Манол Пандевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Манол Пандевски
Портрет на Манол Пандевски, 1980 г.
Директор на
Институтот за национална историја
На должноста
1 април 1986 – 3 април 1987
Претходник Орде Иваноски
Наследник Владо Ивановски
Лични податоци
Роден(а) 3 септември 1925
с. Габрово (Струмичко), Кралство СХС
Починал(а) 21 мај 1998(1998-05-21) (возр. 72)
Скопје, Македонија Македонија
Установа Филозофски факултет во Скопје

Манол Пандевски (Габрово (Струмичко), 3 септември 1925Скопје, 21 мај 1998) — македонски историчар и академик.

Дипломирал (1954) и докторирал (1965) на Филозофскиот факултет во Скопје. Бил директор на Институтот за национална историја (19861987), дописен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1976, а редовен од 1981 година, главен уредник на проектот за повеќетомната историја на Македонија. Добитник е на многу високи награди, меѓу кои е и наградата „11 Октомври“ за животно дело.

Автор е на голем број статии и трудови. По повод неговото пензионирање, во 1987 година е објавен избор од научната дејност под наслов „Македонското ослободително дело во XIX и XX век“, во пет тома.

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • „Библиографија на трудовите на академикот Манол Пандевски“ (PDF). МАНУ.