14 јули

Од Википедија — слободната енциклопедија

Предлошка:Јули 2024

14 јули — 195-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (196-и во престапна година). Остануваат 170 денови до крајот на годината.

Настани:

1469  Изградена џамијата „Кебир Мехмед Челеби“ во Скопје и наречена по нејзиниот ктитор, син на Исхак-бег и внук на завојувачот на градот, Јигит-паша.
1789  Граѓаните на Париз го освоија злогласниот затвор Бастилја и ги ослободија затворениците, со што почна Француската револуција. Овој ден се слави како национален празник на Франција.
1867  Алфред Нобел, шведскиот иноватор, кај англискиот град Редхил за првпат го демонстрира разорното дејство на неговиот најнов изум — динамитот.
1933  Националсоцијалистите во Германија, кои во јануари на чело со Адолф Хитлер доаѓаат на власт, ги забрануваат сите опозициски партии.
1999  17 години по завршувањето на Фолкландската војна меѓу Аргентина и Велика Британија, обновена е воздушната линија меѓу Аргентина и овој архипелаг во Атлантикот.
2006  Љубчо Георгиевски, поранешен премиер на Република Македонија и поранешен водач на ВМРО-ДПМНЕ наводно стана бугарски државјанин. Оваа постапка, која до денес не е потврдена од никого, предизвика бројни полемики во Република Македонија околу неговата вистинска улога во политичкиот живот на земјата во претходните 15 години.

Родени:

1743  Гаврила Романович Державинруски класицистички поет.
1801  Јоханес Петер Милер — германски физиолог, анатом, ихтиолог и херпетолог.
1817  Мадам де Сталфранцуска писателка, основоположник на францускиот романтизам.
1862  Густав Климтавстриски сликар-симболист.
1904  Исак Башевис Сингерамерикански писател и Нобелов лауреат.
1910  Вилијам Хана — американски аниматор, продуцент и режисер на цртани филмови.
1918  Ингмар Бергманшведски филмски и театарски режисер и сценарист.
1919  Лино Вентура — италијанско-француски глумец.
1942  Хавиер Соланашпански политичар.
1945  Владимир Светиев — македонски глумец.
1946  Кирил Дојчиновски — македонски и југословенски фудбалер.
1966  Тања Донели — американска рок-музичарка.
1971  Хауард Веб — англиски фудбалски судија.
1985  Јанко Божовиќ — австриски ракометар.
1990  Џејмс Нанали — американски кошаркар.
1995  Серж Гнабри — германски фудбалер.
1997  Џенгиз Унгер — турски фудбалер.

Починале:

1223  Филип II Августфранцуски крал.
1887  Алфред Крупгермански индустријалец и производител на оружје.
1939  Алфонс Муха — чешки сликар и илустратор, основоположник на стилот арт нуво.
1944  Благој Јанков - Мучетонароден херој на Македонија.
1968  Константин Паустовски — руски и советски писател.
1971  Мак Диздар — босански и југословенски поет.
1998  Ричард Мекдоналд — основач на најголемиот ланец на ресторани во светот — „Мекдоналдс“.