Земјени знаци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дванаесетте знаци на зодијакот, минијатури од книга со часови. (Небото: Ред и хаос од Жан-Пјер Верде, од серијата „Нови хоризонти“)

Во астрологијата постои поделба на знаците според четирите елементи: оган, земја, воздух и вода. Земјените знаци се сметаат за знаци со приземна енергија. Земјата е цврст елемент, материја што може да се фати, за разлика од огнот, воздухот или водата. Земјата е отпорна на огнот, воздухот не ја придвижува, но затоа водата може да ја натопи.

Сите земјени знаци ги ценат нештата со смисла, го ценат видливото, материјалното, она што може да се допре, да се види, да се чуе или да се вкуси.

Земјените знаци се асоцијација и на сите манифестации на земјата: поле или нива (Бикот), плажа или брег (Девицата), и планина или карпи (Јарецот). Тие стојат цврсто на земја, практични се и конструктивни.

Земјени знаци[уреди | уреди извор]

  • Бикот е оној што сее.
  • Девицата ги негува билките, ги одржува во живот.
  • Јарецот организира маркетинг за продажба.

Поврзано[уреди | уреди извор]