1 ноември

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Шаблон:Ноември 2014 1 ноември е 305-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (306-и во престапна година). Остануваат 60 денови до крајот на годината.

Настани:

1512  Таванот на Систинската капела во Ватикан, насликан со фрески од Микеланџело, за прв пат ѝ е претставен на јавноста.
1755  Во катастрофалниот земјотрес проследен со цунами што го зафатија Лисабон загинаа 60.000 луѓе.
1946  Обединетите нации формираа Меѓународен фонд за помош на децата (УНИЦЕФ).
1952  Американците ја активираа првата пробна хидрогенска бомба на островот Ениветок во Пацификот.
1954  Во Алжир започнало востание против францускиот колонијализам, кое по 8 години резултирало со независност. По тој повод 1 ноември е прогласен за национален празник на Алжир.
1973  Од ранжирната станица Трубарево тргна првиот електричен воз во Македонија.
1981  Антигва и Барбуда добива независност од Велика Британија.
1993  Стапува во сила Договорот од Мастрихт, со што се создава Европската Унија.
1998  Создаден е Европскиот суд за човекови права.
2002  Македонското Собрание со 72 гласа „за“ и 28 „против“ ја избра новата Влада на Република Македонија, предводена од Бранко Црвенковски.

Родени:

1339  Рудолф IV Австриски, војвода од Австрија.
1351  Леополд III Австриски, војвода од Австрија.
1549  Ана Австриска, сопруга на Филип II Шпански.
1757  Антонио Канова, италијански вајар (†1822)
1801  Винченцо Белини, италијански оперски композитор.
1813  Петар Петровиќ - Његош, владика и владетел на Црна Гора.
1839  Ахмед Мухтар Паша, отомански Голем Везир.
1842  Стојан Новаковиќ, српски политичар и научник.
1864  Елисавета Фјодоровна
1871  Стивен Крејн, американски писател.
1880  Алфред Вегенер, германски метеоролог и геолог.
1892  Александар Александрович Алехин, руски шаховски велемајстор, еден од најголемите мајстори во историјата на шахот.
1902  Еуген Јохум, германски композитор.
1921  Владимир Ќосевски, македонски архитект и урбанист.
1923  Викторија де лос Анхелес, каталонска оперска пејачка
1923  Гордон Диксон, канадски писател на научна фантастика.
1941  Дивна Лакинска, македонски андрагог.
1943  Алајдин Абази, македонски академик, универзитетски професор и член на МАНУ.
1946  Џанг Деџанг, поранешен вицепремиер на Кина за економија
1957  Сади Беџети, македонски универзитетски професор.
1963  Рик Ален, член на Лед Цепелин.
1972  Пол Диков, шкотски фудбалер.
1972  Тони Колет, австралиска актерка.
1973  Роберт Лукетиќ, австралиски филмски режисер.
1979  Милан Дудиќ, српски фудбалер.
1983  Јелена Томашевиќ, српска поп пејачка.
1983  Јоко Огура, јапонски модел.

Починале:

921  Ричард Бургундски — војвода од Бургундија.
955  Хенрик I Баварски — војвода од Баварија.
1391  Амадеус VII Савојски — гроф од Савоја.
1399  Јован V Британски — војвода од Британија.
1546  Јулио Романо — италијански уметник.
1642  Жан Николе — француски истражувач.
1804  Јохан Фридрих Гмелин — германски природонаучник.
1860  Александра Фјодоровна — руска императорка.
1894  Александар III Александрович — руски цар.
1903  Теодор Момзен — германски историчар, правник и добитник на Нобеловата награда за литература.
1907  Алфред Жари — француски драматург.
1972  Езра Паунд — американски поет.
1995  Васил Иљоски — македонски драмски писател.

Празници:

Антигва и Барбуда - ден на независноста (национален празник)
Католицизам - Ден на сите светци
Алжир - ден на револуцијата (национален празник)
Светски ден на веганците
јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември