Мехмед II
| Мехмед II | |
| Султан на Отоманската империја | |
| Роден | 30 март 1432 Едрене, Отоманска империја |
|---|---|
| Починал | 3 мај 1481 Арабија |
Мехмед II (отомански турски: محمد الثانى Meḥmed-i sānī, модерен турски: II. Mehmet), исто така познат и како „Освојувачот“ (отомански турски: الفاتح el-Fatih, модерен турски: Fatih Sultan Mehmet) бил седмиот султан на Отоманската империја. Управувал во периодите 1444-1446 и 1451-1481 година.
Содржина |
[уреди] Рани години
Мехмед II бил син на Мурат II (1403-1451), првично не бил подготвуван од неговиот татко за преземање на престолот. Тој бил трет син и за разлика од неговите браќа родени од благороднички - турски жени, тој бил син на робинка, како што е познато, христијанка со грчко или со албанско потекло. По смртта на своите постари браќа-наследници, Мехмет бил побаран од страна на неговиот татко, кој наредил на момчето да му се даде образование[1]. Во 1444 тој го направил Мехмед султан.
Во 1448 Мехмед учествувал во сите значајни кампањи и административни активности. За време на престојот во Магнезија се вљубил во заробеничка - христијанка, на која и го дале турското име Ѓулбахар. Тој ја зел за жена и таа му родила син-наследник, Бајазит II. Но, Мурат ја сметал за недостојна сопругата на Мехмет како идна сопруга на султан, и го принудил да се ожени за турчинка од благороден род- Сит Ханум, која што Мехмет толку ја мразел што подоцна не ја зел ни во својот харем во Константинопол.
[уреди] Застанување на престолот
Кога во февруари 1451 Мурат II починал во Адријанопол, Мехмед од Мала Азија, веднаш отишол таму, попатно решавајќи ги своите различни проблеми што произлегувале во врска со трансферот на власта. На негова наредба бил убиен последниот малолетен син на Мурат II (тоа веќе било пракса кај Османлиите, но со Мехмед било формализирано во закон). Мехмед II, како и голем број истакнати претставници на Отоманската династија, бил непредвидлив, таинствен човек, кој водел храбра и контроверзна политика. Благодарение на европските портрети (меѓу нив и од познатиот автор Џентиле Белини) може да се суди за него според надворешниот изглед.
Иако со низок раст, тој предизвикувал многу силен впечаток врз околината. Особено карактеристичен бил неговиот крив и кукаст нос, кој во подоцнежните години, според современиците, му давал сличност со папагал. Првите чекори, кој ги спровел султанот, сведочеле за обидите да се воспостави траен мир во регионот. Ова гледиште се наметнува од многуте амбасади на западноевропските земји, кои биле отворени за насочување кон воспоставување на директни контакти меѓу христијанските земји на Медитеранот и новиот турски владетел.
[уреди] Владеење
Мехмед II го обновил мировниот договор со Венецијанската република, на три години склопил примирје со Јанош Хунјади, витешкиот ред на Родос, господин Ревалахии и други владетели добиле уверување во врска со можноста за иден мир. Пред посланиците на императорот Константин IX, султанот се заколнал на Куранот дека нема да претендира на владенијата на империјата на Константинопол, уверувајќи дека ќе продолжи да плаќа пари на дворот на Константинопол, поради заложениот во Константинопол Орхан (внук на Бајазит и претендент за тронот). Но парите не биле платени, и како одговор на барањата на Византија со скриени закани дека ќе се постави на престолот Орхан, мирниот став се претворил во подготовки за воена акција. Султанот почнал отворено да се подготвува за опсадата на Константинопол, во април-мај 1453.
Првата акциjа на султанот бил трансферот на капитал од Адријанопол во Константинопол, и активното доселување на турско население во градот. Султанот, настапувајќи како римски „василевс„, го превзел на себе целокупното раководство над источното христијанство, и за директно управување на бројните христијански заедници бил назначен нов патријарх - Генадиј. Во империјата се охрабрувала верска толеранција. Во 1476 Мехмед II издал пакет на закони во кои со детали се регулирале правата и обврските на администрацијата, свештенството, односот кон другите вери и многу други моменти.
Решавајќи ги внатрешните работи по освојување на новата престолнина, Мехмед II активно ја продолжил својата агресивна политика. Во 1480 со своите сили нападнал во јужниот дел на Италија, каде што го уништил градот Отранто.
[уреди] Успеси на Мехмед II
- Од август 1452 година Константинопол бил под опсада. Другите градови од Византија и Балканот веќе биле заземени. На 29 мај 1453 г. Мехмед II го зазел и самиот Константинопол.
- На 10 ноември 1444 година тој ги разбил крстоносците на Владислав ІІІ покрај Варна.
- Воена кампања на Балканите против Унгарците на Косово (1448) и Албанците (1450).
[уреди] Наводи
- ↑ ^ الشقائق النعمانية في علماء الدولة العثمانية، صفحة 52 نقلاً عن تاريخ الدولة العثمانية، صفحة 43
|
|||||||||||||||||||