Владо Бучковски
| Владо Бучковски Пратеник |
|
![]() |
|
|
|
|
| Во служба 17 декември 2004 – 28 јули 2006 |
|
| Претседател | Бранко Црвенковски |
|---|---|
| Претходник | Радмила Шеќеринска |
| Наследник | Никола Груевски |
|
|
|
| Во служба 13 мај 2001 – 26 ноември 2001 |
|
| Претходник | Љубен Пауновски |
| Наследник | Владо Поповски |
|
|
|
| Во служба 1 ноември 2002 – 17 декември 2004 |
|
| Претходник | Владо Поповски |
| Наследник | Јован Манасиевски |
|
Претседател на СДСМ
|
|
|
|
|
| Роден(а) | 2 декември 1962 Скопје, СФРЈ денес Република Македонија |
| Националност | Македонец |
| Партија | СДСМ |
| Професија | економист |
| Вероисповед | Православен христијанин |
Владо Бучковски (роден на 2 декември 1962 во Скопје) е поранешен премиер на Република Македонија и поранешен претседател на СДСМ. Буковски по професија е правник и професор по римско право на Правниот факултет во Скопје.
[уреди] Научна кариера
д-р Владо Бучковски дипломира на Правниот факултет - правосудна насока во 1986, а магистрира во 1992. Во 1998 докторира на тема “Римско и современо заложно право”.
Од 1987 до 1988 година Бучковски работи како стручен соработник во Собранието на Република Македонија. Во 1988 година преминува на Правниот факултет во Скопје, каде до 1998 година работи како асистент. Во 1998 е избран за доцент по предметот Римско право, а во 2003 година е избран за вонреден професор.
[уреди] Политичка кариера
Во периодот од 1998 до 2000 година Бучковски е член на Државната изборна комисија, а од 2000 до 2001 година е претседавач на Советот на град Скопје.
Во периодот од 13 мај до 26 ноември 2001 година тој е министер за одбрана во широката коалициска влада.
По победата на СДСМ и на неговите коалициони партнери на парламентарните избори во 2002 година, на 1 ноември 2002 година Бучковски станува член на Владата на Република Македонија и ја врши функцијата министер за одбрана. На оваа функција е до декември 2004 година.
На 15 септември 2003 година стана претседател на Правниот совет на Владата.
На 22 јули 2004 година во Струга беше жестоко нападнат од 5000 граѓани. Причина за тоа беше неговото доаѓање во Струга со цел да го убeди раководството на СДСМ да излезе од "Кризниот штаб за отстанок на Општина Струга". Тогаш стружани ги нарече хулигани. Тоа предизвика жестока реакција на граѓаните, по што беше затворен во седиштето на СДСМ цели 6 часа. Со акција на специјалните полициски сили беше ослободен и префрлен во Скопје. При таа акција беа повредени многу граѓани на Струга а употребени беа шок бомби, солзавец и гумени куршуми. Од тогаш беше прогласен за непожелна личност во Струга, неговото име беше напишано на ѕидот на срамот, заедно со тогашниот претседател Бранко Црвенковски и градоначалникот на Скопје Ристо Пенов.
На 26 ноември 2004 е избран за лидер на СДСМ. Истиот ден му е доверен мандатот да формира нова Влада по оставката на претходниот премиер Хари Костов, а на 15 декември 2004 година Парламентот го избра за претседател на Владата на Република Македонија, функција која ја извршува до август 2006-та.
Под негово водство коалицијата За Македонија заедно, предводена од СДСМ, доживува пораз на парламентарните избори во 2006 година. По изборниот пораз од Бучковски беше побарано да поднесе оставка на функцијата претседател на СДСМ, но тој тоа го одбива. Сепак, на конференцијата на партијата одржана на 7 октомври на Бучковски му е изгласана недоверба и тој беше принуден да се повлече од претседателското место во СДСМ.
На 1 август 2007 година против Бучковски е поднесена кривична пријава поради злоупотреба на службената должност и нанасена три милиони евра штета на касата на Министерството за одбрана, извршени во 2001 година кога Бучковски беше министер за одбрана. Пресудата е донесена на 9 декември 2008 после 13 месечен судски процес во кој е осуден на 3,5 години затворска казна[1].
[уреди] Наводи
| Претходник Хари Костов |
Премиер на Република Македонија 2004–2006 |
Наследник Никола Груевски |
| Претходник Љубен Пауновски |
Министер за одбрана на Република Македонија 2001-2001 и 2002–2004 |
Наследник Јован Манасиевски |
|
|||||||||||||||||
| Министри за одбрана на Република Македонија | |
|
Дамјановски | Гоцевски | Поповски | Ханџиски | Китаноски | Кљусев| | Пауновски | Бучковски | Манасиевски | Еленовски | Коњановски | Бесими | |
- Родени на 2 декември 1962
- Родени во декември 1962
- Родени во 1962 година
- Живи луѓе
- Министри за одбрана на Република Македонија
- Премиери на Република Македонија
- Македонски правници
- Состав на Владата на Република Македонија од 2002
- Состав на Владата на Република Македонија од 2004
- Пратенички состав 2008-2011
- Сопотница
