Чарлс Линдберг

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Чарлс Линдберг
Charles Lindbergh
Col Charles Lindbergh.jpg
Чарлс Линдберг
Роден февруари 4, 1902(1902-02-04)
Детроит, Мичиген
Починал август 26, 1974(1974-08-26) (на 72 год.)
Kipahulu, Мауи, Хаваи
Занимање Aviator, author,
инвентор, истражувач,
активист
Награди Medal of Honor, Congressional Gold Medal, Пулицерова награда, Orteig Prize

Чарлс Линдберг (4 февруари 1902 - 26 август 1974 бил американски авијатичар кој на 20 и 21 мај во 1927 година со авионот Духот на Сент Луис го прелетал Атлантикот. Со тоа станува првиот човек кој го прелетува Атнантикот.

Полетал од Њујорк и се спуштил во Париз, прелетувајќи 5,836 km за 33 часа и 32 минути.[1]

Во доцните 1920-те и во почетокот на 1930-тите, Линдберг ја користел својата слава за да помогне во промоцијата на побрзиот развој комерцијална авијација во САД. Синот на Линдберг бил киднапиран во 1932 година од семејниот дом во Њу Џерси а подоцна бил и убиен. Весници што настан го нарекувале криминал на векот.[2] Бруно Хауптман човек кој бил осуден за киднапирањето, бил погубен на електричен стол. Ова киднапирање било повод за донесување на закон со кој киднапирањето е прогласено за криминал според федералните закони на САД.

Пред да влезат во САД во Втората светска војна Линдберг бил главен застапник за неучество на Америка во војната. Тој бил водач на антивоеното здружение Прво Америка (America First).[3] Тој сметал дека, како и многу други Американци од тоа време, дека американските сили ќе убедливо ќе го поразат Хитлер, но со тоа би ја напуштиле Европа на милост и немилост на Советскиот Сојуз, што би предизвикало уништување на Западната цивилизација. Изјавувал дека никако не може да се оправда прогонот на Евреите во Германија.

Тој изјавувал, дека ја разбира желбата на американските Евреите и на Британците за вовлекување на САД во војната, сметал дека тоа сепак не е во интерес на Америка. Предупредувал на големото еврејско влијание врз американските медиуми, филм, радио и во Владата. „Ние не можеме да ги обвиниме, што се грижат за тоа што тие веруваат дека е во нивен интерес, но ние исто така мора да се грижи за нашите интереси. Не смееме да дозволиме природните страсти и предрасуди на другите народи ја доведат нашата земја до пропаст.“ Овие негови зборови, многу се критикувани како анти-еврејските и анти-американски.[4] Линдберг бил обвинет и дека е симпатизер на нацистите. Тој лично верувал во супериорноста на нордиската раса. По влегувањето на Америка во војната лета во борбени мисии на бојното поле на Пацификот. По војната, тој се посветил на голем број на акции за заштита на животната средина.

Литература[уреди]

  1. Air Distances Between World Cities in Statute Miles
  2. Gill, Barbara. „Lindbergh kidnapping rocked the world 50 years ago“, „The Hunterdon County Democrat“ (конс. 30 декември 2008). „So while the world's attention was focused on Hopewell, from which the first press dispatches emanated about the kidnapping, the Democrat made sure its readers knew that the new home of Col. Charles A. Lindbergh and Anne Morrow Lindbergh was in East Amwell Township Hunterdon County.“
  3. Mosley, Leonard. Lindbergh: A Biography. New York: Doubleday and Company, 1976, p. 257. ISBN 0-395-09578-3.
  4. Jew-Baiting

Надворешни врски[уреди]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: