30 мај
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | мај | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | 3 | 4 | |||
| 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 |
| 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 |
| 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 |
| 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | |
30 мај е 150-иот ден во годината според григоријанскиот календар (151-и во престапна година). Остануваат 215 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1498 | Кристофер Колумбо, шпански морепловец со Италијанско потекло со шест бродови исплови од шпанското пристаниште Санлукар на третото патување во новиот свет, за време на кое ги откри Тринидад и брегот на Јужна Америка. |
| 1973 | Западна Германија и Чехословачка постигнаа Договор за нормализација на односите, ставајќи крај на 32-годишните несогласувања меѓу двете земји. |
| 1981 | Во Бангладеш во обидот за државен удар, убиен е претседателот Аиаур Рахман. |
| 1998 | Во земјотресот, што ја зафати северната авганистанска провинција Тахар, загинаа најмалку три илјади лица. |
Родени:
| 1220 | Александар Невски, голем принц на Новгород и Владимир и руски светец. |
| 1845 | Амадеј I, крал на Шпанија. |
| 1876 | Владимир Назор, хрватски писател. |
| 1896 | Хауард Хокс, американски филмски режисер. |
| 1922 | Александар Матковски, прв доктор на историски науки од Македонија и прв историчар ориенталист. |
| 1928 | Густав Леонхарт, холандски клавијатурист и диригент, истакнат деец во областа на автентичната музичка изведба |
| 1932 | Хозе Мело, филипински правник. |
| 1934 | Алексеј Леонов, советски космонаут. |
| 1936 | Димитар Димитров, македонски поет. |
| 1937 | Љубиша Георгиевски, македонски политичар и филмски режисер. |
| 1949 | Симјон Симев, македонски поет. |
| 1950 | Саво Костадиновски, македонски поет. |
| 1950 | Бертранд Делано, градоначалник на Париз. |
| 1951 | Здравко Чолиќ, босанско-српски поп-пејач. |
| 1964 | Венко Андоновски, македонски писател. |
| 1973 | Лариса Косорукова, израелска кануиста-спринтер. |
| 1974 | Николина Кујача, македонска актерка. |
| 1981 | Девендра Банхарт, фолк рок пејач-текстописец и музичар. |
Починале:
| 1431 | Јованка Орлеанка (Жан Д' Арк), француска национална хероина од Стогодишната војна (1337 - 1453.). |
| 1574 | Шарл IX, француски крал. |
| 1594 | Балинт Балаши, ренесансен лирски поет, основач на модерната унгарска лирика. |
| 1640 | Петар Паул Рубенс, фламански сликар. |
| 1744 | Александар Поуп, англиски поет. |
| 1778 | Франсоа Волтер, француски писател, историчар и филозоф. |
| 1905 | Боривоје Јовановиќ-Брана, војвода на Српскиот комитет на четничката акција. |
| 1918 | Георгиј Валентинович Плеханов, руски филозоф, политичар, историчар, критичар, естетичар и социолог. |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |