Албер Ками

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Албер Ками
Западна философија
Филозофија на XX век

Фотографија на Албер Ками во 1957 година
Цело име Албер Ками
Школа апсурд
Нобелова награда за литература (1957)
Главни интереси Етика, хуманост, правда, љубов, политика
Значајни идеи

„Апсурдот е есентицијален концепт и прва вистина.“

„Секогаш оди подалеку, бидејќи таму ќе ја најдеш единствената вистина.“

Албер Ками (француски: Albert Camus; 7 ноември 19134 јануари 1960) — француски автор и филозоф, добитник на Нобелова награда за литература во 1957. Често асоцира на егзистенцијализмот и пред сѐ ја одбивал таа асоцијација, како што напишал во неговиот есеј, „Бунтовникот“, целиот негов живот бил посветен против филозофијата на нихилизмот. Неговата најважна реченица за иднината била: „Сите ние, кои се наоѓаме среде уништување, се подготвуваме да ги обележиме границите на нихилизмот. Но само неколку од нас го знаат тоа”. Ками преферирал да биде познат како човек мислител, отколку како член на училиште или идеологист. Тој истотака преферирал свои лични идеи. Во едно интервју во 1945, Ками одбивал секакви идеолошки асоцијации: „Не, јас не сум егзистенцијалист. Сартр и јас бевме секогаш изненадени кога гледавме дека нашите имиња се поврзани...”. Во неговата колекција од есеи „Венчавања” тој напишал дека е грчки син. Ками бил вториот млад добитник на Нобеловата награда за литература (по успехот на Радјард Киплинг), кога тој стана првиот роден африкански писател да ја прими наградата во 1957 година. Тој најкратко уживал во својата награда, бидејќи загинува во сообраќајна несреќа само 3 години по примањето на наградата.

Детство и младост[уреди]

Албер Ками е роден на 7 ноември 1913 година во Мондови, Алжир во Француско-Алжирско семејство. Неговата мајка беше Шпанска екстракција. Неговиот татко, Луциен, загина во Маринската битка во 1914 година за време на Првата светска војна. Ками живеел во сиромашни услови во своето детство. Во 1923 год бил примен во Универзитетот во Алжир. Како и да е тој се здобил со туберкулоза во 1930 која стави крај на неговите фудбалски активности (тој бил голман на универзиетскиот тим) и тоа го присилило да студира. Тој се вработил како приватен тутор и работел за метеоролошки институт. Ја завршил неговата лиценца-филозофијата во мај 1936 год. Тој успешно ги презентирал неговите теми за плотинус.

Ками се приклучил на француската комунистичка партија во пролетта 1935, најмногу поради политичката ситуација во Шпанија, потоа во поддршка за марксистико-ленински докторини. Во 1936 год независноста на Алжирската комунистичка партијa била откриена. Ками се приклучил во активностите на партијата на Алжирските луѓе, која го вовлекла во неволја со неговите комунистички искажувања кон партијата. Како резултат на тоа тој бил исфрлен од партијата во 1937 год. Ками заминал кон француското анархистичко уредување. Анархистот Андре Прудомо најпрво го претставил на Анархисичкиот студентски круг во 1948 год. Како нивен симпатизер, Ками започнал со пишување на анархистички публикации како „Слободата“, „Револуционерни, политички и солидарни обрера“ (obrera). Ками исто така бил со анархистите кога тие изразиле поддршка за подигање на Источна Германија во 1953, а бил со нив и во 1956, прво со подигањето на работничката класа во Познањ, Полска, и подоцна со Унгарската револуција.

Во 1934 год. се оженил со Симоне Хи, но бракот завршил со обострана согласност. Во 1935 го формирал Theatre du Travail – работничкиот театар кој опстанал до 1939. Од 1937 до 1939 тој напишал социјалистички весник, „Алжирска Република”, неговата работа ги вклучуваше лошите услови за живот на граганите кои живееја во Кабили. Од 1939 до 1940 тој напиша сличен весник. Тој беше одбиен од Француската армија поради туберкулозата. Во 1940, Ками се оженил со Франсин Форе, пијанистка и математичарка. Франсин му родила близнаци на 5 септември 1945 година, Катерина и Жан Ками. Истата година Ками започна да работи за Париз во ноќта (Paris-Soir) списанието. Во првиот дел од Втората светска војна, Ками бил пацифист. На 15 декември 1941 година, Ками бил сведок за егзекуцијата на Габриел Пери. Во таа година тој ги завршил неговите први книги: „Странецот” и „Митот за Сизиф”. Тој во 1941 година се вратил во Оран, Алжир.

Литературна кариера[уреди]

За време на војната Ками се придружил на група „Combat (Journal) “ на Францускиот антифашистики отпор, која објавила весник со истото име. Таа група работела против нациститите. Ками станал уредник на весникот во 1943 година. Кога сојузничките сили го ослободиле Париз во август 1944 година, Ками тоа лично го проследил и објавил. Тој бил еден од неколкуте француски уредници кои јавно го искажале своето незадоволство за атомската бомба во Хирошима . Tој се откажа од “Комбат” во 1947, кога весникот станал комерцијален.

Во 1949 година му се вратила туберкулозата и тешко се справувал со неа следните две години. Во 1951 го издава „Бунтовникот“, филозофска анализа на бутовништвото и револуцијата каде јасно ја искажува својата одбивност кон комунизмот. Книгата вознемирила многу од неговите колеги соработници во Франција, вклучувајќи го Сартр.

Идејата за апсурдот е неговиот најзначаен придонес во филозофијата. Според него апсурдот произлегува од човековата желба за јасност и значење во свет и состојба каде и двете недостасуваат. За тоа пишува во „Митот за Сизиф”, „Странецот” и „Чумата”.

Во 1950, Ками ги насочува своите идеи кон човечките права. Во 1952 дал отказ за УНЕСКО кога ООН ја прифатила Шпанија на чело со Генералот Франко како нејзин член. Во 1953 ги критикувa советските методи на репресија на работничкиот штрајк во Источен Берлин. Во 1956 протестирал против слични методи во Полска и советската репресија на Унгарската револуција во октомври.

Кога започнала алжирската војна во 1954, Ками бил соочен со морална дилема. Се идентификувал себеси како пје ноар (Pieds Noirs), и ги оправдувал француските акции против револтот.Сметал дека револтот е дел од амбицијата на Египет за арапски империјализам и антизападна офанзива организирана од Русија да наштети на Европа и да ги изолира САД. Иако фаворизирајќи поголема автономија за Алжир па дури и федерација, сепак не целосна независност, сметал дека французите во алжир (пје ноар) и арапите може да коегзистираат. Тајно, тој работел за алжирците кои биле осудени на смрт.

Oд 1955 до 1956, Ками пишувал за „Експрес”. Во 1957 бил награден со Нобелова награда во литературата “за неговата литература, која со јасна искреност ги отстранува проблемите на човековата свест во тие времиња. ”Кога зборувал со студентите од Универзитетот во Стокхолм, тој го бранел неговото видно неучество кон Алжирското прашање, искажувајќи дека е загрижен за тоа што може да се случи со неговата мајка која сѐ уште живеела во Алжир.

Во малиот град Вилеблевин во Франција Ками загинува во сообраќајна несреќа на 4 јануари 1960 година, на местото “Le Grand Fossard”. Во неговиот џеб имало неискористен билет за воз. Можно е тоа дека тој имал испланирано да патува со воз, но на крајот тргнал со кола.

Возачот на колата, Мишел Галимард, негов издавач и близок пријател исто така загинува во несреќата. По неговата смрт две негови дела биле објавени. Првото:„Срекна смрт“ објавено во 1970 година, со главниот лик Мерсо како во „Странецот“, но овде има дебата за врската помеѓу овие два расказа. Втората објава бил незавршен роман, „Првиот човек“, за што Ками почнал да пишува скоро пред неговата смрт. Романот била автобиографски труд за неговото детство во Алжир и бил објавен во 1955 година.

Кратка содржина за aпсурдот[уреди]

Надгробната плоча на Ками

Многу системи пишувале за апсурдот, со нивни претпоставки за тоа што всушност апсурдот означува и со нивни идеи за неговата важност. Како на пример, Сартр го препознал апсурдот од свои сопствени искуства, додека Кјеркегор објаснува дека апсурдот е вистинитоста за неколку религии кои не спречуваат рационално да веруваме во Господ. Ками го одбивал прекарот филозоф на апсурдот. Тој покажувал сѐ помалку и помалку интерес за апсурдот по објавувањето на „Митот за Сизиф”. За да се разликуваат идеите на Ками за апсурдот од идеите на другите филозофи, луѓето понекогаш мислат на парадоксот за апсурдот односно мислат за апсурдот на Ками.

Апсурдот кај Ками се појавува уште со првите колекции на есеите „Двете страни на парата” во 1937 година. Апсурдните теми се појавуваат со поголема сoфистикација во неговата втора колекција на есеи „Венчавања” од 1938 година. Во 1942 објавува расказ за човек кој живее апсурден живот, „Странецот”, и истата година го реализира и „Митот за Сизиф”. Крајната точка во односот на Ками спрема апсурдот се случува во колекцијата од четири писма кон анонимен германски пријател, пишувани помеѓу јули, 1943 и јули 1944 година. Првото било објавено во Revue Libre во 1943 , второто во Cahiers de Liberation во 1944 година, трето во весникот Слобода во 1945 година. Сите четири биле објавени како „Писма до германски пријател”, во 1945 и се појавиле во колекција со „Резистeнција, бунтовност и смрт“.

Идеите на Ками за апсурдот[уреди]

Во неговите есеи Ками презентира две спротиставености:среќата и тагата, темнината и светлината, животот и смртта, итн. Во митот оваа дуалност станува парадокс:

„Ние ги вреднуваме нашите животи и егзистенции, но во исто време знаеме дека евентуално можеме да умреме и нашите настојувања се бесмислени. Се додека можеме да живееме со дуализам (јас можам да прифатам периоди на несреќа, затоа што знам дека искуството на среќа ќе дојде), ние не можеме да живееме со парадоксот (мислам дека животот мој е од големо значење, но исто така и не е од големо значење).“

Во митот Ками бил заинтересиран како ние го искусуваме апсурдот и како живееме со него.

„Нашиот живот мора да има смисла за нас за да го вреднуваме. Ако прифатиме дека животот нема значење и не го вреднуваме, зар не треба да се самоубиеме?“

Мерсо, херојот на апсурдот од „Странецот” е убиец кој одговарал за своето злосторство. Разбирањето на Ками за апсурдот промовира многу јавни дебати.

„Ако ништо нема значење можеби си во право, но овде сепак постои нешто што има значење.” - второто писмо до германскиот пријател, декември 1943 година.

Одбрана библиографија[уреди]

Романи[уреди]

Раскази[уреди]

Вистински приказни[уреди]

Есеи[уреди]

Драми[уреди]

Колекциии[уреди]

Поврзано[уреди]

Забелешки[уреди]

  • [1] Внатрешни новели, 15 ноември 1945
  • [2] Актуелности III, Алжирски хроники, 1939-1958
  • [3] Интервју со Кетрин Ками

Надворешни врски[уреди]