Близнаци (хороскопски знак)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Близнаци
Астрологија
Astrologyproject.svg
Почетоци
Историја на астрологијата
Историја на астрономијата
Астрологија и астрономија
Традиции
Вавилонска астрологија
Арапска и персиска астрологија
Кинеска астрологија
Египетска астрологија
Хеленско-римска астрологија
Индиска астрологија
Исламска астрологија
Сидерална астрологија
Западна астрологија
Видови
Хороскоп
Натална астрологија
Годишен хороскоп
Хорарна астрологија
Мундана астрологија
Категории
Астролози
Портал:Астрологија


Хороскопскиот знак Близнаци (латински: Gemini, грчки: Δίδυμοι) го носат оние кои што се родени помеѓу 21 мај и 20 јуни.Со овој знак владее планетата Меркур. Симболот близнаци е слика на поврзан пар, или римскиот број за два.

На патување низ зодијакот[уреди]

На третиот степен од човештвото, децата стануваат свесни заразликите и се љубопитни да откријат повеќе за светот околу нив. Тоа е жед за знаење: комбинацијата на позитивен променлив воздух, дава објективен, прилагодлив тип на човек, а владетелот Меркур го додава нагонот за комуникација и поврзување на идеите и луѓето.

Мотивација[уреди]

Уште како дете, овој човек е привлечен од сè што е ново, и постојано прашува за сè што гледа и слуша. Секогаш е подготвен да го смени мислењето поради светлината на новите информации, го прави да изгледа недоверлив. Близнаците повеќе сакаат да ги заобиколат проблемите, отколку да се соочат со нив. Интелигенцијата ја користат за брзо снаоѓање и импровизации. Сакаат брзо да ги завршат обврските. Негово мото: „Ќе ја обиколам Земјата за четириесет минути.“

Работа и интереси[уреди]

На Близнаците им треба промена и стимулација за да функционираат најдобро. Многу брзо им здосадува рутинска работа, и не можат да седат мирни. Им треба професија што нуди движење, контакти со луѓе и размена на информации. Затоа се истакнуваат во светот на новинарството, подучувањето и сите форми на медиуми. Природни лингвисти се, добри преведувачи, одлични како агенти за продажба, и уживаат во работа со деца и млади. Сакаат да читаат, да пешачат и да танцуваат.

Во односи[уреди]

Со Близнаците повеќе владее главата отколку срцето, и сметаат дека е природно да имаат врски со различни луѓе во исто време. Понекогаш се нестабилни во чувствата, но сепак се во потрага по „другата половина“ и заеднички живот. Пријателството со нив е забавно, и подговтени се да им помагаат на другите.

Домашен живот[уреди]

Подгответе се на изненадување при посета на овие луѓе. Мебелот може да биде насекаде, и можно е секогаш да ги начекате при ново декорирање на домот. Ќе ги дознаете од нив најновите информации за заедничките познаници, за најпродаваната книга, за најгледаниот филм. Близнаците не ги оставаат своите пријатели да си заминат брзо, па сигурно до доцна ќе муабетите. Жената Близнаци ќе ви ги покаже најновите кујнски апарати, иако не е надарена готвачка, а машкото Близнаци ќе ви објасни како да стигнете дома по најкраткиот пат. Близнаците родители се спријателуваат со своите деца, и секогаш ќе се трудат да им го оозможат најдоброто образование.

Зборови кои ги опишуваат Близнаците[уреди]

Важи и за двата пола: промислени, многустрани, прилагодливи, ведри, дружељубиви, флексибилни, остроумни, зборлести. Понекогаш знаат да бидат: лажливи, нестабилни, нерешителни, недоследни, душкала, површни.

Користена литература[уреди]

  • Марион Марч и Џоан Мекеверс: „Астрологија: основни начела“, Дечје новине, Горњи Милановац, 1994.
  • Линда Гудман: „Сончеви знаци“, Белград, 1987.
  • Миле Дупор: „Не верувајте, проверете“, Белград.