Абдул Азис

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Абдул Азис
Abdul-aziz.jpg
Султан на Отоманската империја
Роден 8 февруари 1830
Константинопол, Отоманската империја
Починал 4 јуни 1876
Константинопол, Отоманската империја


Абдул Азис (арапски: عبد العزيز) бил триесетивториот султан на Отоманската империја. Татко му бил султан Махмуд II, а мајка Пертевниjaл валиде султан. Уште пред да дојде на тронот во 1857 година му се родил син Јусуф Изедин. Абдул Азис е наследник на брата си Абдул Меџид на 25 јуни 1861 година. Во 1867 г. патувал до Франција, Велика Британија и Австро-Унгарија, а во 1869 година присуствувал на oтварањето на Суецкиот канал. Бил сменет од тронот на 30 мај 1876 година најмногу поради неуспех во своето владеење и поради неуспехот во востанието во Бугарија и убиството на конзулите во Солун. Негов наследник бил Мурат V.[1] За време неговото владеење во 1867 година биле изгубени многу градови од страна на кнез Михаил, во 1862 година започнала црногорско-турската војна, 1875-1876 година започнале востанијата во Босна, Херцеговина и Бугарија.

До ден денеска се уште не е познато дали овој султан се самоубил или бил убиен шест дена откако бил сменет од врвот на империјата, односно 4 јуни 1876 година.

[уреди] Наводи

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици