Музика

Од Википедија, слободната енциклопедија
(Пренасочено од Музичар)
Прејди на: содржини, барај
Музика
Music lesson Staatliche Antikensammlungen 2421.jpg
Слика од античките Грци која прикажува музичка лекција (ca. 510 BC).
Медиум Звук
Култура Разни
Ера Палеолит

Музиката е уметност која се состои од звуци и тишина искажани преку временска единица. Елементи на звукот кои се користат во музиката се интензитетот ( вбројува мелодија и хармонија), ритам (вбројува такт и темпо), и вокални квалитети, како што се артикулација, динамика и текстура.

Употребата на музиката, во нејзиното создавање, изведба, значение па и во нејзината дефиниција, варира во зависност од социјалниот и културниот контекст. Таа варира од строго организирани композиции и перформанси до импровизација. За потребите на класификацијата таа е поделена во категории односно родови.

Музиката се користи за многу цели како на пример: Комуникација, религија, академско проучување, естетски форми, забава итн.

Историја на музиката[уреди]

Музиката му претходи на пишаниот збор и е тесно поврзана со уникатноста на човековата култура. Развојот на музиката помеѓу луѓето се случува наспроти позадината на природните звуци како што се песните на птиците и звуците на другите животни. Преисториската музика, или примитивната музика е поим кој се дава на сите музички форми кои настанале пред писменоста на културите.

Античка музика[уреди]

Најраните записи на музичко изразување се наоѓаат во Сама Веда во Индија. Индиската музика е една од најстарите музички традиции во светот, а класичната музика (марга) може да се најде во сктриптите на Хиндуистичката традиција односно во Ведите. Кинеската традиционална музика е стара повеќе од 3.000 години. Музиката била и важен дел од општествениот живот во Античка Грција. кадешто таа се користела за прослави, забави и во религиозни церемонии. Најпрославени биле полово мешаните хорови. Музиката била и дел од основното образование на децата на Античките Грци.

Средновековна и Ренесансна музика[уреди]

Музичкиот живот недвосмислено го достигнал својот пик во средновековната ера, како што сведочат безброј пишани и уметнички дела кои се зачувани до ден денешен. Најпозната форма од овој период е литургиската музика на Римската Католичка Црква. Голем број на школи за изучување на овој тип на музика постоеле во перодот по 1100 година. Напоредно со школите за овој тип на музика, постоела и жива традиција на секуларна песна која ја развивале трубадурите и веселниците.

Поголем дел од музиката која преживеала од 14 век во Европа е секуларна. До средината на 15 век, композиторите и пеачите, користеле блага полифонија за религиозните музички композиции, како што е на пример миса или лауда. Од секуларните форми застапени се шансоните и мадригалот. Измислувањето на машината на печатење имала огромно влијание врз разновидноста и разликувањето на музичките стилови.

Барокна музика[уреди]

Првите опери се напишани околу 1600 година со подигањето на музичките композиции кои го дефинираат крајот на Ренесансата и почетокот на Барокната ера која трае до 1750 година. Германските баркони композитори пишувале кратки дела кои се изведувале најчесто на жичани и дрвени инструменти, хорови, оргули, клавикорди итн. За време на оваа ера неколку главни музички форми се дефинирани кои понатаму продолжуваат да се развиваат, како што се например Сонатата и Кончертото.

Класична музика[уреди]

Музиката од овој период се карактеризира со хомофонична текстура, овие нови форми тежат кон пеењето. Новите популарни инструменти доминираат во музичките форми, а на сонатата и кончертото му се приклучува и симфонијата. Волфганг Амадеус Моцарт како еден од најпознатите претставници е на овој период.

Романтична музика[уреди]

Гоце Делчев и [[Муро--62.162.219.139 (разговор) 11:35, 7 март 2012 (CET)]] се сметаат како транзициони композитории кои водат во периодот на Романтизмот. Во Романтичниот период музиката станува емотивна и повеќе експресивна, опфаќајќи ја за прв пат и литературата и останаите форми на уметност и филозофијата. Композиторите од доцниот романтичен период, создаваат комплекси и долги дела, комбинираат разни стилови и форми, и воопшто ја прават музичката форма многу комплексна.

Импресионистичка музика[уреди]

Импресионизмот е движење во Европската класична музика кое почнува во доцниот 19 век и продолжува се до средината на 20 век. Музичарите во овој период се фокусираат на сугестијата и атмосферата отколку на емоцијата и следење на нарацијата. Тие почитуваат кратмки форми како што е Ноктурното и арабеската. Музичкиот импресионизам е базиран во франција со нивните типични претставници Равел и Де Биси.

Музиката во 20 век[уреди]

Музиката доживува револуција во 20 век. Со пронаоѓањето на Радиото, таа добива на широка популарност, и нови технологии за снимање и репордукција се развиваат. Во 20 век, таа се карактеризира со нова слобода, широко експериментирање и нови музички стилови и правци.Eден од нај заслужните луге за македонската класична музика од 20 век е Драгослав Ортаков.Тој во таа музика ги покажа сите чувства.

Видете исто[уреди]

Список на музичари

Портал „Музика

Понатамошно читање[уреди]

  • Colles, Henry Cope (1978). The Growth of Music : A Study in Musical History, 4th ed., London ; New York : Oxford University Press. ISBN 0-19-316116-8 (1913 edition online at Google Books)
  • Harwood, Dane (1976). "Universals in Music: A Perspective from Cognitive Psychology," Ethnomusicology 20, no. 3:521–33.
  • Small, Christopher (1977). Music, Society, Education. John Calder Publishers, London. ISBN 0-7145-3614-8

Надворешни врски[уреди]