Девица (хороскопски знак)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Девица

Девица (латински: Virgo, грчки: Παρθένος) е хороскопски знак кој го носат оние родените помеѓу 24 август и 23 септември. Со овој знак владее планетата Меркур. Симболот Знакот на девицата сугерира на женските органи.

На пат низ зодијакот[уреди]

На шестиот стадиум, човекот бара перфекција на сите физички форми и им служи до крај. Се појавува желбата за прецизност во работата, во комуникацијата и во секојдневниот живот. Комбинацијата на негативна променлива земја, на Девицата ѝ дава способност да се прилагоди кон реалноста на материјалниот свет.

Мотивација[уреди]

Девицата е практична и многустрана, има здрав разум и способност за анализа. Сликата која ја претставува Девицата најчесто е девојка која носи клас жито, а тоа е знак на потенцијална плодност и заштита на сите мали нешта кои растат. Девицата избегнува да биде о центарот на вниманието, и збунета е од пофалби. Самокритична е и свесна за грешките, и свои и туѓи.

Во работа и интереси[уреди]

Девица не одговара за менаџерска работа, бидејќи ќе се вплетка во деталите до бескрај, па нема да биде во состојба да ја види „шумата од дрвјата“. Девиците се најсреќни кога работат на одговорно место, но без одговорност, односно под нечие раководство. Се истакнува во згрижувачки (социјална помош, работа со деца и бебиња) или просветни професии, а може да се најде во професиите како што се: секретарка, библиотекар или техничар. Девиците се вешти кога работат со раце, затоа е добра за занаети. Забележителна е нејзината љубов кон домашните миленичиња, посебно кон мачките. Не сака да спортува, а одморот го користи за читање книги или уредување на градината.

Во односи[уреди]

Девиците бараат стабилен партнер, кој може да им понуди сигурност. Тешко им е да ги покажат чувствата, и потребно им е постојано вербално убедување дека се сакани. Многу пребираат, и никако не поднесуваат вулгарности. Името на знакот означува чистота, односно целибат, но Девиците не тежнеат кон тоа, иако најлесно ќе го поднесат од сите други знаци.

Домашен живот[уреди]

На прв поглед, домот на Девицата изгледа како да е страница од некое списание, неизвалкан, нерастурен, со едноставни линии. Не заборавајте да ги избришете чевлите пред да влезете. Жената Девица е способна во исто време да ги гледа своите деца, да помага во локалното училиште и да го води домаќинството како што треба. Ќе ве угости со заборавените вкусови на домашен леб, печени костени и варено вино. Машкото Девица има свое хоби, можеби работилница каде што прави корисни предмети за по дома. Навечер во домот се игра шах, или се читаат книги. Девиците родители се секогаш загрижени за здравјето на своите деца, но секогаш подготвени да ги ислушаат и да ги охрабрат во нивниот развој.

Зборови што ја опишуваат Девицата[уреди]

Важи и за двата пола: прецизна, аналитична, критична, грижлива, совесна, посветена, ефикасна, умерена, методична, практична, штедлива. Понекогаш може да биде: ситничарка, полна со предрасуди, педантна, нерешителна, зборлеста.

Користена литература[уреди]

  • Марион Марч и Џоан Мекеверс: „Астрологија: основни начела“, Дечје новине, Горњи Милановац, 1994.
  • Линда Гудман: „Сончеви знаци“, Белград, 1987.
  • Миле Дупор: „Не верувајте, проверете“, Белград.