29 мај

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
<< мај >>
Н П В С Ч П С
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31

29 мај е 149-иот ден во годината според григоријанскиот календар (150-и во престапна година). Остануваат 216 денови до крајот на годината.

Настани:

1453  Турскиот султан Мехмед II успева по скоро двомесечна опсада да го освои Константинопол, по што градот претрпел уште едно пљачкосување и разурнување.
1953  Сер Едмунд Хилари и шерпасот Тенсинг Норкај први во историјата на човештвото се искачија на највисокиот врв на земјата, „покривот на светот“ Монт Еверест, висок 8.848 метри.
1996  Република Македонија во Хелсинки и формално пристапи кон Завршниот документ на Конференцијата за европска безбедност и соработка.
1996  Во Будимпешта, Република Македонија е примена за рамноправна членка на Европската конференција за транспорт - ЦЕМТ.

Родени:

1439  Папа Пиј III, римски папа.
1917  Џон Кенеди, претседател на САД.
1923  Олга Спиридоновиќ, една од најпознатите театарски и филмски актерки во поранешна Југославија.
1927  Димитрие Османли, македонски дипломиран филмски и театарски режисер.
1934  Есад Бајрам, македонски поет.
1940  Таихо Коки, јапонски сумо борач.
1965  Саша Митрев, македонски професор.
1970  Роберто Ди Матео, италјански фудбалер и сегашен менаџер.
1971  Зоран Витанов, македонски политичар и економист.
1971  Габриела Конеска Трајковска, вицепремиер на Македонија.
1977  Масимо Амброзини, италијански фудбалер.
1980  Антон Рјаков, узбекистански русин кану-спринтер.
1981  Андреј Аршавин, руски фудбалер.

Починале:

1453  Константин XI Палеолог - Последниот римски (византиски) император. Легендата вели дека кога османлиите влегле во Константинопол, еден ангел го спасил императорот и го сместил во пештера под Златната порта, каде тој ќе чека да биде вратен во живот кога Константинопол повторно ќе стане христијански град.
1982  Роми Шнајдер, австриска филмска артистка.


јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември