10 мај
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | мај | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | 3 | 4 | |||
| 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 |
| 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 |
| 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 |
| 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | |
10 мај е 130-иот ден во годината според григоријанскиот календар (131-и во престапна година). Остануваат 235 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1497 | Италијанскиот морепловец Америго Веспучи тргна на првото патување во новиот свет. Во текот на патувањето, вплови до бреговите на Хондурас и на Бразил и откри нов континент меѓу Европа и Азија, наречен по него Америка. |
| 1503 | Морепловецот Кристофер Колумбо прв ги забележува Кајманските Острови |
| 1877 | Романија прогласува независност од Отоманската империја |
| 1989 | Алпинистите Димитар Илиевски (35) од Битола, Виктор Грошељ (36) од Љубљана и Стипе Божиќ (37) од Сплит го освоија највисокиот врв на светот, Монт Еверест. Притоа загина Димитар Илиевски. |
Родени:
| 1731 | Виктор Луј, француски архитект, добитник на Римската награда. |
| 1876 | Иван Цанкар, словенечки писател, поет, раскажувач, драматург и публицист. |
| 1878 | Густав Штрасеман, германски канцелар |
| 1879 | Симон Петљура, украински политички деец. |
| 1899 | Фред Астер, американски филмски артист и танчер. |
| 1949 | Миучи Прада, италијанска модна креаторка. |
| 1957 | Џавит Асани, македонски политичар и поранешен член на ОНА. |
| 1960 | Боно, ирски пејач |
| 1966 | Џонатан Едвардс, англиски атлетичар |
| 1969 | Денис Бергкамп, холандски фудбалер |
| 1980 | Кирил Лазаров, македонски ракометар. |
| 1991 | Џанмарко Ѕигони, италијански фудбалер. |
Починале:
| 1509 | Катерина Сфроца, грофица од Форли. |
| 1774 | Луј XV, француски крал. |
| 1969 | Томо Смилјаниќ - Брадина, македонски и српски етнограф. |
| 1975 | Атанас Великов Атанасов, македонски борец. |
| 1977 | Џоана Крафорд, американска артистка. |
| 1989 | Димитар Илиевски - Мурато, македонски алпинист. |
| 1994 | Клинт Брукс, американски литературен критичар. |
| 2006 | Александар Зиновјев, руски философ, социолог, есеист и литературен сатиричар. |
| 2008 | Лејла Генчер, турска оперска пејачка. |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |