24 ноември

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Шаблон:Ноември 2014 24 ноември е 328-иот ден во годината според григоријанскиот календар (329-и во престапна година). Остануваат 37 денови до крајот на годината.

Настани:

1859  Првото издание на „За потеклото на видовите“ од Чарлс Дарвин излегло од печат и било распродадено истиот ден.
1936  Германија и Јапонија го потпишаа таканаречениот Антикоминтернски пакт, кој потоа го потпишаа и Италија, Манџурија, Унгарија, Шпанија и Албанија. Под Фирмата на овој пакт фашистичките земји го подготвуваа военополитичкиот сојуз, кој е санкциониран во 1940 година како „Троен пакт“.
1944  Во ослободеното Скопје, само десетина дена откако стивнаа последните улични борби, основан е првиот симфониски оркестар на денешната Македонска филхармонија. Имено во домот на Тодор Скаловски група музички вљубеници, од кои некои сѐ уште беа во партизански униформи, го формираа симфонискиот оркестар. На таа средба присуствуваа Васил Ѓаконов - Шпато, Тодор Календаров, Петар Трајков, Стефан Кралев, Александар Шалев, Фрањо Млчок, Херман Зип, Петар Симоновиќ и Душан Парлиќ.
1986  Заврши последниот дел на електрификацијата на пругата Скопје - Гевгелија со должина на електричната мрежа од 220 км. Електрификацијата почна на 05.01.1981 година.
1994  Во Скопје е отворена амбасадата на Руската Федерација.

Родени:

1729  Александар Суворовруски кнез и генералисимус.
1632  Барух Спиноза — холандски филозоф од еврејско потекло.
1864  Анри де Тулуз - Лотрек — француски сликар.
1891  Макс Аман — нацистички функционер.
1919  Вера Ацева — македонски партизан и народен херој на Југославија.
1927  Алфредо Краус — шпански тенор.
1938  Тахир Кадриу — македонски економист.
1949  Рахим Бурхан — македонски режисер.
1967  Октај Ахмед — македонски поет.
1983  Луис Леон Санчез — шпански велосипедист.
1985  Јулија Александрату — грчка манекенка, пејачка и актерка.

Починале:

1870  Лотреамон — француски поет.
1985  Љубен Лапе — редовен член на МАНУ и редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје.
1989  Благоја Нешковски — истакнат македонски режисер и писател.


јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември