1 август
Од Википедија, слободната енциклопедија
1 август е 213-иот ден во годината според григоријанскиот календар (214-и во престапна година). Остануваат 152 денови до крајот на годината.
| << | август | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | 3 | ||||
| 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
| 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 |
| 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 |
| 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 |
Настани:
| 30 п.н.е. | Октавијан (подоцна познат како Август) ја освоил Александрија во Египет. |
| 527 | Јустинијан I станал самостоен владетел на Византиската империја. |
| 1291 | Со потпишувањето на Федералната повелба, основана е Швајцарската Конфедерација. |
| 1492 | Фердинанд II од Арагон и Изабела I од Кастилја ги протерале евреите од Шпанија. |
| 1498 | Кристофер Колумбо станува првиот Европеец што ја посетува Венецуела. |
| 1834 | Ропството е укинато во Велика Британија. |
| 1902 | САД ги откупиле правата на Панамскиот канал од Франција. |
| 1944 | Ана Франк го пишува последниот запис во својот „Дневник“. |
| 1960 | Исламабад е прогласен за главен град на Пакистан. |
| 1981 | Во 12:15 ч. напладне, спотот за песната Video Killed The Radio Star („Спотот ја уби радиоѕвездата“) од Баглс станува првиот спот емитуван на MTV, една од најпознатите телевизии посветени на музиката и современата поп-култура. |
| 2012 | Пуштена во погон хидроелектраната „Света Петка“ на реката Треска. |
Родени:
| 1744 | Жан Батист Ламарк, француски природнонаучник и философ. |
| 1815 | Ричард Хенри Дана, американски писател и адвокат. |
| 1819 | Херман Мелвил, американски писател, есеист и поет. |
| 1893 | Александар, крал на Грција. |
| 1899 | Џими Ејнџел, американски авијатичар. |
| 1919 | Димко Најдов, македонски револуционер. |
| 1952 | Зоран Ѓинѓиќ, српски премиер. |
| 1967 | Нехат Беќири, македонски сликар. |
| 1984 | Бастиан Швајнштајгер, германски фудбалер, играч на Баерн Минхен. |
Починале:
| 1137 | Луј VI Дебелиот, крал на Франција. |
| 1402 | Едмунд, Прв војвода од Јорк. |
| 1464 | Козимо де Медичи, владетел на Фиренца. |
| 1911 | Едвин Остин Абел, американски уметник. |
| 1944 | Климе Кордоски, македонски борец. |
| 1966 | Чарлс Витмен, американски масовен убиец, убиен од полицијата. |
| 1967 | Ричард Кан, австриски хемичар и Нобелов лауреат. |
| 1968 | Мито Хаџивасилев - Јасмин, македонски револуционер, новинар и публицист. |
| 1990 | Греам Јанг, британски сериски убиец, попознат како Чајниот трујач. |
| 1997 | Свјатослав Рихтер, руски пијанист. |
| 2001 | Рахим Беќири, член на ОНА. |
| 2005 | Фад бин Абдул Азис, крал на Саудиска Арабија. |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |