Петар Петровиќ - Његош

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Петар II Петровиќ Његош
владика на Црна Гора
[[File:Petar II Petrovic-Njegos.jpg|frameless|alt=]]
Владеење 1832-1851
Полно име Радивоје (Раде) Томов Петровиќ
Почивалиште Ловќен
Претходник Петар I Петровиќ Његош
Наследник Данило II Петровиќ Његош
Династија Петровиќ-Његош

Петар II Петровиќ Његош, световно име Раде Томов Петровиќ (Његуши, 1 ноември 1813 - Цетиње, 31 октомври 1851), бил владика и владетел на Црна Гора од династијата Петровиќ-Његош, тој е еден од најголемите претставници на црногорската и српската книжевност.

Неговото родено име било Раде, а како дете бил овчар на падините на Ловќен. Неговиот чичко, митрополит Петар I, го забележал бистриот ум на Раде и го повел со себе во манастирот на Цетиње, кога Раде имал 12 години [1]. Во манастирот, Раде научил да чита и да пишува, го учел рускиот јазик, подоцна и италијанскиот. Покажал голем интерес за народните песни, па и самиот почнал да пишува стихови. Учители му биле Јосип Троповиќ и Сима Милутиновиќ Сарајлија, кој при крајот на 1827 година се нашол на Цетиње.

Во 1827 година, митрополитот Петар I го определил Раде за свој наследник, а по неговата смрт во 1830 година, Раде со неполни седумнаесет години станал Петар II, духовен и световен владетел на Црногорците. Во тој момент Црна Гора била разединета и затворена од сите страни, без централна државна организација, а школувана личност била голема реткост [2]. Племињата станувале едни против други, крвната освета била честа, а околните непријатели, посебно турските паши, ги поткупувале селаните со леб и жито за да се кренат против власта.

Прв политички чекор на Његош било протерувањето на гувернадурот. Потоа го создал Сенатот, нешто како влада и врховен суд од 16 членови, составен од најугледните Црногорци. За да воспостави ред во Црна Гора вовел т.н „гвардија“, нешто како полиција и суд, и некој вид на дворска стража, т.н „перјаници“ [3]. Создал и народна каса за купување храна во неродни години, за купување оружје и за заем на оние на кои им било најпотребно. Отворил училиште, создал печатница, започнал со изградба на патишта, бунари и складови [4]. Његош започнал да внесува граѓанска култура и писменост, а Црна Гора почнала да се отвара кон надворешниот свет.

Данокот кој го вовел Његош за да се спроведат сите овие реформи, не бил дочекан со широки раце од црногорските племиња. Ријечката нахија кренала бунт, но владиката успеал да се пресмета со бунтовниците [5]. По дваесет години поминати на чело на Црна Гора, Петар II Петровиќ Његош умира од болест во 1851 година. Закопан е на Ловќен, на место кое самиот го одбрал за свој гроб, а денес таму се наоѓа неоговиот мавзолеј.

Потекло[уреди]

Династија Петровиќ-Његош[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Династија Петровиќ-Његош.
Црногорските племиња

Владиката Петар II Петровиќ Његош се родил во Његушкото племе, како втор син на Тома Марков Петровиќ (најмладиот брат на владиката Петар I Петровиќ Његуш) и Ивана Пророковиќ.

На своето кршевање го добил името Радивоје според кое подоцна меѓу народот бил позната како владиката Раде. По завладичувањето се потпишувал само со своето калуѓерско име - Петар и презимето Петровиќ: Петар Петровиќ.

Меѓутоа, меѓу Црногорците не бил познат како владиката Петар, туку како владиката Раде. Црногорците единствен владика кој го именувала како Петар бил неговиот чичко - Петар I Петровиќ Његош.

Тој никогаш не го употребувал името Петар II, тоа било додадено подоцна за да се направи динстикција помеѓу двајцата Петровци. Не е познато зошто ја зел додавката Његош кон своето презиме, а не Његуш какo што се именувало неговото племе. Има претпоствака дека тоа го презел од својот чичко кој кон своето презиме го додал Његош, а не Његуш.

Семејно дрво[уреди]

Иво Петровиќ-Његош, оженет со Ика Поповиќ
Марко Петровиќ-Његош, оженет со Англина Мартиновиќ
Саво Петровиќ-Његош, оженет со Мара Милиќ
Ѓорѓе Петровиќ-Његош, оженет со Стана Гопчевиќ
Машан Петровиќ-Његош, оженет со Јована Радониќ
Вуко Петровиќ-Његош, оженет со Јока Суботиќ
Ивана Петровиќ-Његош, омажена за Филип Радониќ
Стана Петровиќ-Његош, омажена за Иво Бојковиќ
Јована Петровиќ-Његош, омажена за Ѓуро Дољаница
Гордана Петровиќ-Његош, омажена за Јоко Руцовиќ
Томо Петровиќ-Његош, оженет со Ивана Пророковиќ
Јоко Петровиќ-Његош
Петар II Петровиќ Његош (1813-1851), владика 1830-1851.
Перо Петровиќ-Његош, оженет со: Горда Врбица, Јована Ѓурашковиќ и Госпава Булајиќ
Пиљо Петровић-Његош
Марија Петровиќ-Његош, омажена за Андреј Перовиќ
Ѓане Петровиќ-Његош, оженет со П. Ѓурашковиќ
Петар I Петровиќ Његош (1747-1830), владика 1784-1830. Канонизиран како Свети Петар Цетињски.

Образование[уреди]

Симо Милутиновиќ Сарајлија
Цетињскиот манастир

Своето дество го минал меѓу Његушите. Владиката Петар I Петровиќ Његуш во 1825 година го прибрал кај себе во Цетињскиот манастир, кадебшто требало да го школуваат монахот Мисаил Светковиќ и владичкиот секретар Јаков Цек. Тука Раде ги напишал своите први песни за да ги забавува локалните старешини и главатори. Во средината на 1825 година, Раде бил испратен во манастирот Топла во Херцег Нови, каде што старешината на манастирот-Јосип Троповиќ предавал италијански, математика, црковно пеење, пслатир и други предмети. Раде често пати присутвувал на верските служби во блискиот манастир Саваина. Во Топла останал до крајот на 1826 година, кога се вратил во Цетиње.

Неговиот чичко за свој наследник го подготвувал Ѓорѓија Савов, кој се школувал во Русија, меѓутоа тој сакал да се посвети на војничкиот живот. Според традиција, црногорскиот владетел морал да биде владика, отука Раде започнал да се подготвува за преземање на тоа достоинство. На 20 јануари 1827 година, Петар I Петровиќ Његуш го прогласил за свој наследник. Петар I сакал и Раде да го испрати на школување во Русија, но немал финансисики средства и затоа сам го подучувал италијанки, руски, германски, англиски и француски јазик. На младиот Раде на располагање му ставил и својата богата библиотека. Подоцна за учител на Раде го довел Симо Милутиновиќ Сарајлија. Тој му предавал историја, книжевност и филозофија.

Црна Гора под власта на Петар II[уреди]

Реформи[уреди]

Споменик на Петар II
Балканот во 1850 година

Петар II, слично како и неговиот чичко, се соочил со ограничувањето на неговата власт. Владиката немал армија, милиција или дрги безбедносни слили под негова команда. Можел да ги користи само силите обезбедени од неговата семејство и братство. Еден од најголемите преоблеми за Петар II било управувањето со племињата во далечните делови од Црна Гора, кои често одбивале да покоруват или се приклучувале на владичките ривали. Меѓу сите племиња постел постојан отпор кон неговата власт, а владиката не можел да ги спречи црногорските ајдучки напади врз османлииските области. Меѓутоа, владиката успеал да преземе некои чекори кон изградба на редовна административна организација.

Во изградбата на државните функции, владиката добил помош од рускиот двор и неговите преставници. Привремената руска финансиска помош преставувала еден од малкуте извори на црногорската митрополија. Во 1831 година, во Црна Гора пристигнале двјца руски преставници: Иван Вукотиќ и Матеј Вучиќевиќ, а тие биле придружувани од Д. Милаковиќ, кој подоцна станал секретар на Петар II. Нивната главна задача било помагање во воспоставувањето на посилни институци на централната власт. Во 1831 година, бил формиран Сенат на Црна Гора и Брда што го заменил судот формиран во 1798 година во времето на владиката Петар I Петровиќ Његош. Сенатот се состоел од 16 луѓе кои добивале плата од централната власт, чии интереси требало да ги застапуваат. За членови на Сенатот биле именува влијателни црногорски старешини и угледни личности за да биде спречена опзиција која би можела да биде насочена против власта и авторитетот на владиката. Била формира и т.н гарда, а нејзините членови биле испратени по окрузите и племињата каде што требале да сппроведуваат полициска и судска власт. Нивните команданти биле именувани како капетани и биле избирани од угледни мажи од црногорските и брдските племиња. Нивна главна задача била да и служат на централната власт олицетворена во владиката Петар II, да обезбедат спроведување на одлуките на Сенатот и да ги чуваат границите на Црна Гора. Сите плати за државните служебници биле подмирувани со руска финансика помош.

Во 1833 година бил направен обид за воведување редовни ниски даноци, меѓутоа овој чекор наишол на силен отпор сред црногорската средина. Истата година, владиката Петар II за прв пат ја посетил Русија каде што бил потврден за валадика. Петар II во својата татковина се вратил со богати подароци: одрдена сума напари, книги, икони, печатарска машина и ветување за засилена помош. Владиката Петар II, откако си ја обезбедил подршката на Русија, го разрешил Вукотиќ и ја презел целосната контрола над власта.

Но владиката Петар II бил свесен дека основната моќ сеуште се наоѓа во рацете на племињата и нивните старешини, кои биле заинтересирани да ја зачуваат својата политичка моќ. Таквата состојба го принудила владиката да примени една манипулативана политика, тој ги подбуцнивал своите ривали едни против други. За да го зголеми престижот на куќата Петровиќ-Његош, решил својот чичко, поранешниот владика Петар I Петровиќ Његуш, да го канонизира под името Свети Петар Цетињски.

Надворешна политика[уреди]

Петар II водел активна надворешна политика, а негова главна преокупација било обезбедувањето излез на Јадранското Море. Стремежот за обезбедување на излез на море, наишол на силен отпор од страна на Хабзбуршката монархија, виенскиот двор бил убеден дека ако Црна Гора добие морско пристаниште, тоа би значело дека Руската империја би стекнала база на Јадранот. Решавањето на морското прашање во полза на Црна Гора било попречено од нејзините добрите односи со Русија.

Во однос на другите граници, вниманието на Петар II било насочено кон три стратешки точки: Спуж и Подгорица на исток и Грахово на северозапад. Во 1831 и 1831 година биле направени обиди за освојување на Подгорица но тие пропаднале. Во 1842 година, Црногорците и Османлиите се согласиле Грахово да биде меутрална територија. Во овој период, Петар II се соочувал со постојани бунтови на племињата. Во 1837 година, владиката по втор пат заминал за Русија за да ги објасни своите тешкотии и да добие помош и жито за да ја ублажи глада меѓу црногорското население кое владеело во тој период. При своето враќање во Црна Гора бил придружуван од страна на рускиот агент Јаков Озерецковски.

Последни години[уреди]

Главен проблем на владиката Петар преставувале внатешните несогласувања. Во годините 1846 и 1847 повторно се соочл со бунт. Бунтовниците соработувале со скадарскиот паша и морало да бидат задушени со сила. Владиката успеал да го сочува единството на Црна Гора, меѓутоа централната власт остана слаба, а руската влада останала единствен основен извор на приходи. Не постоела државна благајна. Петар II имал сеф во кој ги чувал државните пари.

Не постоел ниту правосуден сиситем, ниту пак закони според кои би се барала општа послушност. Помалите случаи ги суделе капетаните, а Сенатот ги решавал поголемите злосторства, но судската организација останала примитивна.

Првото основно училиште било отворено во 1833 година, меѓутоа образованието не било достапно дури ни на најниско ниво. Во 1851 година Петар починал од туберкулоза, а пред својата смрт за свој наследник го именувал својот внук Данило II Петровиќ Његош.

Книжевна дејност[уреди]

Петар II во владичка облека
Лажниот цар Шќепан Мали

Еден од неговите учители, Сима Милутиновиќ, допринел кај Петар да се појави љубовта кон народната поезија, а го потикнал и кон пишување. Милутиновиќ најверојатно го упатил кон митологијата и класишните нешта. Од него младиот Петар го добил Митолошкиот речник кој бил полн со архаизми и нови зборови. Врз книжевниот опус на владиката Петар влијаел и Лукијан Мушицки, кој во 30 - те години на 19 век бил популарен поет. Класичната хеленска поезија ја читал во руски превод, а еден дел од Илијадата од руски ја превел на српски јазик.

Владиката Петар бил под влијание на античкиот класицизам. Меѓутоа, како што се развивал неговиот поетски талент, тој се повеќе се ослободувал од тоа влијание. Неговото најдобро дело, Горски венец има возвишена дикција и потсетува на грчките трагедии, но делото има самостоен карактер и е непосредн продукт на црногорската народна култура, дух и јазик. Покрај рускиот, владиката ги владеел францускиот и италијанскиот јазик, а на тие јазици ги читал најголемите поети и мислители.

Петар почнал да пишува песни уште како дете, меѓутоа тие биле кратки и го немаат онаа значење од подоцнежниот период кога владиката се јавува како изгаден поет. Првите негови песни биле напишани во духот на црногорската народна поезија и често пати биле опеани со гусла. Сима Милутиновиќ во својата збирка на народни песни, внел пет за кој тврдел дека се на владиката Петар. Во 1834 година, Петар објавил две збирки на песни во кој веќе се надзирал генијалниот поет на Луче микрокозме и Горскиот венец. Од песните во кој преовладува длабок и храбар смисол за лиризам, се истакнуваат: „Црногорац к свемогућем Богу“, „Вјерни син ноћи пјева похвалу мислима“ и „Ода Сунцу“. Во сотанатите песни се опеваат современите црногорски јунаштва и биле создадени во духот на народната песна.

Владиката Петар, во текот на постојаните борби со Османлиите, страствено ги сакал народните песни, ги собирал и создавал нови. Покрај двете збирки на песни, подоцна објавил уште две кратки спева со истиот дух и размер: „Кула Ђуришића“ и „Чардак Алексића“. Во 1854 година, бил објавен епскиот пев во девет пеења „Слободијада“, во која се слави црногорската победа над Османлиите и Французите. Владиката Петар сакал својата „Слободијада“ да ја посвети на рускиот престолонаследник Александар II, меѓутоа тоа не му било дозволено бидејќи руската цензура дала негативана оценка за делото владиката на Петар.

Вук Караџиќ сметал дека владиката Петар ги опеал и новите борби на Црногорците. Владиката истао така собирал црногорски народни песни кој ги објавил во збирката Огледало српско. Владиката Петар своето творештво го започнал скромно, подржувајќи ја народната поезија или современата лирика, каква што пред него пишувал Лукијан Мушицки и неговите приврзаници. Меѓутоа, со теко на времето мислата на владиката Петар силно се развила. Тој преку читање и размислување, навлегувал се подлабоко во поголеми, тешки, морални и филозофски проблеми. Во псоледните седум години од својот живот, тој ги создал своите три главни дела: „Луча микрокозма“, „Горски вeнец“ и „Лажниот цар Шќепан Мали“.

Његошовиот мавзолеј[уреди]

Статуа на Петар II во неговиот мавзолеј
Мавзолејот на Петар II на Ловќен

Кнезот Данило II Петровиќ Његош го исполнил аманетот на Петар, тој во 1855 година ги пренел останките на Владиката на Ловќен. Невремто и громовите ја оштетиле капелата, а кнезот Никола во 1879 година ја осигурал со громобрани.

Во текот на Првата светска војна, кога Австро-Унгарија ја окупирала Црна Гора, генералниот гувернер фон Вебер наредил останките на владиката Петар II да бидат откопани и пренесени во Цетиње. Наредбата била извршена на 12 август 1916 година, меѓутоа ископувањето на останките било извршено од војници и многу коски биле изгубени поради невнимание. Еден австроунгарски војник, по потекло Србин, пронашол три коски и ги однел во Цетиње.

На 23 септември 1925 година, кралот Александар II Караѓорѓевиќ останките на Петар II свечено ги пренел во капелата и мермерниот саркофаг кој специјално биле изработени за таа намена. На местото на старата капела бил подигнат мавзолеј како подарок од страна на кралот Александар II.

Наследство[уреди]

Портрет на Петар II во владичка облека
Билјардот на Петар II

Неговите лични предмети со текот на времето пропаѓале и неповратно исчезнувале. За таквата сосотојба допринеле промена на власта, војните, ширењето на Цетиње, а најмногу негрижата и несваќањето за нивното култутно и историско наследство. Владиката Петар ги чувал сите свои харти и лични предмети.

Без трага исчезнале неговата облека, оружје, пера, дивити и чибуци. Неговите книги со години биле разнесувани по цетинските школи и исчезнувале.

Од неговиот мебел, од сите слики и други лични работи преживеала само една фотеља. Преживеале неколку негови портрети и тоа надвор од Црна Гора. Неговиот билјард изгорел во хотелот на Дурмитор во 1942 година, кога партизаните го запалиле Жабљак.

Кулите и ѕидовите околу билјародт биле срушени, а самиот билјард бил преправен. Брестот кај билјардот бил посечен за да се направи споменик на убиениот крал Александар II Караѓорѓевиќ. Неговите топови биле одвлечени од австриунгарските сили и биле претопени. Исчезнале и неговите ракопсиси, дури и оние најважните: „Луча микрокозма“ и „Шќепан Мали“.

Наводи[уреди]

  1. П.П. Његош „Горски венец“, Мисла, Култура, Македонска книга, 1988, стр. 133 од поговорот на Димче Левков
  2. П.П. Његош „Горски венец“, Мисла, Култура, Македонска книга, 1988, стр. 134 од поговорот на Димче Левков
  3. П.П. Његош „Горски венец“, Мисла, Култура, Македонска книга, 1988, стр. 136 од поговорот на Димче Левков
  4. П.П. Његош „Горски венец“, Мисла, Култура, Македонска книга, 1988, стр. 136 од поговорот на Димче Левков
  5. П.П. Његош „Горски венец“, Мисла, Култура, Македонска книга, 1988, стр. 136 од поговорот на Димче Левков

Литература[уреди]

  • Андра Гавриловић: Историја српске и хрватске књижевности. Београд, 1910.
  • Милован Ђилас: Његош - пјесник, владар, владика. 1988. г.
  • Живко Брковић: Муке са великанима (НИН, 7.4.2005)

Надворешни врски[уреди]