20 ноември
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | ноември | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | |||||
| 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 |
| 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 |
| 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 |
| 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
20 ноември е 324-иот ден во годината според григоријанскиот календар (325-и во престапна година). Остануваат 41 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1959 | Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои Декларацијата за правата на детето, документ со кој се утврдени не само принципите за заштита на децата во светот, туку е и основан за помош на милиони деца. Со текот на годините со финансиска помош од Детскиот фонд се опремени многу здравствени центри во светот. |
| 1959 | Велика Британија, Норвешка, Шведска, Данска, Австрија, Португалија и Швајцарија во Стокхолм потпишаа Конвенција за формирање Европско здружение за слободна трговија (ЕФТА). |
| 1970 | Излезе првиот број на „Екран“, како седмичен колор прилог на весникот „Нова Македонија“ за ТВ, филм, радио и естрада. Од бр. 226 од 14 март, 1975 година излегува одделно од „Нова Македонија“ како ревија за РТВ, филм, сценски уметности и естрада. |
| 1991 | Во Скопје, во Собранието на Република Македонија, свечено е прогласен Уставот на Република Македонија, усвоен на 17.11.1991 година. |
| 1993 | Авион од типот „Јаковлев 42“ на македонската авиокомпанија „Авиоимпекс“ се сруши во близина на охридскиот аеродром. Во несреќата го загубија животот 115 лица . |
| 1995 | Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, стана полноправен член на Меѓународната Хелсиншка Федерација, беше речено на Годишното собрание на Меѓународната Хелсиншка Федерација во Истанбул. |
| 2001 | Во Тетово е официјално отворен Универзитетот за југоисточна Европа. |
Родени:
| 270 | Максимин Даја, римски император. |
| 1851 | Маргарита од Савоја, кралица на Италија. |
| 1761 | Пиј VIII, римски папа. |
| 1902 | Назим Хикмет, турски поет. |
| 1906 | Живко Фирфов, македонски етномузиколог, педагог, диригент и музички деец. |
| 1916 | Васил Куноски, македонски поет за деца. |
| 1924 | Беноа Манделброт, франко-американски математичар, познат изучувач на фракталите († 2010) |
| 1925 | Роберт Кенеди, американски политичар. |
| 1945 | Патријарх Кирил, патријарх на Руската Православна црква. |
| 1953 | Халид Бешлиќ, српски пејач. |
| 1976 | Горан Станковски, македонски фудбалер. |
Починале:
| 1316 | Жан I, француски крал. |
| 1865 | Франческо Маноел да Силва, познатиот бразилски композитор. |
| 1894 | Антон Григорјевич Рубинштајн, руски клавирски виртуоз и композитор, основач на Конзервативизмот во Петроград. |
| 1910 | Лав Николаевич Толстој, руски писател, ненадминат раскажувач, романописец, драматичар и општествен реформатор. |
| 1925 | Александра Данска, кралица на Обединетото Кралство. |
| 1944 | Јован М. Алексоски, македонски партизан. |
| 1947 | Волфганг Борхерт, германски поет. |
| 1975 | Франсиско Франко, шпански диктатор. |
| 2000 | Вјачеслав Котјоночкин, руски режисер и аниматор. |
| 2006 | Роберт Алтман, американски филмски режисер. |
Празници:
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |