30 ноември

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Шаблон:Ноември 2014 30 ноември е 334-иот ден во годината според григоријанскиот календар (335-и во престапна година). Остануваат 31 денови до крајот на годината.

Настани:

1894  Македонскиот револуционер Гоце Делчев, лично од Даме Груев, примен е за член на ВМРО.
1966  Барбадос, еден од островите на Малите Антили, кој 300 години беше британска колонија, прогласи независност.
1998  Избрана Владата на Република Македонија, предводена од Љубчо Георгиевски.
2001  Собранието на Република Македонија, со мнозинство гласови, го прифати седмиот по ред владин состав на Премиерот Љубчо Георгиевски.
2005  Тито Петковски ја формира НСДП, како реакција на незадоволството кое подолго време владееше во редовите на СДСМ. Формирањето на оваа партија се смета како еден од главните фактори за поразот на владата на Владо Бучковски во јули 2006 година. На тие избори НСДП освои 6 пратенички места и стана дел од владејачката коалиција.

Родени:

1508  Андреа Паладиоиталијански архитект, творец на паладијанскиот стил
1667  Џонатан Свифт — најголем англиски сатиричар, еден од најостроумните критичари на човековата природа и на општествените процеси.
1813  Шарл Валентин Алкан — француски композитор.
1817  Теодор Момзен — германски историчар, правник и добитник на Нобеловата награда за литература.
1835  Марк Твен — голем американски хуморист, новинар и предавач.
1874  Винстон Черчилбритански државник и писател.
1935  Стојан Андов — претседател на Либералната партија на Македонија.
1978  Пјерик Федриго — француски велосипедист.
1982  Доменико Поцовиво — италијански велосипедист.

Починале:

1900  Оскар Вајлд — англиски писател од ирско потекло.
2011  Илија Зимбо — македонски солист, камерен музичар и прв флејтист во оркестарот на Македонската опера и балет.


јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември