Мехмед V

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Мехмед V
Sultan Mehmed V.jpg
Султан на Отоманската империја
Роден 2 ноември 1844
Истанбул, Отоманска империја
Починал 3 јули 1918
Сан Ремо, Италија

Мехмед V Решад (турски: Mehmed V Reşad или Reşat Mehmet) (2 ноември, 18443 јули, 1918) бил 35-тиот отомански султан.[1] Бил син на султанот Абдулмеџид. Како и многу други потенцијални наследници, тој бил затворен цели 30 години во харемите во царскиот сарај. Девет оди тие години тој бил чуван сосема сам. За ова време тој изучувал поезија во стар персиски стил и самиот бил почитуван поет.

Почнал да владее на 27 април, 1909 но немал вистинска политичка моќ. Фактичките решенија и заклучоци ги донесувале разни владини функционери, а на крајот, за време на Првата Светска војна, решавале трите паши: Енвер Паша, Талат Паша, и Џемал Паша.

Единственото политичко дело од значење на Мехмед V била формалната објава на џихад против Антантата во ноември 1914. Ова била последната вистинска објава на џихад во историјата, бидејќи Калифатот постоел до 1924. Објавата немала некаков приметлив ефект врз војната, и покрај фактот што во отоманските територии живееле многу муслимани. Подоцна арапите им се придружиле на британците против турците со т.н. Арапска буна во 1916 год.

Мехмед V бил домаќин на кајзерот Вилхелм II, неговиот сојузник, во Истанбул на 15 октомври, 1917.

Починал на 3 јули, 1918 на возраст од 73 години. Тој го провел речиси сет свој живот во Долмабахче сарајот и Јилдиз сарајот во Истанбул. Гробот му се наоѓа во историскиот дел на истанбул Ејуп. Имал два сина: принц Мехмед Зијаедин (1873-1938) и принц Омер Хилми (1888-1935).

[уреди] Слики

Неговата посета на Македонија во 1911 год. е овековечена во два кратки документарни филма од браќата Манаки:

[уреди] Наводи

  1. The Encyclopaedia Britannica, Vol.7, 3; "Constantinople, the capital of the Turkish Empire..".

[уреди] Надворешни врски


Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици