22 ноември

Од Википедија, слободна енциклопедија

Скокни на: навигација, барај

Шаблон:Ноември 2008 22 ноември е 326-иот ден во годината според григоријанскиот календар (327-и во престапна година). Во астрологијата - првиот цел ден на хороскопскиот знак стрелец.Остануваат 39 денови до крајот на годината.

Настани:

1963  Во Далас, е убиен американскиот претседател Џон Кенеди (Фицџералд).
1991  Египетскиот политичар Бутрос Гали е избран за генерален секретар на Обединетите нации, а со тоа стана и прв Африканец и Арап избран на високата должност.

Родени:

1819  Мари ан Еванс, позната е под псевдонимот Џорџ Елиот, англиска писателка.
1869  Андре Жид, француски романописец, есеист и критичар.
1877  Ади Ендре, најпознат унгарски лиричар.
1890  Шарл де Гол, француски генерал и државник, претседател на Петтата француска република од 1959 година, голем светски политичар и борец против фашизмот.

Починале:

1900  Артур Саливен, познат британски композитор и диригент.
1916  Џек Лондон (вистинското име Џон Грифит), американски писател, социјалист, наречен американски Горки поради симпатиите спрема луѓето од дното.
1963  Џон Кенеди, претседател на САД.


Јануари | Февруари | Март | Април | Мај | Јуни | Јули | Август | Септември | Октомври | Ноември | Декември
Лични алатки