Ибрахим I

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ибрахим I
Ibrahim I.jpg
Султан на Отоманската империја
Роден 5 ноември 1615
Истанбул, Отоманската империја
Починал 12 август 1648
Истанбул, Отоманската империја

Ибрахим І бил осумнаесетиот султан на Отоманската империја. Тој бил најмалиот син на Ахмед I и Косем султан, која имала грчко потекло</ref>[1][2], која го спасила за да не биде убиен. Ибрахим пораснал во постојанене страв да не биде убиен од страна на своите браќа.

На отоманскиот престол се качил во 1640 и владеел со Отоманската Империја до 1648 година.

Владеење[уреди]

Набргу по стапувањето на престолот на Ибрахим биле испратени пратеници во Франција, Англија и Холандија со предлози за мир под услов да не им се дава помош на Полјаците. Биле обновени мировните договори со Полска и Венеција. Османлиите продреле во Австрија односно во Долна Штаерска, го зазеле селото Виштица и на тамошното население им наметнало данок. Дошло до нови преговори за мир. Мирот бил договорен во Сена на 19 март 1642 година. Било договорено Австријците да им исплаќаат на Османлиите по 200000 талири годишно.

Во 1642 год. Османлиите превзеле поход за освојување на Азов. По три месечна опсада Турците се повлекле. Бил сменет капуданпашата Сијавуш, а на негово место дошол Дуг Пијалеу. Дошло до нова побуна која предизвикала пад на великиот везир. Кусеин паша ги казнил водачите на побуната. Во 1645 год. избувнала војна со Венеција. Главен повод за војната било истоварувањето на еден Малтешки брод на јужниот критски брег. Главен потикнувач на оваа војна бил капуданпашата Јусуф. Гоелама турска војска тргнала од Цариград кон Крит. Кон крајот на јуни 1645 година Крит бил освоен од Османлиите. Во 1646 год. венецијански брод испловил на Крит и успеал да зароби 5000 луѓе. Како одговор на ова султанот Ибрахим наредил да се убијат сите христијани на островот. Муфтијата Ебусаид му кажал дека на островот живеат 200000 Грци и Ерменци и успеал да го наговори султанот да се откаже од убивањето.

Во 1646 год. Хусеин паша го опседнал градот Ретим и успеал да го освои. Во 1647 бил опседнат и градот Кандија. Потоа биле нападнат Патрас, Нов Град во Далмација и Шибеник кој не успеале да го освојат. Во 1648 год избувнала нова побуна во провинциите. Империјата била загрозена од Козаците и Венецијанците кои ги блокираат Дарданелите. Тоа предизвикало нова побуна на јаничарите и спахиите кои во 1648 година го убиле султанот Ибрахим I. На негово место дошол неговиот малолетен син Мехмед IV наречен ловец кој владеел од 1648 до 1687 год.

Личен живот[уреди]

Тоа бил слаб, безрбетен, но насилен човек, несовесен трошач на касата за да ги задоволи своите љубовници, кои оделе со него секаде, дури и во јавните бањи. Неговиот голем визер Кара Мустафа ги предводел реформите во финансиската администрација на земјата, на кој начин му овозможил на султанот раскошен живот во својата палата, и покрај тоа што истото и претходно го поседувал. Неговата мајка се трудила да младиот султан биде постојано забавуван од страна на харемските дами. Кога султанот ќе слушнал дека некоја од служителките во палатата имала било каков однос со некој од дворјаните, тој наредувал да 200 жени од харемот бидат удавени во вода.

Наводи[уреди]

  1. Sonyel, Salâhi Ramadan (1993). „Minorities and the destruction of the Ottoman Empire“. Turkish Historical Society Printing House. стр. 61. ISBN 975160544X. „Many of these ladies of the harem were non-Muslim, for example Sultana Kosem (Anastasia), of Greek origin, who was the wife of Ahmet I (1603-17), and the mother of Murat IV (1623-40), and of Ibrahim I (1640-8)“ 
  2. al-Ayvansarayî, Hafiz Hüseyin  ; Crane, Howard (2000). „The garden of the mosques : Hafiz Hüseyin al-Ayvansarayî's guide to the Muslim monuments of Ottoman Istanbul“. Brill. стр. 21. ISBN 9004112421. „Kosem Valide Mahpeyker, known also simply as Kosem Sultan (c. 1589-1651), consort of Sultan Ahmed I and mother of Murad IV and Ibrahim I. Greek by birth, she exercised a decisive influence in the Ottoman state“