член на група инаку составена од високо свештенство која изработувала билтен насловен како „Католисити“ (Catholicity', Католицизам) објавен во 1947 година како прилог кон процесот кој резултира со Извештајот на Црквата на Англија за Доктрината (Church of England's Report on Doctrine) (1948).

Во 1958 година, надбискупот од Кантербери го поставува Елиот во комисијата што го изгготвува Ривајзд Псалтер (The Revised Psalter,Ревидираниот псалтир)(1963). Лутиот критичар на Елиот К.С. Луис (C. S. Lewis), е исто така член на комисијата, таму нивниот антагонизам се претвора во пријателство.[47]

Критички прием[уреди]

Реакција на неговата поезија и книжевна критика[уреди]

За поезијата на Елиот критичарите отпрвин ќе кажат дека воопшто и не е поезија. Многу критичари ја напаѓаат неговата практика на широкораспространето испреплетување на цитати од други автори во неговата работа. „Белешки за Пуста земја“ (Notes on the Waste Land), дело кое следи по песната, го дава изворот на многу од нив, но не на сите. Елиот го брани својот стил велејќи дека е спас на традицијата во време на фрагментација и дека претставува составен дел од работата која го збогатува делото преку неочекуваното споредување. Други критичари ја осудуваат оваа практика како покажување на недостаток на оригиналност и плагијаторство. Истакнатиот критичар Ф. В. Бејтсон (F. W. Bateson) има објавено есеј наречен Т.С.Елиот: Поезија на псевдо-учење (T. S. Eliot: The Poetry of Pseudo-Learning). Елиот ќе напише во Света шума (The Sacred Wood): „Незрелите поети имитираат, зрелите крадат, лошите го изобличуваат она што го крадат а добрите поети го претвораат во нешто подобро или, во најмала рака, во нешто различно“.

Канадскиот академик Роберт Ијан Скот (Robert Ian Scott) посочи на тоа дека насловот на Пуста земја и некои од сликите се имаат претходно појавено во дело на не толку познат поет од Кентаки, Медисон Коваин (Madison Cawein) (1865–1914). Бевис Хилиер (Bevis Hillier) ги споредил стиховите на Коваин "… одат горе долу / околу неговиот антички портико (come and go/Around its ancient portico)" со стиховите на Елиот „… идат и одат / за Микелаџело разговор водат“ [48] (come and go / talking of Michelangelo). (Овие стихови на Елиот всушност се појавуваат во „Љубовната песна на Џ. Алфред Пруфрок“, а не во Пуста земја). „Пуста земја“ на Коваин се појавува во јануари 1913 година во Чикаго во списанието „Поетри“ (Poetry) (кое содржело натпис на Езра Паунд за лондонските поети). Но познавачите постојано изнаоѓаат нови извори за Пуста земја на Елиот, често на чудни места.

Многу негови познати колеги, писатели и критичари, му оддаваат почит. Според поетот Тед Хјуз (Ted Hughes), „Секоја година присуството на Елиот одново се наметнува, на едно подлабоко ниво, на публика која е изненадена што се наоѓа себеси попрочистена, повосхитена и попонизна“. Хју Кенер (Hugh Kenner) ќе рече: „Тој беше најнадарениот и највлијателниот книжевен критичар на англиски јазик на XX век“. Сепак други критичари не го поддржуваат ова гледиште.[49]

К.С.Луис (C. S. Lewis) смета дека книжевната критика на Елиот е „површна и ненаучна“. Во писмо од 1935 година до нивен заеднички пријател, Пол Елмер Мор (Paul Elmer More), Луис пишува дека ја смета работата на Елиот за „огромно зло“.[47] Во писмо до Елиот од 1943 година, Луис изразува и восхит заедно со антагонизмот кон неговите гледишта кога пишува: „Се надевам дека фактот што се наоѓам себеси како често ти противречам на писмено не те навредува; тоа е некој вид на почест за тебе, кога и да дојдам во судир со некое широкораспросрането современо гледиште за книжевноста, ми се чини дека секогаш дознавам дека ти си го изнел тоа гледиште најјасно што може. При напад човек прво нишани на офицерите“.[47]

Обвинувања за антисемитизам[уреди]

Опишувањето на Евреите во некои од песните на Елиот наведе неколку критичари да го обвинат за антисемитизам. Книгата што дава најсилни факти за антисемитизам во работата на Елиот е Т.С. Елиот, антисемитизам, книжевна форма на Ентони Џулиус (Anthony Julius) (1996).[50][51]

Постојат многу малку примери од раната поезија на Елиот што се окарактеризирани како антисемитистички. На пример, песната Геронтион содржи опис на земјопоседник кого Елиот го нарекува „Евреинот, газдата, клечи крај прозорското окно“. Исто така, песната Бурбенк со Бедекер: Блајстајн со пура (Burbank with a Baedeker: Bleistein with a Cigar) ги содржи редовите: „Стаори куп под столбовите тешки. / Евреинот стои зад сето тоа“. Џулиус ќе напише дека во оваа песна „антисемитизмот се гледа оддалеку“. Во Варено јајце (A Cooking Egg), Елиот пишува, „Црвенооките мршојадци се прикрадуваат/ Од Кентиш таун и Голдерс грин“ (Голдерс грин е претежно еврејско предградие на Лондон). Од друга страна пак, издавачот на „Геронтион“ и „Бурбенк“ Џон Родкер (John Rodker), и самиот е Евреин. Згора на тоа, Елиот му испраќа верзија на Геронтион на неговиот пријател Сидни Шиф (Sidney Schiff), исто така Евреин, за лектура и негов коментар пред издавање на делото. Третата „антисемитистичка“ песна Свини меѓу славејчињата (Sweeney Among the Nightingales), е објавена од пријателот на Елиот Леонард Вулф (Leonard Woolf) исто така Евреин. Ниту еден од овие луѓе не ги сметале песните за антисемитистички.[52]

Во серија предавања на Универзитетот Вирџинија во 1933 година, подоцна објавени под насловот По чудните богови: Буквар на модерната ерес (After Strange Gods: A Primer of Modern Heresy) (1934), Елиот пишува, со оглед на хомогеноста на културата, „она што е уште поважно (во општеството) е единството на религиска основа и причините произлезени од расата и религијата да се комбинираат за да ја направат која било голема група на слободоумни Евреи непожелна“.[53] Иако подоцна се одрече од книгата, не е јасно кои аспекти од книгата Елиот ги смета за навредливи и дали неговото одрекување е побивање на антисемититистичките коментари во книгата (кои се ограничени на неколку реченици од целата книга).

Еден од првите протести против Елиот на тема на антисемитизмот доаѓа во форма на песна од англо-еврејски писател и поет Емануел Литвиноф, прочитана за време на инаугурално читање на поезија за Институтот за современа уметност во 1951 година, на кое присуствува и Елиот.[54] Само неколку години по Холокаустот, Елиот преиздава стихови првично напишани во дваесетите години oд дваесетиот век, за „пари во крзно“ и „протозонска слуз“ во Блајстајновото „матно, испакнато око“ во неговите Одбрани песни (Selected Poems) од 1948, со што го разлутува Литвиноф (Litvinoff). Литвиноф ја чита неговата песна насловена „За Т.С. Елиот“, во преполна но тивка сала, завршувајќи со стиховите, „Нека твоите зборови / газат внимателно по ова европско тло / за да не протестираат коските на мојот народ“.

Настапи апсолутна и шокантна тишина. Кога завршив со читањето, Херберт Рид (Herbert Read) ми рече: „да знаев дека ќе прочиташ таква песна немаше никогаш да го дозволам тоа“ а јас си помислив: „и ти се нарекуваш некој анархист“. Потоа започна пеколот и посебно се сеќавам дека Стивен Спендер (Stephen Spender) стана и рече „како поет, Евреин колку што е и Литвиноф, јас сум запрепастен од овој несакан, незаслужен напад над мојот пријател Т.С.Елиот“ и така натаму, и така натаму...“ Изгледа дека Елиот бил слушнат како му промрморел на својот придружник со главата потпрена на стол „тоа е добра песна“.[54]

Леонард Вулф, сопруг на Вирџинија Вулф, кој и самиот бил Евреин и пријател на Елиот, сметал дека Елиот најверојатно бил „малку антисемитистички настроен на оној неразбирлив начин кој често се среќава. Тој би го одрекол ова прилично искрено“.[55] Во 2003 година, професор Роналд Шакрад (Ronald Schuchard) од Универзитетот Емори (Emory University) објави детали од претходно незнајни тајни писма од Елиот до Хорас Кален (Horace Kallen), кои откривааат дека во раните четириесети години од дваесетиот век Елиот активно им помагал на евреите бегалци од Германија и Австрија да се населат во Британија и Америка. Во писма напишани по војната, Елиот исто така изразува поддршка за израелската држава.[56]

Во 2009 година, Фабер го објавува вториот том од писмата на Елиот и го преиздава првиот том со 200 нови писма. Крег Рејн (Craig Raine), кој е еден од малкуте критичари кои се обиделе да го одбранат Елиот од обвинувањата за антисемитизам, пишува дека писмата откриваат дека некои од неговите допишувачи биле флагрантно антисемитисти, додека самиот Елиот бил повоздржан. Мајката на Елиот пишува:„ Имам инстиктивна антипатичност кон евреите исто како што имам за одредени животни“, додека пак неговиот правен и литературен застапник во Њујорк Џон Квин (John Quinn), пишува дека улиците се „преплавени....од сурија грозни Евреи, бедни, набиени, слични на животни“. Елиот му се жали на Квин дека му е здосадено од неговиот издавач во САД, Хорас Лајверајт (Horace Liverigh), кој е Евреин, и дека „ми е смачено да работам со Еврејски издавачи кои го одработуваат нивниот дел од договорот само ако се приморани на тоа“, иако потоа продолжува да пишува на сличен начин и за христијански издавачи: „Би сакал да најдам пристоен христијански издавач во Њујорк кому би можело да му се верува...“[57]

Награди[уреди]

Дела[уреди]

Поезија[уреди]

Драма[уреди]

Научно-стручна[уреди]

  • Христијанството и културата (1939, 1948)
  • Традицијата и индивидуалниот талент (1920)
  • Света шума: есеи за поезијата и критиката (1920)
  • Омаж на Џон Драјден (1924)
  • Шекспир и стоицизмот на Сенека (1928)
  • За Ланселот Ендрјуз (1928)
  • Данте (1929)
  • Одбрани есеи, 1917–1932 (1932)
  • Употребата на поезијата и на критиката (1933)
  • По чудни богови (1934)
  • Елизабетански есеи (1934)
  • Стари и модерни есеи (1936)
  • Замисла за христијанско општество (1939)
  • Избор на песни од Киплинг (1941) избор на Eliot, со есеј за Радјард Киплинг
  • Белешки кон дефиниција за култура (1948)
  • Поезија и драма (1951)
  • Трите гласови на поезијата (1954)
  • Границите на критиката (1956)
  • За поезијата и поетите (1957)

Постхумни публикации[уреди]

  • Да се критикува критичарот (1965)
  • Пуста земја: факсимилно издание (1974)

Критички изданија[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Collini, Stefan. "I cannot go on", The Guardian, November 7, 2009.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 2,8 Thomas Stearns Eliot, Encyclopaedia Britannica, accessed November 7, 2009.
  3. Hall, Donald. "The Art of Poetry No. 1", The Paris Review, Issue 21, Spring-Summer 1959, p. 25, accessed November 7, 2009
  4. Ronald Bush, T.S. Eliot: the modernist in history, (New York, 1991), p. 72
  5. Letter to Marquis Childs quoted in St. Louis Post Dispatch (15 October 1930) and in the address "American Literature and the American Language" delivered at Washington University (9 June 1953), published in Washington University Studies, New Series: Literature and Language, no. 23 (St. Louis: Washington University Press, 1953), p. 6.
  6. Hall, Donald. The Art of Poetry No. 1, The Paris Review, Issue 21, Spring-Summer 1959, accessed November 7, 2009.
  7. 7,0 7,1 Kermode, Frank. "Introduction" to The Waste Land and Other Poems, Penguin Classics, 2003.
  8. Perl, Jeffry M. and Andrew P. Tuck. "The Hidden Advantage of Tradition: On the Significance of T. S. Eliot's Indic Studies", Philosophy East & West V. 35 No. 2, April 1985, pp. 116–131.
  9. 9,0 9,1 Seymour-Jones, Carole. Painted Shadow: The Life of Vivienne Eliot, First Wife of T. S. Eliot, Knopf Publishing Group, p. 1.
  10. For a reading of the dissertation, see Brazeal, Gregory (Fall 2007). „The Alleged Pragmatism of T.S. Eliot“. „Philosophy & Literature“ 31 (1): 248-264. http://papers.ssrn.com/sol3/papers.cfm?abstract_id=1738642. конс. 17 јануари 2011. 
  11. Eliot, T. S. The Letters of T. S. Eliot, Volume 1, 1898-1922. p. 75.
  12. Richardson, John, Sacred Monsters, Sacred Masters. Random House, 2001, p. 20.
  13. Seymour-Jones, Carole. Painted Shadow: A Life of Vivienne Eliot. Knopf Publishing Group, 2001, p. 17.
  14. Eliot, T. S. The Letters of T. S. Eliot, Volume 1, 1898-192, p. xvii.
  15. Ellmann, Richard. James Joyce. pp. 492–495
  16. plaque on interior wall of Saint Stephen's
  17. obituary notice in Church and King, Vol. XVII, No. 4, February 28, 1965,−− p. 3.
  18. Specific quote is "The general point of view [of the essays] may be described as classicist in literature, royalist in politics, and anglo-catholic [sic] in religion," in preface by T.S. Eliot to For Lancelot Andrewes: essays on style and order, (1929)
  19. Books: Royalist, Classicist, Anglo-Catholic, May 25, 1936, Time
  20. Seymour-Jones, Carole. Painted Shadow: A Life of Vivienne Eliot. Constable 2001, p. 561.
  21. Gordon, Lyndall. T. S. Eliot: An Imperfect Life. Norton 1998, p. 455.
  22. Gordon, Jane. The University of Verse, The New York Times, October 16, 2005; Wesleyan University Press timeline, 1957
  23. http://www.tabathayeatts.com/Poets%20Corner.jpg
  24. Eliot, T. S. "Letter to J. H. Woods, April 21, 1919." The Letters of T. S. Eliot, vol. I. Valerie Eliot, ed. New York: Harcourt Brace, 1988, p. 285.
  25. „''T. S. Eliot: The Harvard Advocate Poems''. Retrieved 5 February 2007“. Theworld.com. http://www.theworld.com/~raparker/exploring/tseliot/works/poems/eliot-harvard-poems.html. конс. 3 август 2009. 
  26. Waugh, Arthur. The New Poetry, Quarterly Review, October 1916, citing the Times Literary Supplement June 21, 1917, no. 805, 299; Wagner, Erica (2001) "An eruption of fury", The Guardian, letters to the editor, September 4, 2001. Wagner omits the word "very" from the quote.
  27. Miller, James H., Jr. (2005). „T. S. Eliot: the making of an American poet, 1888-1922“. University Park, PA: Pennsylvania State University Press. стр. 387–388. ISBN 0-271-02681-2. 
  28. Wraight, John. The Swiss and the British. Michael Russell Publishing, 1987.
  29. Wilson, Edmund. "Review of Ash Wednesday," New Republic, August 20, 1930.
  30. See, for instance, the biographically oriented work of one of Eliot's editors and major critics, Ronald Schuchard.
  31. Grant, Michael (ed.). T. S. Eliot: the Critical Heritage. Routledge & Kegan Paul, 1982.
  32. " 'Ulysses', Order, and Myth", Selected Essays T. S. Eliot (orig 1923).
  33. Анчевски, Зоран. Т.С. Елиот: Песни (1909-1950). Магор, 2003
  34. Untermeyer, Louis. Modern American Poetry. Hartcourt Brace, 1950, pp. 395-396.
  35. Ѓузел, Богомил. Поезија (избор). Култура, 1964.
  36. Eliot, T. S. The Use of Poetry and the Use of Criticism, Harvard University Press, 1933 (penultimate paragraph)
  37. 37,0 37,1 Gallup, Donald. T. S. Eliot: A Bibliography (A Revised and Extended Edition), Harcourt, Brace & World, New York, 1969.
  38. 38,0 38,1 „Tradition and the Individual Talent. Eliot, T. S. 1920. ''The Sacred Wood''“. Bartleby.com. http://www.bartleby.com/200/sw4.html. конс. 3 август 2009. 
  39. quoted in Roger Kimball, "A Craving for Reality," The New Criterion Vol. 18, 1999
  40. „Hamlet and His Problems. Eliot, T. S. 1920. ''The Sacred Wood''“. Bartleby.com. http://www.bartleby.com/200/sw9.html. конс. 3 август 2009. 
  41. Burt, Steven and Lewin, Jennifer. "Poetry and the New Criticism." A Companion to Twentieth-Century Poetry, Neil Roberts, ed. Malden, Massachusetts: Blackwell Publishers, 2001. p. 154
  42. „Project MUSE“. Muse.jhu.edu. http://muse.jhu.edu/journals/journal_of_modern_literature/v027/27.1baker.html. конс. 3 август 2009. 
  43. A. E. Malloch, "The Unified Sensibility and Metaphysical Poetry", College English, Vol. 15, No. 2 (Nov., 1953), pp. 95-101
  44. „Eliot, T. S. 1922. ''The Waste Land''“. Bartleby.com. http://www.bartleby.com/201/1.html. конс. 3 август 2009. 
  45. Draper, R. P. An Introduction to Twentieth-Century Poetry in English, 1999. p. 13
  46. „T. S. Eliot :: The Waste Land and criticism - ''Britannica Online Encyclopedia''“. Britannica.com. 4 јануари 1965. http://www.britannica.com/eb/article-2088/TS-Eliot. конс. 3 август 2009. 
  47. 47,0 47,1 47,2 Spruyt, Bart Jan. "One of the enemy: C. S. Lewis on the very great evil of T. S. Eliot's work", lecture to the conference Order and Liberty in the American Tradition, July 28–August 3, 2004, Oxford University, accessed November 7, 2009.
  48. Анчевски, Зоран. Т.С. Елиот: Песни (1909-1950). Магор, 2003
  49. Knowlson, J., Damned to Fame: The Life of Samuel Beckett (London: Bloomsbury, 1996), p 217
  50. Gross, John. Was T.S. Eliot a Scoundrel?, Commentary magazine, November 1996
  51. Anthony, Julius. T.S. Eliot, Anti-Semitism, and Literary Form. Cambridge University Press, 1996 ISBN 0-521-58673-9
  52. Eliot, T.S. The Letters of T. S. Eliot, vol. 1, pp. 312, 324; Woolf, Leonard. Beginning Again: An Autobiography, p. 242; Rajan, B (ed.). T. S. Eliot: A Study of His Writings by Several Hands. p. 140.
  53. Kirk, Russell. "T. S. Eliot on Literary Morals: On T. S. Eliot's After Strange Gods", Touchstone Magazine, volume 10, issue 4, Fall 1997.
  54. 54,0 54,1 Burman, Hannah. London's Voices, Museum of London, March 11, 1998, accessed November 7, 2009.
  55. Ackroyd, Peter, T. S. Eliot, Abacus, 1985, p. 304.
  56. Eliot, T.S. Modernism/Modernity. January 2003.
  57. Raine, Craig. "Was he anti-Semitic?", a review of Letters of T.S. Eliot, Volume I 1898-1922 and Letters of T.S. Eliot, Volume II 1923-1925, edited by Valerie Eliot and Hugh Haughton, Faber 2009, The Spectator, November 14, 2009.

Додатна библиографија[уреди]

  • Alldritt, Keith. Eliot's Four Quartets: Poetry as Chamber Music. Woburn Press, 1978.
  • Ali, Ahmed. Mr. Eliot's Penny World of Dreams: An Essay in the Interpretation of T.S. Eliot's Poetry, Published for the Lucknow University by New Book Co., Bombay, P.S. King & Staples Ltd., Westminster, London, 1942, pages 138.
  • Lal, P. (Editor), T. S. Eliot: Homage from India: A Commemoration Volume of 55 Essays & Elegies, Writer's Workshop Calcutta, 1965.
  • Forster, E. M. Essay on T. S. Eliot, in Life and Letters, June 1929.
  • Harding, W. D. T. S. Eliot, 1925-1935, Scrutiny, September 1936: A Review.
  • Brown, Alec. The Lyrical Impulse in Eliot's Poetry, Scrutinies vol. 2.
  • Ackroyd, Peter. T. S. Eliot: A Life. (1984)
  • Asher, Kenneth T. S. Eliot and Ideology (1995)
  • Brand, Clinton A. "The Voice of This Calling: The Enduring Legacy of T. S. Eliot," Modern Age Volume 45, Number 4; Fall 2003 online edition, conservative perspective
  • Bush, Ronald. T. S. Eliot: A Study in Character and Style. (1984)
  • Christensen, Karen. "Dear Mrs. Eliot," The Guardian Review. (29 January 2005).
  • Crawford, Robert. The Savage and the City in the Work of T. S. Eliot. (1987).
  • Dawson, J.L., P.D. Holland & D.J. McKitterick, A Concordance to 'The Complete Poems and Plays of T.S. Eliot'. Ithaca & London: Cornell University Press, 1995.
  • Gardner, Helen. The Composition of Four Quartets. (1978).
  • ---The Art of T. S. Eliot. (1949)
  • Hargrove, Nancy Duvall. Landscape as Symbol in the Poetry of T. S. Eliot. University Press of Mississippi (1978).
  • ---. T. S. Eliot's Parisian Year. University Press of Florida (2009).
  • The Letters of T. S. Eliot. Ed. by Valerie Eliot. Vol. I, 1898-1922. San Diego [etc.] 1988. Vol. 2, 1923-1925. Edited by Valerie Eliot and Hugh Haughton, London, Faber, 2009. ISBN 978-0-571-14081-7
  • Gordon, Lyndall. T. S. Eliot: An Imperfect Life. (1998)
  • Julius, Anthony. T. S. Eliot, Anti-Semitism, and Literary Form. Cambridge University Press (1995)
  • Kelleter, Frank. Die Moderne und der Tod: Edgar Allan Poe–T. S. Eliot–Samuel Beckett. Frankfurt/Main: Peter Lang, 1998.
  • Kenner, Hugh. The Invisible Poet: T. S. Eliot. (1969)
  • ---, editor, T. S. Eliot: A Collection of Critical Essays, Prentice-Hall. (1962)
  • Kirsch, Adam. "Matthew Arnold and T. S. Eliot", The American Scholar. Vol 67, Iss 3. Summer 1998
  • Levy, William Turner and Victor Scherle. Affectionately, T. S. Eliot: The Story of a Friendship: 1947-1965. (1968).
  • Maxwell, D. E. S. The Poetry of T. S. Eliot, Routledge and Keagan Paul. (1960).
  • Matthews, T. S. Great Tom: Notes Towards the Definition of T. S. Eliot. (1973)
  • Miller, James E., Jr. T. S. Eliot. The Making of an American Poet, 1888-1922. The Pennsylvania State University Press. 2005.
  • North, Michael (ed.) The Waste Land (Norton Critical Editions). New York: W.W. Norton, 2000.
  • Quillian, William H. Hamlet and the New Poetic: James Joyce and T. S. Eliot. Ann Arbor, MI: UMI Research Press (1983).
  • Raine, Craig. T. S. Eliot. Oxford University Press (2006).
  • Ricks, Christopher.T. S. Eliot and Prejudice. (1988).
  • Robinson, Ian "The English Prophets", The Brynmill Press Ltd (2001)
  • Ronnick, Michele Valerie, "Eliot's 'The Hollow Men'", The Explicator. Vol 56, Iss 2. (1998)
  • Schuchard, Ronald. Eliot's Dark Angel: Intersections of Life and Art. (1999).
  • Seferis, George. "Introduction to T. S. Eliot" in Modernism/modernity 16:1 ([1] January 2009), 146-60.
  • Seymour-Jones, Carole. Painted Shadow: A Life of Vivienne Eliot. (2001).
  • Sencourt, Robert. T. S. Eliot: A Memoir. (1971)
  • Spender, Stephen. T. S. Eliot. (1975)
  • Sinha, Arun Kumar and Vikram, Kumar. T. S. Eliot: An Intensive Study of Selected Poems, Spectrum Books Pvt. Ltd, New Delhi, (2005).
  • Spurr, Barry, Anglo-Catholic in Religion: T. S. Eliot and Christianity, The Lutterworth Press (2009)
  • Tate, Allen, editor. T. S. Eliot: The Man and His Work, First published in 1966 - republished by Penguin 1971.
  • Poems by T.S. Eliot and biography at PoetryFoundation.org
  • Text of early poems (1907-1910) printed in the Harvard Advocate
  • Yale College Lecture on T.S. Eliot audio, video and full transcripts from Open Yale Courses
  • Eliot's grave
  • T. S. Eliot's biographic sketch at Find A Grave
  • Дела од T. S. Eliot на проектот „Гутенберг“
  • Дела од или за Т. С. Елиот во разни библиотеки (каталог WorldCat) (англиски)

Надворешни врски[уреди]