7 ноември

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Шаблон:Ноември 2014 7 ноември е 311-иот ден во годината според григоријанскиот календар (312-и во престапна година). Остануваат 54 денови до крајот на годината.

Настани:

680  Започнал Шестиот Екуменски собор во Цариград. Главна одлука на соборот, кој траел до 16. септември 681. година, била дека Исус има двојна природа - човечка и божја, и со тоа биле побиени и прогласени за ерес тврдењата на монотелитистите дека има само божја природа.
1665  Започнал да излегува најстариот преживеан весник, „Лондон Газет“.
1917  (23. октомври по стариот календар) Во Петроград избувна социјалистичката револуција во Русија, подоцна наречена Октомвриска револуција.
1944  НОВ: Ослободен е Охрид
1995  Во хотелот „Мармора“ во Истанбул беше потпишан договор за формирање мешовит македонско-турски деловен совет. Советот е формиран со цел да ги разрешува сите пречки во трговската соработка меѓу Република Македонија и Република Турција.
2004  Во Република Македонија се одржа неуспешен референдум за отфрлање на предложената територијална организација на државата.

Родени:

630  Констанс II Ираклиј — византиски император.
1787  Вук Стефановиќ Караџиќ — реформатор на српскиот јазик и азбука.
1829  Марко Цепенков — македонски преродбеник и собирач на народни умотворби.
1867  Марија Склодовска - Кири — француски научник.
1879  Лав Троцки — руски революционер.
1888  Венката Раман — индиски физичар.
1903  Конрад Лоренц — австриски зоолог.
1913  Албер Ками — француски писател.

Починале:

644  Омар ибн ал-Катаб — вториот калиф на исламот.
1550  Џон Арасон — последниот римокатолички епископ на Исланд.
1817  Жан Андре Делик — швајцарски геолог и метеоролог.
1850  Феликс Арвер — француски поет и драматург.
1878  Абрам Рабинович — советски шахист.
1980  Стив Меквин — американски актер.
1992  Александар Дубчек — словачки политичар (р. 1921)


јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември