Стрелец (хороскопски знак)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Стрелец

Хороскопскиот знак Стрелец (латински: Sagittarius) го носат оние кои што се родени помеѓу 22 ноември и 21 декември.Со овој знак владее планетата Јупитер. Симболот Знакот на стрелецот ја претставува стрелата.

На пат низ зодијакот[уреди]

На деветиот степен, човекот ги надминува своите животински инстинкти, и го започнува духовното патување. Се појавува потрага по слободата. Кога променливоста ќе се додаде на позитивниот оган, пламенот се врти во сите правци, па се појавува ентузијазмот и оптимизмот на владетелот Јупитер.

Стрелецот се обидува да види подалеку, да летне повисоко. Додека Близанците прашуваат, Стрелецот е во потрага по животната философија. Не е водач, како Овенот или Лавот, туку го носи светлото на знаењето. Стрелците се ментално и физички неуморни, и не можат да седат на едно место. Ја достигнуваат и ја сакаат слободата, без страв од ризици и опасни потфати. Немаат грижи за минатото или иднината, туку уживаат во сегашноста, а тоа ги прави секогаш да имаат младешки дух.

Во работа и интереси[уреди]

Малкумина Стрелци се решаваат за постојана работа, а повеќето од нив се подобри како приватни сопственици на бизнис, каде самите ќе си ги одредуваат границите и просторот за работа. Сепак, најголемиот број философи, мудреци и свештеници се Стрелци во хороскоп, затоа што уживаат во двобој со зборови и со хумор. Стрелците добро се снаоѓаат и во правните професии, но и во високото образование и во било која професија која подразбира контакт со странство и странци.

Кога е спортот во прашање, најистакнати се во спортови на двајца играчи: тенис, мечување, снукер, стрелаштво, или во коњичките спортови.

Во односи[уреди]

Стрелците се интересираат за луѓето и лесно им оди од рака да создаваат нови пријателства. Во љубовта се плашат од врзување, и бараат партнер кој ќе им биде пријател кој не поставува посесивни барања, и кој ќе им ја дозволи слободата што им е потребна.

Домашен живот[уреди]

Домот на Стрелците е едноставно место, иако од надвор може да е простран, со скалила и широки тераси. Собите се светли украсени со предмети донесени од патувањата. Било кога да се појавите кај нив на гости, Стрелците седенката ќе ја претворат во вистинска забава. Храната е на самопослужување, а вино се точи постојано. Стрелците родители на своите деца им обезбедуваат соба преполна со опрема за забава. Од кај нив ќе си заминете исцрпени, но инспирирани да ги проширите своите активности.

Зборови кои ги опишуваат Стрелците[уреди]

Важи за двата пола: доверливи, философски настроени, со широки мисли, охрабрувачки, ведри, слободни, пријателски расположени, многустрани.

Понекогаш: екстравагантни, екстремни, невнимателни, недоследни.

Користена литература[уреди]

  • Марион Марч и Џоан Мекеверс: „Астрологија: основни начела“, Дечје новине, Горњи Милановац, 1994.
  • Линда Гудман: „Сончеви знаци“, Белград, 1987.
  • Миле Дупор: „Не верувајте, проверете“, Белград.