21 мај
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | мај | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | 3 | 4 | |||
| 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 |
| 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 |
| 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 |
| 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | |
21 мај е 141-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (142-и во престапна година). Во астрологијата - првиот цел ден на хороскопскиот знак близнаци. Остануваат 224 денови до крајот на годината.
Настани:
| 996 | Шеснаесетгодишниот Ото III е прогласен за Свет Римски цар. |
| 1871 | Француската војска ги нападнала бунтовниците на Париската комуна и ги совладала по еднонеделни улични борби во Париз. Околу 30.000 комунари биле убиени. |
| 1881 | Основан е Американскиот Црвен Крст од страна на Клара Бартон. |
| 1904 | Во Париз, основана е меѓународната фудбалска асоцијација ФИФА. |
| 1927 | Американскиот пилот Чарлс Линдберг летна со авион преку Атлантикот на пат долг 5.850 километри. По 33 часа и 29 минути, Линдберг слета во Париз и стана херој, за кого со голема возбуда зборуваше целиот свет. |
| 1932 | Прво прелетување на Атлантикот од страна на жена. (Амелија Ерхарт, која поради лошо време слетала во Ирска) |
| 1945 | Венчавка на американските актери Хемфри Богарт и Лорин Бекол. |
| 1956 | Американците ја исфрлија првата хидрогенска бомба во Пацификот. |
| 1992 | Владата на Република Македонија донесе одлука за формирање на Македонско прес-биро. |
| 2003 | Катастрофален земјотрес го погодува северен Алжир, убивајќи повеќе од 2,000 лица. |
| 2006 | На референдум во Црна Гора граѓаните се изјаснуваат за независност од СР Југославија.
|
Родени:
| 1471 | Албрехт Дирер, германски сликар и гравер. |
| 1527 | Филип II, шпански крал. |
| 1688 | Александар Поуп, англиски поет. |
| 1792 | Гистав - Гаспар де Кориолис, француски математичар. |
| 1921 | Андреј Сахаров, советски физичар, дисидент и нобеловец |
| 1923 | Васко Караџа, македонски писател. |
| 1968 | Јован Манасиевски, претседател на Либерално демократската партија. |
| 1986 | Кристијан Траш, германски фудбалер. |
| 1986 | Даниел Прањиќ, хрватски фудбалер. |
| 1988 | Адел, англиска пејачка. |
Починале:
| 1471 | Хенри VI, англиски крал. |
| 1903 | Парашкев Цветков, бугарски револуционер. |
| 1991 | Раџив Ганди, индиски премиер |
| 1998 | Манол Пандевски, македонски историчар. |
| 2002 | Слободан Мицковиќ, македонски есеист, критичар, романсиер и преведувач. |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |