22 мај

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Шаблон:Мај 2014 22 мај е 142-иот ден во годината според григоријанскиот календар (143-и во престапна година). Остануваат 223 денови до крајот на годината.

Настани:

1819  Парниот брод „Савана“, изграден во Џорџија, САД, пристигна во Ливерпул, во Велика Британија. Ова е првиот параброд кој за само 25 дена го препловил Атлантикот.
1918  Германските воени авиони го бомбардираа Париз. Во историјата, тоа беше прво авионско бомбардирање на еден град.
1947  Хари Труман потпишал акт со кој на Грција и се дава воена и економска помош за борбата против комунизмот. Оваа помош овозможила пресврт во граѓанската војна во Грција, и како резултат на тоа, егзодус на македонците од северна Грција.
1972  Цејлон го доби називот Шри Ланка. Овој ден се прославува како национален празник на Шри Ланка.
2012  Отворена за јавноста радиодифузната кула „Токиско небесно дрво“, втора највисока градба во светот.

Родени:

1813  Рихард Вагнер — германски композитор, реформатор на операта и централна личност во нејзиниот развој во втората половина на 19 век.
1946  Владимир Ангеловски — македонски актер.
1977  Жан Кристоф Перо — француски велосипедист.
1987  Новак Ѓоковиќ — истакнат српски тенисер, меѓу најдобрите во светот.

Починале:

1564  Жан Калвин, верски реформатор, основач на калвинистичката протестантска црква.
1885  Виктор Иго, француски писател, основач на францускиот романтизам во 19 век.

Празници:

Национален празник на Шри Ланка.
јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември