13 мај
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | мај | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | 3 | 4 | |||
| 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 |
| 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 |
| 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 |
| 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | |
13 мај е 133-иот ден во годината според григоријанскиот календар (134-и во престапна година). Остануваат 232 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1871 | Во Италија е донесен закон со кој на Светата Столица ѝ се дозволува да има седиште во Ватикан. |
| 1901 | Македонскиот драматург Војдан Чернодрински ја формира првата македонска театарска група „Скрб и утеха“. |
| 1961 | Преку ТВ Белград е емитувана првата телевизиска емисија од Студио Скопје, наречена „Балкански концерт“ која ја изведоа првенците на Балетот при македонскиот народен театар, Елпида Пакоска и Јован Пашти. |
| 1981 | Атентат врз папата Јован Павле II во Рим. Папата го преживеа атентатот. |
| 1990 | Крвава пресметка меѓу навивачите на загребски Динамо и белградска Црвена Звезда на стадионот Максимир во Загреб. |
| 2001 | Формирана е Владата на широката коалиција, во која учествуваат најзначајните политички субјекти ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДПА и ПДП со премиер Љубчо Георгиевски. |
Родени:
| 1655 | Папа Инокентие XIII, римски папа. |
| 1792 | Папа Пиј IX, римски папа. |
| 1795 | Павел Јозеф Шафарик, словачки и чешки филолог и етнограф. |
| 1840 | Алфонс Доде, француски писател. |
| 1842 | Артур Саливен, познат британски композитор и диригент. |
| 1882 | Жорж Брак, француски сликар. |
| 1934 | Алексо Лозановски, македонски поет и раскажувач. |
| 1941 | Ричи Валенс, американски пејач. |
| 1961 | Денис Родман, американски кошаркар. |
| 1973 | Мери Николова, македонски поет. |
| 1973 | Гордана Вренцоска, македонски графички и моден дизајнер. |
| 1982 | Огучи Ониеву, американски фудбалер. |
| 1986 | Александар Рибак, норвешки пејач. |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |