Ејуп
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (август 2010) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Ејуп, Истанбул | |
| Информации | |
| Провинција | Истанбул |
| Ареа | 242 km² |
| Население (2000) | 255,921 |
| Координати | 41°02′52.61″N 28°56′01.63″E |
| Градоначалник | Ахмет Генч |
| Интернет страна | Општина Ејуп |
| Интернет страна | Ејуп |
Ејуп е општина која се наоѓа во Истанбул, Турција. Таа се протега од Златниот Рог сè до брегот на Црното Море. Ејуп во текот на историјата била исклучително важна област, посебно во времето на Османлиите.
Иако оваа област се наоѓа надвор од цариградските ѕидини, сепак низ неа поминувале две реки од кои жителите на ова тогашно село се снабдувале со вода. Во времето на Византија, во селото имало црква и манастир, кои биле изградени зад денешната Ејуп Султан џамија.
Името Ејуп доаѓа од Ејуп Ајуб Абу ал-Ансари, следбеник на пророкот Мухамед. Тој со својата армија дошол во Константинопол за време на првата арапска опсада на градот. Во битката, тој бил убиен. Негова желба, според преданието, било тој да почива на тоа место. По седум векови, односно кога градот паднал во рацете на Османлиите, тој свечено бил погребан во Ејуп султан џамија.
Од тој момент па понатаму, Ејуп станало свето место. Во оваа општина биле изградени поголем број на џамии, фонтани, училишта и.т.н.
Галерија [уреди]
-
Street in Eyüp.jpg
Sultan's road, reserved for the sword-girding ceremony on the first day of his sultanate
Наводи [уреди]
Türkmenoğlu, Şener. Eyüp Bir Semt'e Gönül Ver. ABC Kitabevi, 2005.
Надворешни врски [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Eyüp“ |
|
|||||