Александар (крал на Грција)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Александар
Ἀλέξανδρος
Крал на Елините
Владеење 11 јуни 191725 октомври 1920
Претходник Константин I
Наследник Константин I
Сопруг Аспасија Манос
Потомци
Александра
Династија Династија Шлезвиг-Холштајн-Сондербург-Гликсбург
Татко Константин I
Мајка Софија
Раѓање 1 август 1893(1893-08-01)
Атина, Грција
Смрт 25 октомври 1920
(на возраст од 27 г.)
Атина, Грција
Погреб Кралски гробишта, Атина
Религија Грчка Православна црква

Александар (грчки: Ἀλέξανδρος, Aléxandros,; роден на 1 август 1893 во Атина – починал на 25 октомври 1920 во Атина) бил крал на Грција во периодот од 30 мај 1917 до 12 октомври 1920 година.

Тој бил вториот син на кралот Константин I. Студирал воено училиште и на кралскиот престол застанал по детронацијата на својот татко во текот на Првата светска војна. Починал во 1920 година од стрептококова инфекција.

Единствен наследник кој оставил била принцезата Александра, која подоцна се омажила за југословенскиот крал Петар II Караѓорѓевиќ.

Градот Александруполи (претходно Дедеагач), во близина на реката Марица кај грчко-турската граница е наречен по него во 1920 година, при неговата посета на градот.