Закинтос (грчки: Ζάκυνθος ([ˈzacinθos] (помош·инфо)), италијански: Zante) е трет по големина од седумте најголеми Јонски острови. Лежи во јужниот дел на Јонското море, кое е дел од Средоземното море. Има површина од 410 km², а должината на крајбрежјето е околу 123 km. Островот е именуван по Закинтос, синот на легендарниот аркадиски шеф Дарданус. Името, како сите слични имиња кои завршуваат на -нтос, е предмикенско или пелазгиско по потекло. Закинтос има многу развиен туристички сектор.
[уреди] Население
- 1900: 42.000
- 1981: 30.011
- 1991: 32.556 (островот), 13.000 (градот)
- 2001: 38.596
[уреди] Галерија
-
Oстровот Св. Спас, Закинтос.
-
Пристаништето во Закинтос.
-
Навагио, една од најпознатите плажи на Закинтос.
-
Шаблон:Префектури на Грција 37°48′N 20°45′E / 37.8°N 20.75°E / 37.8; 20.75