Никола Груевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Никола Груевски
Никола Груевски

Никола Груевски


Премиер на Република Македонија
Во служба
На функција од 
27 август 2006
Претседател Ѓорге Иванов
Претходник Владо Бучковски

Роден 31 август 1970
Скопје, СР Македонија
Партија ВМРО-ДПМНЕ
Сопружник Боркица Груевска
Професија економист
Религија православен христијанин

Никола Груевски (р. 31 август 1970, Скопје) — претседател на владата на Република Македонија од 27 август 2006, претседател на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ од мај 2003 година, поранешен министер за финансии во владата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Љубчо Георгиевски до септември 2002 година.

Политичка кариера[уреди]

Министер за финансии[уреди]

По негова иницијатива се интензивира и практично започнува процесот на денационализација на национализираниот имот во периодот 1945-1990 година. Има имплементирано низа на финансиски реформи меѓу кои: воведување на данокот на додадена вредност (ДДВ), воведувањето на фискалните сметки, таканаречената кампања "Купувајте Македонски Производи", со која се промовираше купувањето на македонски производи, брендирана преку логото со сонценце со насмевка.

Партиски лидер[уреди]

После параментарните избори 2002 година, во ВМРО-ДПМНЕ следува период на внатрепартиски превирања, после кои Груевски е избран за лидер на партијата, заменувајќи го дотогашниот претседател Љубчо Георгиевски. За време на неговото раководство ВМРО-ДПМНЕ се здобива со статус на набљудувач во Европската народна партија (2007) и во Меѓународната демократска унија (2008) а норвешката конзервативна партија Хојре, на ВМРО ДПМНЕ и ја додели наградата за придонес во унапредувањето на демократијата, човековите права, економските реформи и мирољубивата политика (2009).

Премиер[уреди]

Никола Груевски говори на плоштадот Македонија, вечерта од парламентарните избори 2006

ВМРО-ДПМНЕ победи на Македонски парламентарни избори, 2006 година. На 25 август Груевски ја формираше новата Влада. Во неговата Влада има многу нови лица, во најголем дел луѓе во нивните 30-ти, кои ги зазедоа клучните министерства и други позиции. Тој беше првиот кој вклучи познати македонски иселеници на клучни позиции во неговата нова Влада.

На 1 јуни 2008 година, Коалицијата предводена од неговата партија ВМРО-ДПМНЕ победи на парламентарните избори, што беше нивна втора изборна победа по ред, со што доби повеќе од половина од пратеничките мандати во Собранието на РМ. Тој направи коалиција со Демократската унија за интеграција.

Во периодот на мандатот на премиерот Груевски се постигнаа значајни резултати во економијата, при што во областа на даночната сфера, се воведе концептот на рамен данок, а Македонија стана земја со најниски даноци во Европа.

Обемот на инвестиции, споредено со претходните години, почна значително да расте (2007 – 2008). Во време на Никола Груевски како претседател на Владата на Република Македонија, државата доживеа највисоки стапки на економски развој од осамостојувањето во 1991 година.

Во 2007 година тој изнесуваше 5,9%, а следната 2008 година 5%, со истовремен силен раст на извозот. Истовремено, реализирани се низа на реформски зафати и проекти во насока на подобрување на бизнис-климата, започнати се значајни инвестиции во инфраструктурата, културата и спортот, а постигнат е напредок во борбата за намалување на криминалот и корупцијата.

Реформите во образованието доведоа до тоа во 2008 година 95% од завршените основци да се запишат во средните училишта, а дури 85% од завршените средношколци да го продолжат своето образование на факултет. Истовремено, буџетот за образованието се подигна на ниво од над 5% од БДП, што претставува просек кој е соодветен или поголем од одредени земји на Европската унија и ОЕЦД.

Во време кога Никола Груевски е премиер отворени се два нови државни универзитети и над 20 државни факултети, а голема експанзија има и во приватните високообразовни установи.

Воедно, реализирани се значајни реформи и инвестиции во сферата на информатичката технологија и нејзиното приближување до младите генерации при што користењето на интернет кај населението се зголеми на 29% во 2008 година, во споредба со 13% во 2006 година.

Никола Груевски и Жозе Мануел Барозо на самитот на Европската народна партија во 2009 година

Спроведени се низа мерки во насока на подигнување на земјоделството и стандардот на земјоделецот, при што субвенциите за земјоделството се зголемија за 12 пати повеќе на годишно ниво (2009) во однос на периодот пред неговото доаѓање како претседател на Владата. По повторната изборна победа на ВМРО-ДПМНЕ на предвремените парламентарни избори (1. VI 2008) Никола Груевски се здобива со уште еден четири-годишен мандат како претседател на Владата на Република Македонија.

Според пишувањето на „Радио Слободна Европа“, Груевски бил критикуван од Европа за непочитување на слободата на медиумите, независноста на судството и на политичкиот дијалог, како и за проектот Скопје 2014.[1] Дневниот весник, Утрински весник по излегувањето на содржината на Викиликс пишувал дека македонската влада на премиерот Никола Груевски и неговиот внатрешен круг систематски го користеле правниот и репресивен апарат на државата, за да ги исклучи неистомислениците.[2]

Приватен живот[уреди]

Никола Груевски е роден во Скопје. Татко му Тало потекнува од леринското село Крушоради, во Егејска Македонија, денешна Република Грција. Тој е доктор на науките во Белградскиот универзитет и пред тоа долгогодишен професор во Шумарскиот факултет на Скопскиот университет. Мајка му Надежда е од Штип, сестра е на првиот министер за внатрешни работи на независна Република Македонија - Јордан Мијалков. Основно и средно образование Никола завршил во Скопје. Дипломирал на Економскиот факултет во Прилеп, при Универзитетот „Св. Климент Охридски” - Битола (1994). Се здобил и со квалификации за меѓународниот пазар на капитал на Лондонскиот институт за хартии од вредност (1996). Во периодот 1995-1998 година работи како директор на одделот "Безбедност, планови и анализи" во Балканска банка во Скопје. Потоа продолжува како управен од Република Македонија во Светската банка и во Европската банка за обнова и развој. Бил претседател и основач на брокерската асоцијација на РМ (1998) и ја направил првата трансакција на македонска берза. Магистрирал на Економскиот факултет на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (12. XII 2006). Никола Груевски има еден брак од кој нема деца. По разводот со првата сопруга, во мај 2007 година се жени за Боркица (со моминско презиме Манчева), со која имаат две ќерки Анастасија (2007) и Софија (2010).

Наводи[уреди]

  1. Груевски не прифаќа критики, Радио Слободна Европа 11.02.2011
  2. Владата на Груевски сее страв - Утрински весник, од 03.06.2011,

Надворешни врски[уреди]

Претходник
Владо Бучковски
Премиер на Република Македонија
2006-
Наследник
нема


Coat of arms of the Republic of Macedonia.svg Министри за финансии на Република Македонија

Методија Тошевски | Џевдет Хајредини | Јане Миљовски | Таки Фити | Борис Стојменов | Никола Груевски | Петар Гошев | Никола Поповски | Трајко Славевски | Зоран Ставревски |