Кинеска астрологија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Астрологија
Почетоци
Историја на астрологијата
Историја на астрономијата
Астрологија и астрономија
Традиции
Вавилонска астрологија
Арапска и персиска астрологија
Кинеска астрологија
Египетска астрологија
Хеленско-римска астрологија
Индиска астрологија
Исламска астрологија
Сидерална астрологија
Западна астрологија
Видови
Хороскоп
Натална астрологија
Годишен хороскоп
Хорарна астрологија
Мундана астрологија
Категории
Астролози
Портал:Астрологија


Кинескиот зодијак е заснован врз циклус од 12 години. Секоја година од тој циклус е именувана според едно животно, а секое животно има различни одлики.

Кинескиот хороскоп го користи кинескиот календар, кој е различен од оној што го користи западната астрологија.

Историја[уреди | уреди извор]

Европејците отсекогаш биле повеќе заинтересирани за интригантната предвидувачка алатка, „Книгата на промени“ или „И Чинг“, отколку за кинеската астрологија. Релативната географска изолација на Кина го оправдува ова. Но, интересно е дека наталната астрологија се развила во Кина во времето околу преминот кон новата ера, значиво исто време кога на запад ја развиле Грците и Персијците.

Најстариот за нас познат кинески астролог е Веи Нинг, кој е роден меѓу 550 и 589 година, но речиси ништо не е познато за неговиот придонес, ниту за неговите претходници или наследници.[1]

Древните кинески астрономи ги нарекле петте најблиски планети според имињата на петте елементи:

Системот од дванаесет годишен циклус на животни бил создаден според орбитата на Јупитер. Следејќи ја орбитата на Јупитер околу Сонцето, кинеските астролози го поделиле небесниот круг на 12 делови, заокружени во 12 години.

Систем на работа[уреди | уреди извор]

Годишниот циклус ги содржи петте елементи (дрво, оган, земја, метал и вода) во нивните јин и јанг форми. Годините односно знаците се наречени според 12-те животни: Глушец, Вол, Тигар, Зајак, Змеј, Змија, Коњ, Коза, Мајмун, Петел, Куче и Свиња.

Комбинирањето на сето ова дава 60-годишен циклус, кој започнува со „Јанг Дрвен Глушец“ и завршува со „Јин Водена Свиња“. Годината која завршува со парен број е „јанг“, а со непарен е „јин“. Овој циклус тече на овој начин:

  • Ако годината заршува со 0 тоа е јанг метал.
  • Ако годината заршува со 1 тоа е јин метал.
  • Ако годината заршува со 2 тоа е јанг вода.
  • Ако годината заршува со 3 тоа е јин вода.
  • Ако годината заршува со 4 тоа е јанг дрво.
  • Ако годината заршува со 5 тоа е јин дрво.
  • Ако годината заршува со 6 тоа е јанг оган.
  • Ако годината заршува со 7 тоа е јин оган.
  • Ако годината заршува со 8 тоа е јанг земја.
  • Ако годината заршува со 9 тоа е јин земја.

Кинескиот зодијак го следи кинескиот календар, каде Нова година не е на 1 јануари како што е случај со грегоријанскиот календар. Според тоа, некој што е роден во јануари или на почетокот на февруари, според кинескиот хороскоп се смета како да е роден во претходната година.

Табела на кинеските знаци[уреди | уреди извор]

Нареднава табела го содржи еден 60-годишен циклус, од 1924 - 2043 година.

Забелешка: Кинеските симболи во табелата за знаците се користат само во астрологијата.

  Година Симболичен Небесна Земјена Симболично Година
1924 - 1983 елемент основа гранка животно 1984 - 2043
1 05 фев 1924 - 23 јан 1925 јанг дрво Глушец 02 фев 1984 - 19 фев 1985
2 24 јан 1925 - 11 фев 1926 јин дрво Вол 20 фев 1985 - 08 фев 1986
3 12 фев 1926 - 01 фев 1927 јанг оган Тигар 09 фев 1986 - 28 јан 1987
4 02 фев 1927 - 21 јан 1928 јин оган Зајак 29 јан 1987 - 16 фев 1988
5 22 јан 1928 - 08 фев 1929 јанг земја Змеј 17 фев 1988 - 05 фев 1989
6 09 фев 1929 - 28 јан 1930 јин земја Змија 06 фев 1989 - 26 јан 1990
7 29 јан 1930 - 16 фев 1931 јанг метал Коњ 27 јан 1990 - 14 фев 1991
8 17 фев 1931 - 05 фев 1932 јин метал Коза 15 фев 1991 - 03 фев 1992
9 06 фев 1932 - 24 јан 1933 јанг вода Мајмун 04 фев 1992 - 22 јан 1993
10 25 јан 1933 - 13 фев 1934 јин вода Петел 23 јан 1993 - 09 фев 1994
11 14 фев 1934 - 02 фев 1935 јанг дрво Куче 10 фев 1994 - 30 јан 1995
12 03 фев 1935 - 23 јан 1936 јин дрво Свиња 31 јан 1995 - 18 фев 1996
13 24 јан 1936 - 10 фев 1937 јанг оган Глушец 19 фев 1996 - 06 фев 1997
14 11 фев 1937 - 30 јан 1938 јин оган Вол 07 фев 1997 - 27 јан 1998
15 31 јан 1938 - 18 фев 1939 јанг земја Тигар 28 јан 1998 - 15 фев 1999
16 19 фев 1939 - 07 фев 1940 јин земја Зајак 16 фев 1999 - 04 фев 2000
17 08 фев 1940 - 26 јан 1941 јанг метал Змеј 05 фев 2000 - 23 јан 2001
18 27 јан 1941 - 14 фев 1942 јин метал Змија 24 јан 2001 - 11 фев 2002
19 15 фев 1942 - 03 фев 1943 јанг вода Коњ 12 фев 2002 - 31 јан 2003
20 04 фев 1943 - 24 јан 1944 јин вода Коза 01 фев 2003 - 21 јан 2004
21 25 јан 1944 - 11 фев 1945 јанг дрво Мајмун 22 јан 2004 - 08 фев 2005
22 12 фев 1945 - 01 фев 1946 јин дрво Петел 09 фев 2005 - 28 јан 2006
23 02 фев 1946 - 21 јан 1947 јанг оган Куче 29 јан 2006 - 17 фев 2007
24 22 јан 1947 - 09 фев 1948 јин оган Свиња 18 фев 2007 - 06 фев 2008
25 10 фев 1948 - 28 јан 1949 јанг земја Глушец 07 фев 2008 - 25 јан 2009
26 29 јан 1949 - 15 фев 1950 јин земја Вол 26 јан 2009 - 13 фев 2010
27 16 фев 1950 - 05 фев 1951 јанг метал Тигар 14 фев 2010 - 02 фев 2011
28 06 фев 1951 - 25 јан 1952 јин метал Зајак 03 фев 2011 - 22 јан 2012
29 26 јан 1952 - 13 фев 1953 јанг вода Змеј 23 јан 2012 - 09 фев 2013
30 14 фев 1953 - 02 фев 1954 јин вода Змија 10 фев 2013 - 30 јан 2014
31 03 фев 1954 - 23 јан 1955 јанг дрво Коњ 31 јан 2014 - 18 фев 2015
32 24 јан 1955 - 10 фев 1956 јин дрво Коза 19 фев 2015 - 07 фев 2016
33 11 фев 1956 - 29 јан 1957 јанг оган Мајмун 08 фев 2016 - 27 јан 2017
34 30 јан 1957 - 17 фев 1958 јин оган Петел 28 јан 2017 - 18 фев 2018
35 18 фев 1958 - 06 фев 1959 јанг земја Куче 19 фев 2018 - 04 фев 2019
36 07 фев 1959 - 27 јан 1960 јин земја Свиња 05 фев 2019 - 24 јан 2020
37 28 јан 1960 - 14 фев 1961 јанг метал Глушец 25 јан 2020 - 11 фев 2021
38 15 фев 1961 - 04 фев 1962 јин метал Вол 12 фев 2021 - 31 јан 2022
39 05 фев 1962 - 24 јан 1963 јанг вода Тигар 01 фев 2022 - 21 јан 2023
40 25 јан 1963 - 12 фев 1964 јин вода Зајак 22 јан 2023 - 09 фев 2024
41 13 фев 1964 - 31 јан 1965 јанг дрво Змеј 10 фев 2024 - 28 јан 2025
42 01 фев 1965 - 20 јан 1966 јин дрво Змија 29 јан 2025 - 16 фев 2026
43 21 јан 1966 - 08 фев 1967 јанг оган Коњ 17 фев 2026 - 05 фев 2027
44 09 фев 1967 - 29 јан 1968 јин оган Коза 06 фев 2027 - 25 јан 2028
45 30 јан 1968 - 15 фев 1969 јанг земја Мајмун 26 јан 2028 - 12 фев 2029
46 16 фев 1969 - 05 фев 1970 јин земја Петел 13 фев 2029 - 02 фев 2030
47 06 фев 1970 - 25 јан 1971 јанг метал Куче 03 фев 2030 - 22 јан 2031
48 26 јан 1971 - 14 фев 1972 јин метал Свиња 23 јан 2031 - 10 фев 2032
49 15 фев 1972 - 02 фев 1973 јанг вода Глушец 11 фев 2032 - 30 јан 2033
50 03 фев 1973 - 23 јан 1974 јин вода Вол 31 јан 2033 - 18 фев 2034
51 24 јан 1974 - 10 фев 1975 јанг дрво Тигар 19 фев 2034 - 07 фев 2035
52 11 фев 1975 - 30 јан 1976 јин дрво Зајак 08 фев 2035 - 27 јан 2036
53 31 јан 1976 - 17 фев 1977 јанг оган Змеј 28 јан 2036 - 14 фев 2037
54 18 фев 1977 - 06 фев 1978 јин оган Змија 15 фев 2037 - 03 фев 2038
55 07 фев 1978 - 27 јан 1979 јанг земја Коњ 04 фев 2038 - 23 јан 2039
56 28 јан 1979 - 15 фев 1980 јин земја Коза 24 јан 2039 - 11 фев 2040
57 16 фев 1980 - 04 фев 1981 јанг метал Мајмун 12 фев 2040 - 31 јан 2041
58 05 фев 1981 - 24 јан 1982 јин метал Петел 01 фев 2041 - 21 јан 2042
59 25 јан 1982 - 12 фев 1983 јанг вода Куче 22 јан 2042 - 09 фев 2043
60 13 фев 1983 - 01 фев 1984 јин вода Свиња 10 фев 2043 - 29 јан 2044

Петте елементи[уреди | уреди извор]

Главна статија: Петте елементи

Според теоријата на „Ву сјинг“, структурата на вселената ги одразува петте елементи. Секој елемент има серија од сложени асоцијации. Доктрината на петте фази во себе содржи два циклуса: создавање и уништување. Тоа се циклусите на балансирање, кои претставуваат јин и јанг – премин на енергијата од добро во зло.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Николас Кампион: Вовед во историја на астрологијата, стр. 31.

Извори[уреди | уреди извор]

  • Shelly Wu. (2005). Chinese Astrology. Publisher: The Career Press, Inc. ISBN 1-56414-796-7