Мундана астрологија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Астрологија
Почетоци
Историја на астрологијата
Историја на астрономијата
Астрологија и астрономија
Традиции
Вавилонска астрологија
Арапска и персиска астрологија
Кинеска астрологија
Египетска астрологија
Хеленско-римска астрологија
Индиска астрологија
Исламска астрологија
Сидерална астрологија
Западна астрологија
Видови
Хороскоп
Натална астрологија
Годишен хороскоп
Хорарна астрологија
Мундана астрологија
Категории
Астролози
Портал:Астрологија



Мундана астрологија е употребата на астрологијата за предвидување на светските настани (војни, револуции, промена на влади, глад, економски просперитет или кризи, земјотреси), а името доаѓа од латинскиот збор Mundus, со значење „свет“. Мунданата астрологија се смета за најстара гранка на астрологијата. Во среден век мунданата астрологија била позната како студија за револуцијата - со значење: студија за револуцијата на планетите по нивните орбити околу Земјата, бидејќи се сметало дека сè се врти околу Земјата.

Преглед[уреди | уреди извор]

Во книгата на Птоломеј „Тетра Библос“, од 2 век, објаснета е посебноста на сите народи, а со тоа и нивната сродност со одредени зодијачки знаци. Птоломеј вели дека разноликоста на сите земји доаѓа од координатите и аглите кои се создаваат со Сонцето. Птоломеј вели:

Целиот населен свет е поделен на четири дела. Земјата по ширина е поделена на со линија која оди по Средоземно Море, од Херкуловата врата и Изиканскиот Залив, и продолжува по планините кон исток. По должина е поделена со линијата која иде долж Арапскиот Залив, Егејското Море и Меотското Езеро.

Птоломеј натаму ја сместува Европа и земјите кои постоеле тоа време во северозападниот квадрант, кој според него е во релација со знаците Овен, Лав и Стрелец, и вели дека од сите земји, само Британија и Германија имаат сличност со Овенот и неговиот владетел Марс (астрологија): нивните жители се воинствени, диви и храбри. И така натаму.

Зачудувачки е фактот што Британија и Германија до денес се под влијание на транзитите на големите планети низ знакот Овен.

Новооткриените земји, и оние кои се формирани во поново време, исто така имаат свој хороскоп. Датумот и часот на прогласувањето на независноста на Америка, на пример, го одредува хороскопот на САД, а бидејќи знакот Близнаци во тој момент се наоѓал на асцедент (односно подзнак), тие ѝ го даваат карактерот и идентитетот на новата нација.

Еве еден пример: подзнакот на градот Лондон се наоѓа на 17°54` во Близнаци, а тоа го утврдил во 17 век познатиот астролог Вилијам Лили. Тој забележал дека ѕвездата наречена Бета Таурусили Белатрикс се приближува до асцедентот на Лондон, и 15 години порано го предвидел големиот пожар. Кога Белатрикс била на 17°20`, почнало да се чувствува нејзиното влијание. Најпрво во Лондон избила чума, потоа граѓанска војна, а кога Белатрикс дошла на 17°40`, на кралот му е отсечена главата. Кога Белатрикс поминала точно на 17°54`, Лондон изгорел во пожар.[1]

Поделба на земјите по знаци[уреди | уреди извор]

Еве список на некои од најкарактеристичните поделби на земјите и градовите според зодијачките знаци:

  • Овен - Британија, Германија, Данска, Палестина, Сирија. Градови - Краков, Фиренца, Мрсеј, Неапол, Падова, Верона, Бирмингем.
  • Бик - Мала Азија, Кипар, Кавказ, Персија, Полска, Ирска, Белорусија. Градови - Даблин, Лајпциг, Мантова, Парма, Палермо, Родос.
  • Близнаци - Западна Англија, САД, североисточниот брег на Африка, Ломбардија, Белгија. Градови - Лондон, Версај, Нирнберг, Мелбурн.
  • Рак - Шкотска, Холандија, Нов Зеланд, северна и западна Африка. Градови - Амстердам, Истанбул, Алжир, Берн, Манчестер, Милано, Њујорк, Стокхолм, Венеција.
  • Лав - Франција, Италија, Сицилија. Градови - Рим, Бристол, Дамаск, Прага, Филаделфија.
  • Девица - Турција, Грција, Тесалија, Швајцарија. Градови - Париз, Лион, Ерусалим.
  • Вага - дел од Тибет, Кина, делови на Индија, Јапонија, Австрија. Градови - Франкфурт, Лисабон, Виена.
  • Скорпија - Алжир, Норвешка, Кталонија. Градови - Ливерпул, Франфурт.
  • Стрелец - Шпанија, Унгарија, Далмација. Градови - Авињон, Келн, Толедо, Штутгарт.
  • Јарец - Индија, Авганистан, Албанија, Мексико. Градови - Оксфорд, Брисел, Портсајд.
  • Водолија - Русија, Етиопија. Градови - Бремен, Хамбург.
  • Риби - Португалија, Калабрија, Нормандија, Галисија. Градови - Александрија, Севиља, Тивертон.[2]

Роденденот на Македонија - 8 септември, ја сместува во знакот Девица.

Толкување на хороскоп на земја[уреди | уреди извор]

За да се изработи хороскоп на некоја земја, треба да го знаеме точниот датум и часот на прогласување независност или создавање на државата. Годишен хороскоп за земјата се работи на влегувањето на Сонцето на 0° Овен. Со тоа започнува новата мундана година. Се анализира поставеноста на планетите, знаците кои влегуваат во одредени полиња, и секако - аспектите меѓу планетите. Важни показатели на настани се фиксните ѕвезди, но само доколку прават аспект во рамките на еден степен.

Планетите[уреди | уреди извор]

Значењето на планетите во мунданата астрологија:

  • Сонце - го претставува владетелот (кралот или претседателот на државата), и сите авторитетни луѓе во таа држава.
  • Месечина - го симболизира народот, обичните луѓе, но и жените воопшто.
  • Меркур - го претставува интелектуалниот свет, весниците, медиумите, литературата, трговијата, амбасадите и сите луѓе кои се занимаваат со овие професии.
  • Венера - ги претставува уметниците, сликарите, музичарите, глумците, децата, љубовта, наталитетот и бракот воопшто.
  • Марс - војни, пожари, војска, морнарица, полиција, војници, хирурзи, односно сите професии кои користат со оружје или остри метални предмети.
  • Јупитер - религијата, филозофијата, правото и правосудството, банките, богатите луѓе, почитуваните луѓе, трговијата со странство, и претставниците на тие професии.
  • Сатурн - рудници, земјоделство, фармерите, но и сиромашните и работниците кои работат тешки физички работи.
  • Уран - комунизам, братство, но и револуции, штрајкови и анахија. Владее со модерната технологија, со сообраќајот, авионите, електрониката и научните откритија.
  • Нептун - христијанство, мистика, но и дрога, алкохол, хаос, лаги, кражби, интриги, тајни здружеија, пороци и слично.
  • Плутон - е симбол на смртта и фатални масовни настани, несреќи, масакри, масовни самоубиства, масовно лудило. Исто така ги претставува терористите, атентаторите, како и малите стабилни структури кои ја напаѓаат власта.

Астролошките куќи[уреди | уреди извор]

Како и во наталната карта која се изработува за луѓето, така и во хороскопот на земјата постојат 12 хороскопски куќи или полиња. Нивното значење е:
Прво поле - народот, општа состојба во земјата.
Второ поле - националната финансиска состојба.
Трето поле - сообраќајот во земјата, транспортот и сите видови комуникации.
Четврто поле - интересите на земјата, но и опозицијата на владата.
Петто поле - школите, децата, образованието, театрите, концертните и спортските сали, сите места кои служат за забава.
Шесто поле - здравјето и физичката кондиција пред сè на работниците и војската.
Седмо поле - проблеми и односи со странските земји, судири и војни.
Осмо поле - степенот на смртност воопшто.
Деветто поле - судовите, свештенството, религијата, надворешната трговија, науката и филозофијата.
Десетто поле - го претставува владетелот на земјата (крал, претседател), владата или кралското семејство, националната репутација на државата.
Единаесетто поле - парламентот, војската, пријателите на народот и донесувањето на законите.
Дванаесетто поле - затвори, логори, болници, тајни организации, криминал, шпијони, тајни служби.

Користена литература[уреди | уреди извор]

Горан Милекиќ, „Мундана астрологија“, 1987, Белград.

Николас Кампион, „Книга за хороскопот на светот“, Аквариан Прес, Лондон, 1988.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Горан Милекиќ, „Мундана астрологија“, 1987, Белград, стр. 26-27.
  2. Горан Милекиќ, „Мундана астрологија“, 1987, Белград, стр. 27-29.