Астрологија
Од Википедија
| Оваа статија не наведува никакви извори или референци. (октомври 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до доверливи извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
АСТРОЛОШКИ ЗНАК
Астролошките знаци ги претставува дванаесетте еднакви сегменти или делови на зодијакот. Според астрологијата, ѕвездениот феномен влијае со човечката активност на принцип „како горе, така доле“ такашто, дванаесетте знаци постојат за да ги претстават дванаесетте основни видови на личности или карактеристични начини за изразување.[1]
Во западната и индиската астролохија, дванаесетте знаци се поврзани со соѕвездија, додека во кинеската астрологија не постои поврзаност со соѕвездија туку едноставна линија на екваторот која е поделена на дванаесет еднакви сегменти.
Во западната и азиската астрологија, акцент се става на вселената и на движењето на сонцето, месечината и планетите на небото преку секој знак од зодијакот. Во кинеската астрологија, спротивно, се става акцент на времето, на зодијакот кој работи според циклуси за години, месеции часови од денот. Слична карактеристика на сите три традиции, сепак, е значењето на подзнакот или движечки знак, особено зодијачкиот знак кој е rising (како резултат на ротацијата на земјата) на источниот хоризонт во моментот на раѓање на лицето.
СОДРЖИНА
- Западни зодијачки знаци
- Зодијачки симболизам
- Дванаесетте знаци
- Четирите елементи
- Трите квалитети
- Дополнителни класификации
- Планетарни владеења
- Висока позиција и штета, восхитување и пад
- Планетарно достоинство
- Иотски или индијски зодијачки знаци
- Накстри
- Кинески знаци на зодијакот
- Зодијачки симболизам
- Дванаесетте знаци
- Четири триделности
- Петте елементи
- Исто така
- Референции
Западни зодијачки знаци
Знаците влијаат на енергијата на секоја планета на карактеристичен начин кога влегуваат во секој знак (и покрај резултат на ЦОНСИДЕРАТИОН исто така ќе бидат земени во обзир и други услови во астролошката карта како влијанието на аспектите на другите планети, и куќата во кои секоја од планетите паѓа). Секој знак е провезан со еден од класичните елементи (оган, земја, воздух или вода) и еден од трите квалитети или методи (кардинален, фиксен или променлив). Исто така е поврзано со значајна област: лична, социјална или универзална.
Зодијачки симболизам
Главна одредба: Астролошки симболи
Симболите употребени во западната астрологиа за претставување на астролошките знаци Оваа табела[2] ги прикажува латиските имиња на зодијаците со англиски превод. Исто така го прикажува елементот и квалитетот поврзан со секој знак.
Знак Англиско име Елемент Квалитет Овен The Ram Оган Кардинален Бик The Bull Земја Фиксен Близнаци The Twins Воздух Поменлив Рак The Crab Вода Кардинален Лав The Lion Оган Фиксен Девица The Virgin Земја Променив Вага The Scales Воздух Кардинален Шкорпија The Scorpion Вода Фиксен Стрелец The Archer Оган Променлив Јарец The Sea-goat Земја Кардинален Водолија The Water Carrier Воздух Фиксен Риби The Two Fish Вода Променлив
Дванаесетте знаци
Во западната астрологија зодијакот од дванаесет знаци ги претставува дванаесетте видови карактер. Зодијакот традиционално започнува со знакот на Овен. Следуваат дванаесетте знаци по редослед.
- - Овен (The Ram) (кардинален, Оган, персонален): Во астрологијата со Овенот владее планетата Марс. Сончевиот знак за Овен започнува со 21 март – 19 април.[3]
- - Бик (The Bull) (фиксиран, Замја, персонален): Во астрологијата со Бикот владее планетата Венера и за новите модерни астролози, астероид Ceres. Сончевиот знак започнува со 20 април – 20 мај.[4]
- - Близнаци (The Twins) (променлив, Воздух, персонален): Во астрологијата со Близнаците владее планетата Меркур. Сончевиот знак започнува со 21 мај – 21 јуни.[5]
- - Рак (The Crab) (кардинален, Вода, персонален): Во астрологијата со Ракот владее Месечината. Сончевиот знак започнува со 22 јуни – 22 јули.[6]
- - Лав (The Lion) (фиксиран, Оган, социјален): Во астрологијата со Лавот владее Сонцето. Сончевиот знак започнува со 23 јули – 22 август. [7]
- - Девица (The Virgin) (променлив, Замја, социјален): Постојат неколу дебати во однос на модерниот владетел на овој знак со Chiron, Палас, Веста and Церес кој често се смета за кандидат од страна на некои модерни астролози, но планетата Меркур е онаа која најчесто се користи автоматски за традиција на постоечки концензус меѓу модерни практиканти; Но, никој не знае далии кога ќе се случи ова. Сончевиот знак започнува со 23 август – 22 септември.[8]
- - Вага (The Scales) (кардинален, Водух, социјален): Во астрологијата со Вагата владее планетата Венера. Сончевиот знак започува со 23 септември – 23 октомври. [9]
- - Шкорпија (The Scorpion) (фиксиран, Вода, социјален): Во астрологијата со Шкорпијата владеат планетите Марс и Плуто. Сончевиот знак започнува со 24 октомври – 21 ноември. [10]
- - Стрелец (The Archer) (променлив, Оган, уневерзален): Во астрологијата со Стрелецот владее планетата Јупитер. Сончевиот знак започнува со 22 ноември – 21 декември. [11]
- - Јарец (The Sea-goat) (кардинален, Земја, универзален): Во астрологијата со Јарецот владее планетата Сатурн. Сончевиот знак започнува со 22 декември – 19 јануари. [12]
- - Водолија (The Water Carrier) (фиксиран, Водух, универзален):Во астрологијата со Водолијата владеат планетите Сатурн и Уран. [[]]Сончевиот знак за Водолија започнува со 20 јануари – 19 февруари. [13]
- - Риби (The Fish) (променлив, Вода, универзален): Во астрологијата со Рибите власеат планетите Јупитер и Нептун. Сончевиот знак започнува со 20 февруари – 20 март.[14]
Четирите елементи
Главна одредба: Тројност
Секој знак е поврзан со еден од класичните елементи (вода, оган, земја и воздух.) [15] Огнените и воздушните знаци се позитивни или екстовертни, машки знаци; Додека водените и земјените знаци се негативни, интровертни, женски знаци.
- Огнени знаци – Овен, Лав и Стрелец – огнот ги претставува посакуваните и креативните енергии. [16]
- Земјени знаци –Бик, Девица и Јарец – земјата ги претставува материјалните ресурси, средина и професија. [17]
- Воздушни знаци – Близнаци, Вага и Водолија – Воздухот го претставува интелектот и способноста да to reason и комуникација[18]
- Водени знаци – Рак, Шкорпија и Риби – Водата ја претставува имагинацијата, човечките чувства и способноста за сакање и sustain. [19]
Во неколку различнисистеми на верувања, четири се смета за земјен број, бидејќи постојат четири елементи. Вода, Воздух, Оган и Земја. Три се смета за божествен број а постојат три квалитети: Кардинален, Фиксен и Променлив. Три плус четири е еднакво на седум, број кој го претставува збирот на небото со земјата и the deliverance на нашите луѓе.
Трите квалитети
Квалитетите ги означуваат Знаците во четири копии, три од четири групи.[20] Тие повремено се означени како крстови бидејќи секој квалитет формира крст кога се повлекува низ зодијакот.Христијанската астрологија ги поврзува трите квалитети со трите аспекти на Господ во Тројството.
- Кардинални знаци (Овен, Рак, Вага и Јарец) се поврзани со иницијатива и креативност.
- Фиксни знаци (Бик, Лав, Шкорпија и Водолија) се поврзани со фокус, моќна концентрација, индивидуалност и одлучност.
- Променливи знаци (Близнаци, Девица, Стрелец и Риби) се поврзани со снаодливост и приспособливост. [21]
Дополнителни класификации
Додека познавањето на елементот и квалитетот на знакот е доволно за истиот да се дефинира, одредени други групирања[citation needed] може да се употребат за оние интереси за подобро разбирање на нивната симболика. Најчест е доследен циклус кој е во детали објаснет подолу. .[citation needed]Иако е најчесто користена за дефинирање на планети, исто така се користи и за знаци. Овој круг е употребуван како метафоричен опишувач на процесот на раѓање, развој и смрт, на луѓет, заедници па дури и на човештвото. [22]
- Персонални знаци –Овен, Бик, Близнаци и Рак – се принципиелно свесни и загрижени за себеси.
- Интерперсонални знаци – Лав, Девица, Вага и Шкорпија – се принципиелно свесни и загрижени за другите и општеството.
- Трансперсонални знаци – Стрелец, Јарец, Водолија, Риби – се принципиелно свесни и загрижени за човештвото. [23]
Планетарно владеење
Симболите кои се употребени во западна астрологија за претставување на астролошките планети
Во традиционална западна астрологија со секој знак владее една или само една од седумте видливи планети (запомнете дека во астрологија Сонцето и Месечината од страна на астролозите се наречени Светлата, додека другите тела се наречени планети што во буквален превод значи скитници,т.е. лутачки ѕвезди како спротивно на фиксирани ѕвезди). Традиционалните владеења се следниве: Овен (Марс), Бик (Венера), Близнаци (Меркур), Рак (Месечина), Лав (Сонце), Девица (Меркур), Вага (Венера), Шкорпија (Марс), Стрелец (Јупитер), Јарец (Сатурн), Водолија (Уран), Риби (Јупитер).[24]
Многумина модерни, психолошко-ориентирани астролози веруваат дека Уран претставува водич или ководич на Водолија наместо Сатурн, Нептун е водич или ководич на Риби наместо Јупитер и дека Плуто е водич или ководич на Шкорпија наместо Марс (други модерни астролози тврдат дека Плуто владее со Овен а не Марс). Некои други астролози веруваат дека астероид Ceres можеби е владател на Девица, додека пак, друга група астролози тврдат дека Ceres е владетел на Бик. Традиционалната астрологија да се држи до системот на владеење кој е претставен во горниот параграф и дебатата продолжува меѓу оние кои ново откриените планети ги сметаат за владетели или ковладетели на одредени знаци.
Како алтернатива, некои астролози ги користат поранешните планети Палас, Веста, Џуно и Хигиеја во нивните претставување и владеења, на пример Веста за Бик и Палас за Девица.
Некои астролози дури и воопшто не ги користат астролошките знаци (повеќето космобиологисти и ураниски астролози/Хамбуршка школа); Поради тоа не го земаат во предвид планетарното владеење и суштинските високи позиции кога се создава астролошка карта.
Висока позиција и штета, восхитување и пад
Традиционално астролошко верување е идејата дека Сонцето, Месечината и планетите се помоќни и поефективни кај некои знаци за разлика од други поради основната природа на двајцата е да се одржува хармонија. Спротивно на тоа, Сонцето, Месечината и планетите имаат за цел да најдат некои знаци кои се послаби или потешки за справување поради тоа што се смета дека конфликтот е во нивната природа. Најважни од овие категории се Висока позиција, Штета, Восхитување и Пад.
- Висока позиција и штета: Една планета е утврдена доколку паѓа на знакот со кој владее.Со други зборови се вели дека вежба владеење на знакот. На пример, Месечината во Рак се смета за „силна“ (угледна). Вилијам Лили, астролог од седумнаесетти век, го споредил владеењето со кралот на неговиот трон со значајна угледност. Доколку планетата е во знак спротивен на оној со кого владее (или е угледна), се смета дека е послаба или во Губиток, на пример Месечината во Јарец. [25]
Во традиционална астрологија, други нивоа на Возвишеност се признаени во однос на владеењето. Овие се познати како Воздигнување (види долу), Тројност , Услови или врскии израз или пад кои заедно се познати како опишувачи на планетарната суштинска висока позиција, квалитет или способност да се имаенува нечија вистинска природа. Повремени традиционални астролози како John Frawley or J Lee Lehman понатаму го објаснуваат концептот на Суштинска висока позиција.[26]
- Возвишување и пад: Според тоа, една планета е исто така зајакнета кога е во знак на Возвишување и пасивно одбиена или игнорирана од знакот во која е. Се смета дека Возвишувањето и дава на планетата (или она што го означува во Хорарна карта) висока позиција, со метафора на почестен гост – кој претставува центар на внимание но можноста за нивно дејствување е ограничена. Примери на планети во нивната возвишеност се: Сатурн (Вага), Сонце (Овен), Венера (Риби), Месечина (Бик), Меркур (Девица иако некои не се согласуваат со оваа класификација), Марс (Јарец), Јупитер (Рак). Планета во спротивен знак од нејзиното Возвишување се смета дека е во нејзин Пад (на пример, Месечина во Шкорпија), и иако ослабена, можеби изгледа во поголема Штета. Планета во пад е пасивно одбиена или игнорирана од знакот во кој е. Може да се поврзе со градоначалникот на градот во кој е дојдена обидувајќи се да направи предлози до градоначалникот-домаќин за тоа како треба да владее со својот град: На градоначалникот му е тешко да и поверува и не може да види како нејзиниот инпут ќе има важност за неговиот град. Луѓето во градот се чувствуваат исто како и нивниот водич. Резултатот е ќорсокак и неуспех од страна на градоначалникот и градот. [27]
Според суштинската висока позиција, традиционалниот астролог ја зема во предвид случајната висока позиција на планетите. Ова е поставување според куќите во картата која се истражува. Случајната висока позиција ја опишува способноста на планетата „за дејстување“. Затоа може да имаме, на пример, Месечина во Рак означена од страна на владеењето, поставена е во 12-та куќа и ќе има малку простор за да ја искаже нејзината добра природа. [28] 12-тата претставува кадентна куќа исто како 3-тата, 6-тата и 9-тата и планетите во овие куќи се сметаат за слаби или нажалени. Од друга страна, Месечина во 1-ва, 4-та, 7-ма или 10-та ќе може подобро да дејствува бидејќи овие се нарекуваат Аголни куќи. Планетите во Сукцесивните куќи од картата (2-ра, 5-та, 8-ма, 11-та) се смета дека имаат средна способност за дејствување. Покрај Случајната висока положба постојат различни Случајни немоќ како ретрогрдација,под сончевиот зрак, горење итн.
Планетарна висока позиција
Симбол Зодијачки знак Седиште Егзил Возвишување Пад
Бик Венера (старо); Ceres (ново) Плуто Месечина Уран
Близнаци Меркур Јупитер Северен јазол Јужен јазол
Рак Месечина Сатурн Јупитер и Нептун Марс
Девица Меркур Нептун Меркур Венера
Шкорпија Марс (старо); Плуто (ново) Ceres Уран Месечина
Стрелец Јупитер Меркур Јужен јазол Северен јазол
Јарец Сатурн Месечина Марс Јупитер и Нептун
Водолија Сатурн (старо); Уран (ново) Сонце Меркур Плуто
Риби Јупитер (старо); Нептун (ново) Меркур Венера Меркур
Иотски или индијски зодијачки знаци
Иотска астрологија признава дванаесет зодијачки знаци или Rashis:
Број Санскритско име Западно име Елемент 1 Meṣa „овен“ Овен (Κριός "ram") Оган 2 Vṛṣabha „бик“ Бик (Ταύρος „бик“) Земја 3 Mithuna „близнаци“ Близнаци (Δίδυμοι „близнаци“) Воздух 4 Karka „рак“ Рак (Καρκίνος „рак“) Вода 5 Siṃha „лав“ Лав (Λέων „лав“) Оган 6 Kanyā „девојка“ Девица (Παρθένος „девица“) Земја 7 Tula „баланс“ Вага (Ζυγός „баланс“) Воздух 8 Vṛścika „шкорпија“ Шкорпија (Σκoρπιός „шкорпија“) Вода 9 Dhanus „лак“ Стрелец (Τοξότης „стрелец“) Оган 10 Makara „морско чудовиште“ Јарец (Αἰγόκερως „коза со рогови“) Земја 11 Kumbha „фрлач“ Водолија (Ὑδροχόος „наливач на вода“) Воздух 12 Mīna „риба“ Риби (Ἰχθείς „риби“) Вода
Накстри
На дванаесетте зодијачки знаци не им е дадена истата застапеност во индиската астрологија како што се во западната традиција. Наместо акцент на системот од 27 (или 28) накстри или лунарни резиденции кои се користат во индиската астрологија од времето на Ведик. Накстрите се состојат од еднакви поделби на месечевата патека преку замислената патека на Сонцето и функционира на сличен начин како зодијачките знаци кои ги претставуваат различните видови на карактери. Се смета дека положбата на Месечината во одредена накстра во време на раѓање ќе даде силен знак за карактерот на лицето и видот на патеката по која ќе го следат во животот.
Кинески зодијачки знаци
За разлика од западните и индијските зодијаци, кинеските зодијачки знаци не потекнуваат од соѕвездија и не се поделени на делови од of the ecliptic. Наместо тоа, кинеските астролошки знаци работат со годишни циклуси, лунарни месеци и дво-часовни периоди од денот (исто познати како shichen). Особена карактеристика на кинескиот зодијак е неговата работа во шеесет годишен циклус во комбинација со петте елементи на кинеската астрологија (Дрво, Оган, Земја, Метал и Вода).
Зодијачки симболизам
Следнава табела ги претставува дванаесетте знаци и нивните атрибути.
Знак Јин/Јанг Direction Сезона Фиксен елемент Трикратност Стаорец Јанг Север Зима Вода 1-ва Вол Јин Север североисток Зима Земја 2-ра Тигар Јанг Исток североисток Пролет Дрво 3-та Зајак Јин Исток Пролет Дрво 4-та Змеј Јанг Исток југоисток Пролет Дрво 1-ва Змија Јин Југ југоисток Лето Оган 2-ра Коњ Јанг Југ Лето Оган 3-та Овца Јин Југ југозапад Лето Оган 4-та Мајмун Јанг Запад северозапад Есен Метал 1-ва Петел Јин Запад Есен Метал 2-ра Куче Јанг Запад северозапад Есен Метал 3-та Свиња Јин Север северозапад Зима Зима 4-та
Дванаесетте знаци
Карта која ги покажува 24 КАРДИНАЛНИ правци и симболите на знакот поврзани со нив. Во кинеската астрологија зодијакот на дванаесетте животински знаци претставува дванаесет различни видови карактери. Зодијакот традиционално започнува со знакот на Стаорецот и постојат многу приказни за потеклата на кинескиот зодијак кои објаснуваат зошто е тоа така. Кога дванаесетте зодијачки знаци се дел од шестгодипниот календар во комбинација со петте елементи, традиционално се нарекуваат дванаесетте земјени гранки. Следат дванаесетте зодијачки знаци. [29] 1. 子 Стаорец (Јанг, 1-ва трократност, Фиксиран елемент Вода): Во годините на Стаорецот се вклучени 1900, 1912, 1924, 1936, 1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008. Месецот на Стаорецот е 7 декември- 5 јануари и часовите се од 11pm.-1am. 2. 丑 Вол (Јин, 2-ра трократност, Фиксиран елемент Вода):Во годините наВолот се вклучени 1901, 1913, 1925, 1937, 1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009. Месецот на Волот е 6 јануари- 3 февруари и часовите на Волот се од 1am - 3am. 3. 寅 Тигар (Јанг, 3-та трократност, Фиксиран елемент Дрво): Во годините на Тигарот се вклучени [[1902], 1914, 1926, 1938, 1950, 1962, 1974, 1986, 1998. Месецот на Тигарот е 4 февруари – 5 март и часовите на Тигарот се 3am - 5am. 4. 卯 Зајак (Јин, 4-та трократност, Фиксиран елемент Дрво): Во годините на зајакот се вклучени 1903, 1915, 1927, 1939, 1951, 1963, 1975, 1987, 1999. Месецот на Зајакот е 6 март-4 април и часовите на Зајакот се 5am - 7am. 5. 辰 Змеј (Јанг, 1-ва трократност, Фиксиран елемент Дрво): Во годините на Змејот се вклучени 1904, 1916, 1928, 1940, 1952, 1964, 1976, 1988, 2000. Месоцет на Змејот е 5 април- 4 мај и часовите на Змејот се 7am - 9am. 6. 巳 Змија (Јин, 2-ра трократност, Фиксиран елемент Оган): Во годините на Змијата се вклучени 1905, 1917, 1929, 1941, 1953, 1965, 1977, 1989, 2001. Месецот на Змијата е 5 мај-5 јуни и часовите на Змијата се 9am - 11am. 7. 午 Коњ (Јанг, 3-та трократност, Фиксиран елемент Оган): Во годините на Коњот се вклучени 1906, 1918, 1930, 1942, 1954, 1966, 1978, 1990, 2002. Месецот на Коњот е 6 јуни-6 јули и часовите на Коњот се 11am - 1pm. 8. 未 Овца (Јин, 4-та трократност, Фиксиран елемент Оган): Во годините на Овцата се вклучени 1907, 1919, 1931, 1943, 1955, 1967, 1979, 1991, 2003. Месецот на Овца е 7 јули-7 август и часовите на Овцата се 1pm - 3pm. 9. 申 Мајмун (Јанг, 1-ва трократност, Фиксиран елемент Метал): Во годините на Мајмунот се вклучени 1908, 1920, 1932, 1944, 1956, 1968, 1980, 1992, 2004. Месецот на Мајмун е 8 август-7септември и часовите на мајмунот се 3pm - 5pm. 10. 酉 Петел (Јин, 2-ра трикратност, Фиксиран елемент Метал): Во годините на Петелот се вклучени 1909, 1921, 1933, 1945, 1957, 1969, 1981, 1993,2005. Месецот на Петелот е 8 септември-7 октомври и часовите на Петелот се 5pm - 7pm. 11. 戌 Куче (Јанг, 3-та трократност,Фиксиран елемент Метал): Во годината на Кучето се вклучени 1910, 1922, 1934, 1946, 1958, 1970, 1982, 1994, 2006. Месецот на Кучето е 8 октомври-7 ноември и часовите на Кучето се 7pm - 9pm. 12. 亥 Свиња (Јин, 4-та трикратност, Фиксиран елемент Вода): Во годините на Свињата се вклучени 1911, 1923, 1935, 1947, 1959, 1971, 1983, 1995, 2007. Месецот на Свињата е 8 ноември-6 декември а часовите на Свињата се 9pm - 11pm.
Четири триделности
Дванаесетте животински знаци исто така се поделени на четири категории, во секоја по три знаци, познати како trines
- Првата триделност
Првата триделност се состои од Стаорец, Змеј и Мајмун. Овие три знаци се интензивни и моќи индивидуи, способни за големо добро или големо зло.
- Втората триделност
Втората триделност се состои од Ox, Змија и Петел. Овие три сродни души го освојуваат животот преку издржливост, примена и спора акумулација на енергија.
- Третата триделност
Третата триделност се состои од Тигар, Коњ и Куче. Овие три знаци се бараат меѓусебно и се слични во нивната потрага по хуманитерни цели.
- Четвртата триделност
Четвртата триделност се состои од Зајак, Овца и Свиња. Потрагата кај овие три знаци е автентичноста и убавината на животот.
Петте елементи
Елементите во кинеската астрологија се разликуваат од нивните западни дупликати: Воздухот не е еден од елементите дефинирани од страна на кинескиот хороскоп. Наместо тоа, Дрвотот и Металот се елементите покрај Земјата, Огнот и Водата. Според тоа, елементите исто така владеат со различни карактерни аспекти и се означени со други различни работи како насока (север, југ, исток и запад), бои, сезони и планети. Карактеристиките на петте елементи се следниве: [30]
- Метал: Лицето со метал е сурово и решително во искажување и намера, со силни чувства. Насоката поврзана со Метал е запад, а сезоната пролет , што претставува фиксиран елемент за знаците Мајмун, Петел и Куче.
- Вода: Лицето со вода е комуникативен и убедувач, сочувствителен на други и добар во справување со чувства и емоции. Насоката поврзана со Вода е север, а сезоната зима, што го прави фиксиран елемент за Свиња, Стаорец и Вол.
- Дрво: Лицето со дрво има високи морали, самодоверба, отворено и добар соработник, со широки и различни интереси. Насоката поврзана со Дрво е исток, а сезоната пролет, што го прави фиксираниот елемент за животинските знаци Тигар, Зајак и Змеј.
- Оган: Лицето во оган има квалитети на водич и е решително, има самодоверба, позитивен е и наметлив. Насоката поврзана со Оган е југ, а сезоната лето, што го прави фиксиран елемент за животинските знаци Змија, Коњ и Овца.
- Земја: Лицето во земја е функционално, практично, цврсто, доверливо, организирано и педантно. Насоката поврзана со Земја е центарот. Некои кинески астролози Земјата ја поврзуваат со доцното лето.
Петте елементи соработуваат заедно со дванаесетте животински знаци и шеесет годишниот календар. Петте елементи во календарот се јавуваат и во нивните Јин и во нивните јанг форми и се познати како десетте небесни стебла. Кога се пресметува важната година на циклусот во однос на западниот календар, лесно правило кое треба да се следи е дека годините кои завршуваат на ист број се Јанг, а оние кои завршуваат со непарен број се Јин. Следен е циклусот:
- Доколку годината завршува со 0 е Јанг Метал.
- Доколку годината завршува со 1 е Јин Метал.
- Доколку годината завршува со 2 е Јанг Вода.
- Доколку годината завршува со 3 е Јин Вода.
- Доколку годината завршува со 4 е Јанг Дрво.
- Доколку годината завршува со 5 е Јин Дрво.
- Доколку годината завршува со 6 е Јанг Оган.
- Доколку годината завршува со 7 е Јин Оган.
- Доколку годината завршува со 8 е Јанг Земја.
- Доколку годината завршува со 9 е Јин Земја.
[уреди] Референци
1. ^ Jeff Mayo, Teach Yourself Astrology, p 35, Hodder and Stoughton, London, 1979
2. ^ "Zodiac." McGraw-Hill Encyclopedia of Science and Technology. The McGraw-Hill Companies, Inc., 2005. Answers.com 29 Nov. 2007. http://www.answers.com/topic/zodiac
3. ^ Robert Pelletier & Leonard Cataldo Ibid p 43, 1984; Maritha Pottenger, Ibid, pp 383 - 93, 1991
4. ^ "Astrology Zone with Susan Miller." Susan Miller 1998-2007. astrologyzone.com about Fire signs http://www.astrologyzone.com/tools/fire.html
5. ^ "Astrology Zone with Susan Miller." Susan Miller 1998-2007. astrologyzone.com about Earth signs http://www.astrologyzone.com/tools/earth.html
6. ^ "Astrology Zone with Susan Miller." Susan Miller 1998-2007. astrologyzone.com about Air signs http://www.astrologyzone.com/tools/air.html
7. ^ "Astrology Zone with Susan Miller." Susan Miller 1998-2007. astrologyzone.com about Water signs http://www.astrologyzone.com/tools/water.html
8. ^ Robert Pelletier & Leonard Cataldo Ibid p 44 , 1984; Maritha Pottenger, Ibid, pp 383 - 93, 1991
9. ^ "The Three Qualities: Cardinal, Fixed And Mutable ." Astrology Info 2007. astrology-info.com 25 Nov.2007. http://www.astrology-info.com/qualities
10. ^ “Introduction to Astrology”. Self Healing Australia. 26 Nov.2007. http://www.self-healing.com.au/ASTRO/introast.html
11. ^ "An Introduction to Astrology." Spiritsingles.com 25 Nov.2007. http://www.spiritsingles.com/Astrology/aboutAstrology.cfm
12. ^ "Rulerships." Carol Wills 2007. astrologynow.com 25 Nov.2007. http://www.astrologynow.com/carolwillis/Rulerships.txt
13. ^ a b c “Glossary of Astrological Terms”. Logos, Asaa 1998-2004. 26 Nov 2007. http://logosastrology.dk/glossary.htm
14. ^ “Accidental Dignity”. Astrological Dictionary 1998-2007. gotohoroscope.com. 26 Nov 2007. http://www.gotohoroscope.com/dictionary/astrological/5.html
15. ^ The Essentials of Vedic Astrology, by Komilla Sutton, The Wessex Astrologer Ltd, 1999, England, pp.74-92.
16. ^ The Essentials of Vedic Astrology, by Komilla Sutton, The Wessex Astrologer Ltd, 1999, England, p.168.
17. ^ Theodora Lau, Ibid, pp2-8, 30-5, 60-4, 88-94, 118-24, 148-53, 178-84, 208-13, 238-44, 270-78, 306-12, 338-44, 2005
18. ^ Theodora Lau, Ibid, ppxxx- xxxvi, 2005