31 август
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | август | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | 3 | ||||
| 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
| 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 |
| 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 |
| 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 |
31 август е 243-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (244-и во престапна година). Остануваат 122 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1942 | Втора светска војна: Започна битката кај Алам ел Халф, во Египет меѓу силите на Оската и британските сили. Командантот на германско-Италијанската армија, генерал Ромел планираше да ја заобиколи и да ја уништи Осмата британска армија, потоа да ги пренесе комуникациите за Александрија и Каиро и да излезе на Суецкиот канал. Тој обид му пропадна. Осмата британска армија под команда на генералот Монтгомери ги запре Германците и по битката кај Алам ел Халф ги принуди на повлекување. |
| 1957 | Федерацијата на Малезија се здоби со независност. |
| 1962 | Тринидад и Тобаго стана независна држава во рамките на британскиот Комонвелт. |
| 1992 | Регистриран е Комитетот на Хелсиншкиот Парламент во Македонија со седиште во Скопје. |
Родени:
| 1937 | Васко Ташковски, македонски сликар. |
| 1970 | Никола Груевски, премиер на Македонија. |
| 1975 | Сара Рамирез, мексичко-американска глумица. |
Починале:
| 577 | Јован III Схоластик, константинополски патријарх. |
| 1795 | Франсоа-Андре Даникан Филидор, француски шахист. |
| 1867 | Шарл Бодлер, еден од најголемите француски писатели на 19 век. |
| 1930 | Владан Ѓорѓевиќ, српски лекар. |
| 1941 | Марина Цветаева, руска писателка, една од најголемите поетеси во историјата на поезијата. |
| 1983 | Сашка Петковска - Липша, македонска пејачка, легенда на современата македонска поп музика. |
| 1986 | Хенри Мур, британски вајар. |
| 1997 | Дијана, Принцеза од Велс. |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |