Филип IV (Шпанија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Филип IV од Шпанија
Крал на Шпанија
Крал на Португалија
[[File:Philippe IV espagne.jpg|frameless|alt=]]
Владеење 31 март 1621 – 17 септември 1665
Претходник Филип III од Шпанија
Наследник Карлос II од Шпанија
Придружник на Елизабет Бурбонска
Маријана Австриска
Татко Филип III од Шпанија
Мајка Маргарет Австриска

Филип IV бил крал на Шпанија во периодот од 1621 до 1665 година и крал на Португалија од 1621 до 1640 година. Тронот го наследил од татко му Филип III од Шпанија кога имал само 16 години, и исто како татко му немал ниту способност ниту некаква поголема желба за државност. Долговите на државата сè повеќе се зголемувале додека кралското семејство живеело во раскош на сметка на народот кој тонел во сиромаштија. Некогашната најмоќна династија започнала да се распаѓа од внатрешни и надворешни фактори. Во текот на неговото владеење водел војна со Холандија по која морал да ја признае нејзината независност во 1648 година. Војната со Франција исто така завршила со пораз и големи последици на Шпанија.

Следувале поголем број на востанија организирани од незадоволниот народ. Каталонците и Португалците во 1640 година дигнале востание преку кое Луј XIII бил прогласен за крал на Каталонија, а Жоао IV на Португалија. Од Шпанија успеала да се одели само Португалија.