Гале Галев

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Гале Галев

Во служба
1999 – 2000
Претседател Љупчо Георгиевски
Претходник Ненад Новковски
Наследник  ?

Роден(а) 11 февруари 1943)
Сачево, Струмичко, Република Македонија
Националност Македонец
Алма матер Филозофски факултет
Професија правник

Гале Галев (с. Сачево, Струмичко, 11 февруари 1943) е македонски правник, универзитетски професор[1] и поранешен министер за образование во владата од 1998 година.

Содржина

[уреди] Биографија

Галев е роден во струмичкото село Сачево на 11 февруари 1943 година. Основно образование завршил во родното место, а учителска школа во Штип во 1963 година. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1968, каде што магистрирал (1979) и докторирал на тема „Слободата на договарањето како еден од основните принципи на договорното (облигационо) право во социјалистич ка Југославија“ во 1989 година. Избран бил за асистент во 1971, за предавач во 1979, за доцент во 1989, за вонреден во 1994 и за редовен професор во 1999 година на областа Граѓанско право и индустриска сопственост. Бил проректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од 1996 до 1998 година и министер за образование и наука во Владата на Македонија од 1999 до 2000 година. Бил декан на Правниот факултет во Скопје од 2004 до 2008 година[2]. Тој е еден од втемелувачите на Централниот регистар на Македонија и на Европскиот кредитен трансфер-систем на Правниот факултет во Скопје. Бил претседател на Државната комисија за подготовка на Законот за облигационите односи од 1998 до 2001 година и учествувал во изработката на повеќе законски проекти од областа на сопственичките односи, денационализацијата, залогот, договорната хипотека, централниот регистар и високото образование. По негова иницијатива Правниот факултет „Јустинјан Први“ станал дел од регионалните постдипломски студии по Европското деловно право, организирани на 13 високообразовни институции од Југоисточна Европа. Во рамките на Европскиот кредит трансфер систем на високото образование, како декан на Факултетот, ја промовирал и ја реализирал идејата „Учебник за секој студент“ со што издавачката факултетска продукција била подигната на над 40 нови изданија годишно, кои по правило се донирале на судентите. Од јули 2009 е претседател на комисијата за помилување[3]. Член е на издавачкиот одбор на списанието „Правник[4].

[уреди] Библиографија

Објавил над 100 научни труда од областа на граѓанското право.

  • Облигационо право - практикум, Скопје, 2001;
  • Двесте години од донесувањето на Цоде цивил (1804-2004), Скопје, 2005;
  • Извори и начела на облигационото право, Скопје, 2007;
  • Облигационо право, Скопје, 2008 (коавтор со проф. д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска).
  • Актуелните прашања за државата и правото на Република Македонија и Руската Федерација

[уреди] Наводи

  • Правен факултет - Педесет години 1951 - 2001, Скопје, 2001.
  1. „д-р Гале Галев“ (на македонски). Правен факултет „Јустинијан I“. http://www.pf.ukim.edu.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=134. проверено на 2009-12-26. 
  2. јордановска, Мери. „ГАЛЕ ГАЛЕВ, ДЕКАН НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ“, Време, 27.06.2005. Проверено на 2009-12-26. (на македонски)
  3. Професорот Гале Галев на чело на Комисијата за помилување“, Утрински Весник, 01 јули 2009. Проверено на 2009-12-26. (на македонски)
  4. „Правник“ (на македонски). Здружение на правници на Македонија. http://www.mla.org.mk/default.aspx?pArtID=207. проверено на 2009-12-26. 

[уреди] Надворешни врски

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици